ХороскопДневен хороскоп за 20.2 .2019Дневен хороскоп за среда, 20 февруари 2019. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можен е повик на личност од вашето семејство , што ќе ги засени вашите љубовни случувања или ќе ве оддалечи накусо од партнерот. Кариера Ако имате проблем како да го сработите она што требате , сетете се на вашите стручни знаења и бргу ќе дојдете до решение. Здравје Наспијте се. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние кои се на удар на различни додворувачи , денеска ќе бидат малку под нивно влијание. Оние во врска ќе се чувствуваат добро. Кариера Зацртајте го минимумот што треба да го одработите и држете се до тоа. Се друго е добивка. Здравје Дишите со полни гради. Бик 21.4- 20.5. Љубов Истражувањето на сопственото незадоволство не е начин да ги подобрите односите , ако притоа не понудите и некои конкретни решенија. Кариера Ќе ви треба добра доза на самоконтрола да се откажете од искушението за да напуштите некои деловни планови. Здравје Поработете на себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе успеете да се издигнете над грижите и тагата што ве мачи. Тоа ќе биде позитивен чекор и олеснување. Кариера Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено . Здравје Во добра форма сте. Рак 22.6-22.7. Љубов Ако сте во отуѓена и воинствена фаза со другата страна , денеска кон се че пристапите полежерно , а ќе постои и одредена блискост. Кариера Многумина денеска ќе мора да бидат услужливи кон своите соработници , но тоа нема да им биде тешко. Можна е мала здодевност на работното место. Здравје Пад на имунитетот. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе размислуваат за промени во односот со саканата личност , но подобро е ништо да не заклучуваат или да одлучуваат. Кариера Сега ви е веќе сосема јасно дека не ги држите сите конци во свои раце , но тоа не ве загрижува колку прашањето до кога ова ќе трае. Здравје Бидете пореални. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои ќе се подготвуваат за голем говор во своите глави . Не го изразувајте се уште она што го мислите, но можете да го подготвите. Кариера Пред вас се нови можности , но за да се впуштите , ќе треба првин да решите една заостаната работа. Здравје Никогаш не е готово. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ве заинтригира една секојдневна ситуација , зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал. Кариера Добро ќе соработувате со сите , а најдобро со помладите соработници или со деца. Тоа ќе ви биде уживање. Здравје Можете да ги решите недоразбирањата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Нема да се збуните , ако другата страна малку ве испровоцира. Напротив , тоа ќе го искористите уште повеќе да ја зацврстите врската. Кариера На некои ќе им изгледа како се да им е однапред зацртано , па немаат многу простор за маневрирање. Здравје Не се откажувајте. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Се што имате , би сакале да споделите со другата страна , освен амлите семејсни недоразбирања и грижи што денеска се појавуваат. Кариера Веројатно ќе се најдете веднаш до значајни вложувачи во вашата работа , но работите нема да бидат дефинирани ниту готови. Здравје Прошетајте на воздух. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , бидете доследни. Кариера Можеби ќе ппсакате сите да ве остават на мир , за да го одработите со концентрација својот дел од работата. Ќе ви појде од рака. Здравје Опуштете се во слободното време. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Весела дружба , провод и забава денеска ќе ви се мешаат со интуитивните видувања , со што лесно ќе читате меѓу редови. Кариера Веројатно че добиете меил , порака или повик во врска со еден деловен проблем , што не е мал , но сега може да се реши. Здравје Можете малку да се опуштите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ФудбалФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани ИнфантиноПретседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари.Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари (3,5 милиони евра) до крајот на неговиот ангажман во САД, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на интерни документи и извори запознаени со случајот. Инфантино заработува над пет милиони евра годишно Инфантино, чија годишна плата е околу шест милиони долари (5,3 милиони евра), се пресели од Швајцарија во Мајами во 2023 година, а во мај 2024 година тричлениот комитет на ФИФА, одговорен за одредување на надоместоците на високите функционери, одобри предлог за надоместување на сите дополнителни даночни трошоци настанати со преселбата во САД. Одлуката беше донесена на состанок во Бангкок по иницијатива на швајцарскиот сметководител Бруно Чиомент, кој е и претседател на тој комитет и раководител на одделот за управување, усогласеност и ревизија на ФИФА. Но, според документите до кои дојде американскиот дневен весник, таа одлука за даночни олеснувања не била објавена во официјални извештаи, и покрај реформите за транспарентност воведени по големиот корупциски скандал што ја потресе ФИФА во 2015 година. Организацијата негираше какви било неправилности, тврдејќи дека биле почитувани сите внатрешни прописи и законски обврски и дека исплатите на високите функционери биле предмет на независна ревизија. Поширок модел на бенефиции Истрагата на „Њујорк тајмс“ укажува на поширок модел на бенефиции што ги уживале Инфантино и оние во неговиот најблизок круг. Меѓу нив е ангажирањето на приватната компанија за обезбедување GRIZ Global Solutions за заштита на претседателот на ФИФА и неговата сопруга за време на Светското првенство во 2026 година, со дневна такса од 1.300 долари по обезбедувач, што не ги вклучува трошоците за изнајмување возило и возач, и привилегиран пристап до натпревари и специјални чартер летови на ФИФА за индивидуални соработници и членови на семејството. Весникот, исто така, наведува дека промените во статутите и прописите на ФИФА за надоместоците на високите функционери, усвоени пред Светското првенство, ги прошириле овластувањата на претседателот и му донеле дополнителни бенефиции. Новиот правилник ги ублажи ограничувањата за подароци, ВИП покани и користење на приватни авиони, и ги прошири можностите за финансирање на сместувањето на претседателот. ФИФА, која веќе плаќа околу 600.000 долари годишно за изнајмување куќа во Мајами, претходно му обезбеди стан во Швајцарија и сместување во Париз. А Киоменто има посебни привилегии Киоменто, кој беше вклучен во одлучувањето за тие бенефиции, исто така имаше посебни привилегии за време на Светското првенство, вклучувајќи ВИП пристап до натпревари и патување со чартер летови на ФИФА. Неговиот годишен надомест, според весникот, е променет од 250.000 американски долари на 250.000 швајцарски франци, што е дополнително зголемување од околу 50.000 американски долари поради разликата во девизниот курс. Инфантино се соочи со критики во последните години поради неговиот близок однос со американскиот претседател Доналд Трамп, деловните зделки на ФИФА и напорите за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Неговата позиција беше дополнително потресена по откритијата дека водел тајни разговори за продажба на дел од правата за Светското првенство на компанија поврзана со братот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Според „Њујорк тајмс“, откритијата предизвикаа меѓународни критики и ја доведоа во прашање соодветноста на Инфантино да продолжи да го води управното тело на фудбалот, кое ќе избере нов претседател во март. Тагови: ФИФА Џани Инфантино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Свет„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.„Репортери без граници“ го додаде американскиот претседател Доналд Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“ за 2026 година, обвинувајќи го за засилување на кампањата против медиумите откако се врати во Белата куќа за втор мандат. Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа. САД сега се рангирани на 64. место од вкупно 180 земји на светскиот индекс на слободата на медиумите на оваа организација. Трамп им се придружи на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на листата, објавена по повод меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, признат од обединетите нации.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДраматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаIN MEMORIAM: Почина Самка Ибраимовски, долгогодишен политичар и лидер на ПЦЕР Почина Самка Ибраимовски, лидер на Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР), поранешен пратеник во Собранието на Македонија и поранешен министер без ресор.Тажната вест ја објави новинската агенција на ромски јазик „Рома Прес“. Преку емотивна порака, соработниците се простија од долгогодишниот политички претставник на ромската заедница. Ибраимовски беше долгогодишен политички активист и претседател на ПЦЕР. Во текот на својата долгогодишна кариера тој извршуваше повеќе значајни државни функции, меѓу кои пратенички мандат во македонскиот парламент, функцијата министер без ресор во Владата, како и одговорни директорски позиции. Во својот долгогодишен општествен ангажман, Ибраимовски беше препознатлив по постојаното застапување на интересите и правата на ромската заедница во Македонија. Канал 5 со сочувство до семејството на Ибраимовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter