3Подводната пештера Врело во кањонот Матка стана најдлабоката подводна пештера во светот истражена од човек-нуркач
1Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
3Висок е 1,64 и им се спротиставува на сите закони на гравитација- го нарекуваат господин на огромна издржливост
ХороскопДневен хороскоп за 2. септември 2021 годинаДневен хороскоп за четврток, 2. септември 2021 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Толку успешно ќе се поврзете со луѓето околу себе , што ќе заборавите на критиките, измамите и провокациите. Ќе се опуштите и ќе уживате. Кариера Можете слободно да направите нешто за себе. Кому и да му објасните , ќе ве разбере и ќе го прифатиу тоа како нешто нормално. Здравје и совет Ништо не коментирајте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе успеете да и ја исполните секоја желба на саканата личност. Вашата љубезност како да нема крај. Дури и претерувате со тоа. Кариера Можно е дека ќе се затекнете во искушение на нелегална финансиска трансакција. Пазете што ви нудат или обратно. Здравје и совет Договарајте се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој ќе ги мешате обичните пријатни ситуации и нешто сосема неочекувано што спаѓа во светот на фантазијата. Балансирајте. Кариера Креативците денеска ќе си дојдат на своето. Брилијантитните идеи ќе им доаѓаат самите од себе , а околината најверојатно ќе им даде поддршка. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Бидете љубезни и трпеливи колку и да ви се чини дека треба да реагирате или да се вмешате. Веќе утре се ќе ви изгледа поинаку. Кариера Пред вас е искушение на финансиски недоразбирања поради млади и неискусни соработници или поради некаква забава. Здравје и совет Помогнете доколку е потребно. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веќе ве заморуваат љубовните недоразбирања , но што е , тука е. Ниту дернеска нема да биде подобро , но затоа вие можете помирно да минувате низ сето тоа. Кариера Иако некои од колегите малку ќе прават драма и ќе бидат пречувствителни , добрата страна е што тоа ќе донесе креативност и ќе донесе нови решенија. Здравје и совет Одморете се по напорниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Својот љубовен живот денеска ќе се обидете да го збогатите со некои необични еротски идеи. Тоа не мора да и се допадне на другата страна. Кариера Колегите на работното место се повеќе ве ценат и ве почитуваат , па врз основа на тоа градете ја својата новостекната доверба. Здравје и совет Држете се до законот и редот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Она што некогаш сте си го ветиле себеси, денеска полека се остварува. Вие уживате во друштво на лицето кое ви е исклучително мило. Кариера Можно е дека ќе добиете заслужено признание или јасно ќе се покажат резултатите од вашата претходна работа. Здравје и совет Ќе бидете задоволни. Овен 21.3-20.4. Љубов Веројатно е претерување или фалби во односите со другите. На некои можеби тоа ќе им биде симпатично , а некои ќе се нервираат. Кариера Сите дејности во кои се бара суптилност , интуиција , креативни таленти или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Кога јадете , немојте да брзате и само да ја голтате храната. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веќе нема да можете да ја идеализирате својата најсакана личност , зашто стварноста ве разубедува. Прифатете ја. Кариера Ќе се разгледува можноста за една деловна соработка или патување за кое не е јасно дали би било поволно или не. Здравје и совет Трпение, спасение. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Луцидноста и оригиналноста ќе бидат ваши доминантни особини на денот со кои ќе го збогатите љубовното секојдневие. Кариера Доколку сте решиле да делувате од сенка, денеска е денот во кој на таков начин можете да постигнете завидни резултати. Здравје и совет Свртете се малку повеќе кон себеси. Рак 22.6-22.7. Љубов Подобрување на љубовната состојба кај вас би можело да предизвика и зголемување на љубовните апетити. Сепак , приземјете се на кратко. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збуниваат со својата чувствителност. Внимавајте да не ви најдат грешка во деталите. Здравје и совет Расте вашиот копнеж. Лав 23.7-22.8. Љубов Бидете и поддршка на вашата најсакана личност ,бидејќи таа тоа од вас го очекува , а истото и го заслужува. Така ќе го унапредите вашиот однос. Кариера Напредуваат креативните и интелектуалните работи , но и оние кои се работат во мир и тишина. Тука ќе дадете се од себе. Здравје и совет Можна е несоница.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканУапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф. Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок. Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканДемонстранти среде говор го исвиркаа словенскиот премиер Јанша, интервенираше полицијата (ВИДЕО) Словенскиот премиер Јанез Јанша денеска одржа говор на државната прослава на Денот на суверенитетот во Копер, но за време на неговото обраќање постојано беше прекинуван од свирежи и извици на демонстрантите. Поради напнатата атмосфера, полицијата исто така мораше да интервенира, пишува N1 Словенија. Демонстрантите се собраа на плоштадот Укмарје, каде што се одржа централната државна прослава. Полицијата ги предупреди да не го прекинуваат настанот, а на снимката се гледаат неколку вербални конфликти меѓу демонстрантите и граѓаните кои дојдоа да ја поддржат прославата. Јанша зборуваше за „изгубените можности“ Јанша во својот говор рече дека словенечката независност е резултат на долгогодишна борба за јазикот, идентитетот и опстанокот на народот. Тој рече дека по независноста, Словенија е на добар пат да стане „уште една Швајцарија“, но дека следеле години пропуштени можности. „Словенија денес е безбедна, а безбедноста е главен услов за стабилност и економски развој“, рече Јанша. Тој како клучни причини за победата во војната за Словенија ги наведе јасната политичка цел, единството на граѓаните, навремените подготовки за одбрана, доброто разузнавање и мотивацијата на словенечките сили. Претседателот и опозицијата не дојдоа Прославата се одржа по повод 35-годишнината од заминувањето на последните војници на ЈНА од Словенија. Ноќта помеѓу 25 и 26 октомври 1991 година, последната воена единица на Југословенската народна армија го напушти пристаништето Копер. Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар не дојде на прославата, а отсуствуваа и претставници на опозициските партии. Пирц Мусар претходно ја откажа својата посета поради несогласување со потезите на владата, вклучително и преименувањето на празникот, на што се спротивставуваат и опозициските партии Свобода, Левица и СД.Тагови: Јанез Јанша Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваАна Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија во Малта, победи ЕрменијаМакедонската претставничка ана Стојаноска заврши на 16. место на детската Евровизија, која се одржа синоќа во Малта. Со песната „Идната јас“, младата пејачка од Струга освои вкупно 57 поени, од кои 51 од публиката, но доби само шест од стручното жири. Победник на 24. издание на детската Евровизија е 13-годишната Наре од Ерменија, која со песната „Бу!“ освои 202 поени. Второто место го освои Шпанија, а трета беше Франција. За победникот одлучуваа гласовите на националните жирија и публиката, со еднаков удел од по 50 проценти во конечниот резултат. Музиката за „Идната јас“ ја напиша Никола Мицевски, а текстот е на Илчо Нечовски од групата „Дупер“. Песната зборува за соништата, растењето и откривањето на сопствениот идентитет. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиИзбори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29Вучиќ гласаше, откако два часа чекаше во ред со сопругата (ВИДЕО)10:50Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05
Избори во Србија: Незапаметени редици од рано наутро пред избирачките места, излезноста над 46% до 14 часот15:29
Само уставните измени или и акцискиот план за малцинствата – кои се условите за Македонија да ги почне преговорите со ЕУ?15:38