Дневен хороскоп за 2. септември 2023 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 2. септември 2023 година

Дневен хороскоп за сабота, 2. септември 2023 година. 

Дневен хороскоп за 2. септември 2023 година

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца.

Кариера

Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај бнекои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори.

Здравје и совет

Бидете доследни.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата најсакана личност би можела денеска пшријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале.

Кариера

Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да енма препреки.Бидете паметни.

Здравје и совет

Мала нерамнотежа со крвната слика.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите.

Кариера

Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас.

Здравје и совет

Можете и со мали чекори да стигнете до целта.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга.

Кариера

Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува.

Здравје и совет

Ќе бидете задоволни.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни.

Кариера

Некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат.

Здравје и совет

Нема нешто што не можете.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите.

Кариера

Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте.

Кариера

Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех.

Здравје и совет

Покажете се пред светот.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите.

Кариера

Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени.

Здравје и совет

Ќе сонувате пријатни сништа.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро.

Кариера

Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено.

Здравје и совет

Анализирајте ја својата потсвест.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. за некои тоа ќе биде само минлив флерт.

Кариера

Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно.

Здравје и совет

Не ги заборавајте шефовите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. на некои ќе им се остварат љубовните сништа.

Кариера

Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни.

Здравје и совет

Малкумина сега се посилни од вас.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешѓно ќе го надополнувате со секс.

Кариера

Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации.

Здравје и совет

Верувајте на својата интуиција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Неизвесни преговори за состав на владата на Шведска- сега во прв план се центристите

Претседателот на шведскиот парламент Андреас Норлен вели дека побарал од лидерката на Централната партија Елизабет Танд Рингквист да го разгледа формирањето на новата влада, давајќи ѝ рок од една недела да разговара со другите партии.

Неизвесни преговори за состав на владата на Шведска- сега во прв план се центристите

Минатомесечните избори и дадоа на левиот центар тесно мнозинство во парламентот, но иако сите четири опозициски партии ја поддржуваат лидерката на социјалдемократите Магдалена Андерсон за премиер, тие не се согласуваат околу тоа кој треба да учествува во новата влада.

Тан Рингквист сега ќе ја испита можноста за формирање центристичка алтернатива, рече Норлен на прес-конференцијата, додавајќи дека се уште не е јасно кој би станал премиер доколку успеат преговорите.

Неизвесност во преговорите

„Различни опции за формирање влада исто така се разгледуваат, иако колку што можам да кажам, ниту една од нив сè уште не покажува јасен напредок“, рече Норлен.

Танд Рингквист, чија партија го освои петтото место на изборите, рече дека ќе ги покани сите лидери на политичките партии на разговорите. Мојата намера е да придонесам за решавање на прашањето за формирање влада, а не да станам премиер“, напиша таа во објавата на социјалната мрежа Икс.

Во четвртокот, како што се очекуваше, пратениците го отфрлија предлогот на Андерсон за формирање малцинска влада. Тоа беше првото од четирите парламентарни гласа пред да мора да се распишат нови избори. Последен пат во Шведска имаше предвремени избори во 1958 година.

Танд Рингквист претходно ја покрена можноста за формирање „центристичка“ влада која ќе ги исклучи и Левичарската партија и екстремно десничарските шведски демократи.

Норлен рече дека Танд Рингквист мора да му поднесе извештај најдоцна до 26 октомври.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Несреќни туристи се најдоа среде улична војна во Париз- едвај се спасија натоварени со куфери (ВИДЕО)

Вознемирувачки снимки од насилство на улиците на градовите низ целата земја доаѓаат деновиве од Франција, каде што се судираат демонстрантите и полицијата.

Несреќни туристи се најдоа среде улична војна во Париз- едвај се спасија натоварени со куфери (ВИДЕО)

Во морето снимки од насилство и грабежи на продавници за луксузна стока, оваа од Париз, каде што две туристки се најдоа среде улична војна, привлече големо внимание на социјалните мрежи.

Имено, двете патувале во „градот на светлината“ во потрага по романса и веројатно желба да ги видат симболите на француската престолнина, како што се Ајфеловата кула и Триумфалната капија, а наместо тоа морале да си го спасат животот.

Водени топови, солзавец, маскирани бандити ги опкружиле додека се движеле низ улиците на Париз туркајќи ги своите куфери. Според сите извештаи, овие две туристки избрале погрешно време да го посетат „градот на светлината“.

Патем, Париз се смета за една од најпосетуваните туристички дестинации во светот. Помеѓу 47 и 49 милиони туристи, домашни и од целиот свет, го посетуваат овој град секоја година.

Бројот на жртви од немирите во неделата навечер кон понеделник беше голем. Според најновите бројки од француското Министерство за внатрешни работи, 2.397 лица биле уапсени, а 997 полицајци и жандармериски службеници биле повредени, од кои седум потешко, за време на националните протести поради високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Смртоносна амеба е откриена во шест езера- маж почина, властите со итно предупредување

Здравствените власти во мексиканската држава Јукатан објавија дека амебата Naegleria е пронајдена во шест од деветте вештачки езера во градот Мерида, поради што е забранет секој контакт со водата на тие локации.

Смртоносна амеба е откриена во шест езера- маж почина, властите со итно предупредување

Резултатите од тестот беа објавени по проширената контрола на квалитетот на водата, започната по смртта на 34-годишен маж, за кого беше потврдено дека е заразен со амебата Naegleria fowleri.

Заштитни бариери и предупредувачки знаци

Амебата е пронајдена во езерото во близина на трговскиот центар Плаза Ла Исла, во источните и главните езера на комплексот Кабо Норте, како и во езерата Сентенарио, езерото Гран Парке Ла Планча и еколошкиот парк Пониенте, објавува списанието Јукатан.

Здравствените власти наредија поставување заштитни бариери и предупредувачки знаци, додека контактот со водата ќе биде забранет сè додека езерата не ги исполнат пропишаните санитарни услови и лабораториските анализи не потврдат дека се безбедни.

Парковите и зоолошките градини остануваат отворени за посетители, но пристапот до водата е забранет на шест локации каде што е откриена амебата.

Според здравствените власти, инфекцијата на човекот кој почина во септември е потврдена од националната референтна лабораторија InDRE.

Според извештаите на локалните медиуми, човекот работел како инструктор за вејкбординг на езерото во близина на трговскиот центар Плаза Ла Исла.

Голтањето вода не предизвикува инфекција

Поради случајот, здравствениот надзор вклучувал 361 лице кои престојувале на локацијата.

Амебите од родот Naegleria главно живеат во топла слатка вода. Видот Naegleria fowleri може да предизвика ретка, но исклучително опасна инфекција на мозокот, позната како примарен амебен менингоенцефалитис.

Инфекцијата се јавува кога контаминираната вода ќе стигне до мозокот преку носот. Голтањето на водата не предизвикува инфекција, а болеста не се пренесува од човек на човек.

Според американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), повеќе од 97 проценти од луѓето заразени со Naegleria fowleri не преживуваат, иако болеста е исклучително ретка.

Помалку од десет случаи се пријавуваат годишно во Соединетите Американски Држави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер