Дневен хороскоп за 20. април 2020 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 20. април 2020 година

Дневен хороскоп за понеделник, 20. април 2020 година.

Дневен хороскоп за 20. април 2020 година

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Веројатно ќе покажете доза на несигурност , што малку ќе ја обесхрабри дугата страна.Потрудете се да верувате во она што го доживувате.

Кариера

веројатен е трошок на кој не сте сметале ниту вие ниту вашите соработници. Ќе надоместувате за да се снајдете во моментот.

Здравје и совет

Штедете го грлото и гласните жици.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Кога ќе ви се пристори дека сте тргнале чекор напред , нешто ве враќа наназад. Така е тоа кога се брзате и работите површно. Бидете поискрени.

Кариера

Не се грижете поради трошоците , туку обидете се да работите напорно и без многу размислувања.Резултатите ќе дојдат подоцна.

Здравје и совет

Ви недостига трпение.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Во сексуалните прашања ќе имате мало двоумење околу стилот.Секој сака да ужива на свој начин.

Кариера

Некој би можел да ви пререче дека на работа трошите на неважни ситници. Ќе ги аргументирате своите издатоци.

Здравје и совет

Редовно опуштајте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе прифатите мало малтретирање од саканата личност , на која повторно ќе и кажете колку ви значи. Тоа ќе биде добар вовед во убава љубовна приказна.

Кариера

Ќе знаете како да ги насочите и оние соработници кои не се многу вредни. Со личен пример ќе ги мотивирате на работа.

Здравје и совет

Немате грижи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што ќе се случува денеска ќе ви носи само немир , фрустрации и нови прашања. Обидете се да останете мирни и трпеливи.

Кариера

Пред вас е ден полн со предизвици , во кој ќе мора да разграничите што сакаат шефовите , кои се целите , кој е пријател , а кој непријател.

Здравје и совет

Останете будни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Освен што и натаму не ви цветаат рози во љубовта, денешниот ден би можел да ви донесе и некои семејни нестабилности.

Кариера

Ќе бидете распнати меѓу желбите и можностите . Ваше е да најдете златна средина и да се прилагодите на позитивен начин.

Здравје и совет

Немир и незадоволство.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можно е дека со саканата личност ќе разговарате за дестинација на која сакате да отпатувате. Сеуште нема да се договорите.

Кариера

Во вашата работа ќе се вклучат нови луѓе , со кои ќе мора да научите да комуницирате. Ќе има мали несогласувања.

Здравје и совет

Некој нема да ви се допадне .

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Усогласувањето на ставовите со саканата личност , веројатно ќе потрае и денеска. Ќе употребите хумор.

Кариера

Вашиот работен ден ќе биде доста шарен. Ќе работите се и сешто и ќе ве има на повеќе места. Динамичен ден.

Здравје и совет

Легнете да спиете на време.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да споите пријатно со корисно. Саканата личност ќе ја поврзете со поширок круг луѓе со кои и деловно переговарате.

Кариера

Договорите ќе се одвиваат по системот,,тргни-застани” , но нема да ви претставува тешкотија. Ќе работите со желба и без застој.

Здравје и совет

И натаму сте одлично.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можело да има застој во односите , зашто зборовите ќе ви бидат премногу љубезни. Внимавајте да не ве прогласат за слаткоречив.

Кариера

Вашите деловни амбиции се големи , но такви се и можностите. Денеска внимавајте да не паднете во стапицата на самодопадливост.

Здравје и совет

Вежбајте.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Оние кои сонуваат , мора да се симнат на земја. Саканата личност во тоа ќе им помогне , а тогаш ќе увидат дека тоа е здраво.

Кариера

Ќе дојде до израз нерационално трошење пари , а вие сето тоа ќе мора да го оправдате и да го решавате.

Здравје и совет

Бидете што е можно поразумни.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Партнерот ќе има свои желби и барања , кои во прв момент ќе ви изгледаат неразумни , но набргу ќес е снајдете.

Кариера

Ќе има преоден несклад со соработниците , зашто некои од нив ќе покажат нестабилност.Но , долгорочно се се одвива одлично.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ подготви посебен статус за Канада- Германија го блокира планот

Германија го блокираше планот за доделување статус на придружна членка на Канада во Европската Унија.

ЕУ подготви посебен статус за Канада- Германија го блокира планот

Наместо тоа, се очекува на северноамериканската земја да ѝ бидат ветени „уште поблиски врски“ со блокот на самитот подоцна оваа недела, според нацрт-изјавата што ја видел „Телеграф“.

Урсула фон дер Лајен, претседателката на Европската комисија, првично ја изнесе идејата за „придружно членство“ за Канада за време на нејзиното годишно обраќање за состојбата на Унијата.

Понудата на највисокиот функционер на ЕУ беше исполнета со малку детали, оставајќи ги земјите-членки збунети околу тоа што всушност би подразбирал таков статус.

Во серија состаноци зад затворени врати, претставниците на 27-те земји-членки на ЕУ почнаа да го разработуваат предлогот на фон дер Лајен пред планираното соопштение на состаноците во Монтреал во четврток и петок.

Во претходната верзија на изјавата се вели дека ЕУ и Канада ќе работат заедно за да го дефинираат концептот на „придружено членство“ пред следниот самит на двете страни во 2027 година.

Сепак, најновата верзија на изјавата не оди толку далеку, наведувајќи:

„Ќе работиме на дефинирање на концепт за сè поблиска асоцијација на Канада со ЕУ, под нивото на полноправно членство, до самитот ЕУ-Канада во 2027 година“, се вели во изјавата.

За Германија, тоа беше лично

Се вели дека Германија била главната движечка сила зад промената на предлогот, бидејќи нејзината слична иницијатива за Украина претходно беше отфрлена од земјите-членки.

„Фридрих Мерц предложи придружно членство за Украина, но идејата веднаш пропадна. Мислам дека тоа беше лично за нив“, изјави еден дипломат од ЕУ за „Телеграф“.

Франција, Грција и Италија, исто така, изразија резерви во врска со проширувањето на таквата понуда на Канада.

Сепак, иако формулацијата е омекната, амбициите за партнерството ЕУ-Отава не се намалени.

Соработката ќе ги опфати одбраната, безбедноста, критичните суровини, енергијата и финансиските услуги, со цел да се создаде она што ЕУ го опишува како „област на споделен просперитет и економска безбедност“.

Многу европски лидери позитивно го оценија Марк Карни, канадскиот премиер, откако тој одржа говор на самитот во Давос во кој ги повика светските „средни сили“ да се обединат и да се заштитат од непредвидливи моќници како што се Доналд Трамп, Владимир Путин и Си Џинпинг.

Европските претставници кои работат на обнова на односите со Велика Британија веруваат дека голем дел од изјавата за Канада би можела да се искористи и за самитот Лондон-Брисел кон крајот на ноември.

Претставниците на Европската комисија, која ги води преговорите за Брегзит во име на ЕУ, сега веруваат дека секоја дарежлива, но нејасна понуда до Канада би можела да послужи како „стратешка предност“ за извлекување отстапки од Велика Британија.

Сè повеќе се верува дека навестувањата на британскиот премиер Енди Бернам за можно враќање во ЕУ се резултат на загриженоста на британските власти дека Канада би можела да добие економски поволни услови што нема да му бидат понудени на Обединетото Кралство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 година

Цената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 година, кога Европа се соочи со енергетска криза по почетокот на војната во Украина. 

Цената на природниот гас во Европа надмина 100 евра за мегават-час, првпат од 2022 година

Во услови на раст на цените на енергенсите, ЕСМ преговара за подолгорочно снабдување со гас по поконкурентни цени, вели министерката за енергетика Сања Божиновска, нагласувајќи дека државните електрани имаат обезбедено гас за ноември. Воедно, Божиновска уверува дека политичките случувања во Србија нема да влијаат врз регионалниот проект за алтернативно снабдување со гас.

-ЕСМ има закупено на подолг период гас, ќе видиме и тука што ќе се случува. Ноември имаат закупено гас, ЕСМ се во преговори за подолгорочно и секако поконкурентно снабдување на гас. Тоа што ние соработуваме со Република Србија е регионален и европски проект. Тука се инволвирани и повеќе финансиски, интернационални компании. Јас сум убедена дека нема ништо да има некакви промени во однос на политичката сцена, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.

Покрај обезбедувањето гас по поконкурентни цени, пред институциите е и прашањето за трошоците за електрична енергија од јануари. До средината на ноември, ЕСМ треба да ги заврши пресметките и да и достави на Владата нова понуда за цената по која ќе ја продава електричната енергија на ЕВН Хоум за следната година. Моментално цената изнесува 65 евра за мегават-час. Сепак, врз крајната цена влијаат и трошоците за пренос и дистрибуција на електричната енергија. МЕПСО побара зголемување на надоместокот за пренос за над 97 проценти, додека МЕМО не побара промена на цената. Електродистрибуција, пак, се уште нема конечна пресметка, бидејќи не е завршен тендерот за набавка на електрична енергија за покривање на загубите во мрежата. Божиновска посочува дека барањата на компаниите не значат автоматско поскапување и дека конечната одлука ќе ја донесе Регулаторната комисија.

- Тоа што компаниите поднесуваат до Регулаторната е едно, значи вие може да барате и да си дадете ваши пресметки. Тука Регулаторната ќе одлучи и ќе види што ќе се... што ќе биде крајниот исход. Така да, ве замолувам да почекате на одлуката на Регулаторна, да видиме на крај кој ќе биде нејзината одлука и колку ќе има тука покачување, ако има, изјави Сања Божиновска – министерка за енергетика, рударство и минерални суровини.

Во меѓувреме, неизвесно е дали ќе продолжи и попустот на горивата од ОКТА, кој важи до следната недела. Божиновска вели дека одлуката за евентуално продолжување ќе зависи од движењето на цените, а по истекот на актуелниот период вели ќе се разгледаат следните чекори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството

Жан Дрвошанов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, постави три пратенички прашања од областа на енергетиката, здравството и одбраната.

Дрвошанов: Нови енергетски проекти, решение за професионалните војници и модернизација на здравството

„Особено значајно е тоа што по цели 13 години повторно е ставен во функција продуктоводот Солун-Скопје, инфраструктурен проект од исклучително значење за сигурно и континуирано снабдување со нафтени деривати и за зајакнување на енергетската безбедност на државата, во овој период се реализираат два значајни инфраструктурни проекти во енергетскиот сектор, тоа се изградбата на гасоводните интерконектори со Република Грција и Република Србија. Со оглед на значењето на овие капитални инвестиции, би сакал да ве прашам кои се конкретните придобивки што Република Македонија и македонските граѓани ќе ги имаат од изградбата на овие два гасоводни интерконектори? На кој начин нивното ставање во функција ќе придонесе за поголема енергетска сигурност, намалување на зависноста од еден правец на снабдување и создавање услови за поконкурентни цени на природниот гас и секако какви можности се отвораат за македонската индустрија, стопанството и домаќинствата?“, рече Дрвошанов.

Второто прашање Дрвошанов го упати до министерот за одбрана, а се однесува на владината одлука за решавање на долгогодишниот проблем со професионалните војници кои навршуваат 45 години, при што побара појаснување за конкретните мерки, роковите за спроведување и придобивките што ќе ги донесе за оваа категорија припадници на Армијата.

„На една седница на Влада беше донесена одлука со која ќе се реши овој децениски проблем со кој се соочуваат професионалните војници, затоа моето прашање е што конкретно предвидува донесената владина одлука за професионалните војници кои навршиле 45 години и кои се придобивките од неа? Ве молам дадете подетални објаснувања за содржината на одлуката, роковите за нејзиното спроведување и секако очекуваните ефекти врз професионалните војници“, посочи Дрвошанов.

Третото прашање Дрвошанов го упати до министерот за здравство, а се однесуваше на обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството, при што побара информации за досегашните реализирани набавки, инвестициите во современа опрема и планираните вложувања во наредниот период.

„Инвестициите во здравството имаат директно влијание врз квалитетот на животот на граѓаните, особено е важно институциите да располагаат со современа опрема, соодветни материјално-технички средства за навремено и ефикасно извршување на своите задачи. Минатата недела имавме промоција на 100 нови амбулантни возила, настан кој го отвори прашањето за обновувањето на возниот парк и подобрувањето на условите за работа на здравствените служби. Моето прашање е какви конкретни резултати постигна министерството во обновувањето на опремата и материјално-техничките капацитети во здравството? Ве замолувам да не информирате за досегашните реализирани набавки и планираните инвестиции во наредниот период за да граѓаните имаат јасна слика како се вложуваат јавните средства во подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија“, рече Дрвошанов, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер