Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 20.4.2019 годинаДневен хороскоп за сабота, 20.април 2019 година . Овен 21.3-20.4. Љубов Ако сте во врска , ќе излезете меѓу луѓе и убаво ќе си поминете. Ако сте сами исто така ќе излезете меѓу луѓе. Кариера Дури сега сфаќате колку е важно да имате добра соработка со другите. Тие ви даваа помош во работењето , а сега почнувате и вие да им враќате. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да сде сомневате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска најдобро ќе поминете доколку бидете што е можно подискретни и помалку да зборувате. Мерете го секој збор. Кариера Вашите шефови ќе бараат од вас одредени постапки , кои ви изгледаат неумесни. Сепак , не се расправајте , туку прифатете ги. Здравје и совет Ќе бидете малку фрустрирани , но ќе ви помине. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Следува мала преодна криза во комуникациите со саканата личност , а со тоа и мали фрустрации. Сепак , сето тоа јуначки ќе го издржите. Кариера Може да се случи мала расправија со надредените околу нормите за работа и поставените критериуми. Бидете што е можно посериозни. Здравје и совет Нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Повикот за дружење ќе биде од неврзан карактер. Доколку го прифатите и излезете , убаво ќе си поминете. Кариера Размислувате за тоа како во работата да воведете стручни лица. Анализирајте ги можните кандидати. Здравје и совет Имате смисла за хумор. Лав 23.7-22.8. Љубов Мелите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и за друштво, односно јавност и тоа во исто време. Кариера Она што другите ќе ви предложат , анализирајте го полека и во тишина , за да бидете целосно објективни. Здравје и совет Почнете со здрава исхрана. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе најдете поткрепа во вашата смисла за сочувство со другите. Ќе бидете отворени и внимателни кон другата страна. Кариера Не сте сигурни дали отворено да го кажете своето мислење. Ви недостигаат уште некои информации за да ја имате целосната слика. Здравје и совет Причекајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Пред вас е убав ден за дружба , излегување и нови познанства. Особено добро ќе се забавуваат оние помладите. Кариера Не се двоумете доколку треба да воведете некои нови методи во работниот процес . Истовремено ќе ви биде важно тоа да го направите на фин начин. Здравје и совет Подобрување. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата фаза на ,,ловечки приказни” би можела да потрае и денеска. Внимавајте некого да не изнервирате. Оние во врска се добро. Кариера Веројатно ќе извршите една помала анализа на една тема , а истата ќе ви донесе задоволство. Здравје и совет Не претерувајте со колачи. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На некои можеби ќе им биде доста од се. Некои веќе изгубиле надеж и веќе ништо не очекуваат , додека другите ќе уживаат во осаменоста. Кариера Вашите цели се високи, па затоа ви се потребни одредени квалитети и квалификации. Проверете дали имате се што ви е потребно. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денеска би можеле да излезете со пријатели и со нивна помош да ги надминете љубовните грижи. Кариера Ќе делувате на два начина – оној вообичаениот и оној што вклучува големи планови за иднина. Здравје и совет Се потрудивте да живеете уредно , што е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Освен мали дневни уживања во двојка , денеска ќе размислувате и за некои подлабоки филозофски прашања. Кариера Веќе ништо не ви стои на патот . Ова се вашите пет минути на работното место и искористете ги најдобро што можете. Здравје и совет Почнете да спортувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот ќе ви донесе многу смисол за друштвеност , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Сите работи што вклучуваат соработка , контакти и размена на идеи , денеска ќе ви одат од рака подобро од вообичаеното. Здравје и совет Ќе се чувствувате посилно .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook