Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината
2Николоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината
ХороскопДневен хороскоп за 2. октомври 2024 година Дневе хороскоп за среда, 2. октомври 2024 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Нивото на вашата самодоверба ќе биде високо , а шансите за дружење отворени. Многумина осамени денеска ќе запознаат нови лица. Кариера Со добра финансиска поддршка денеска би можеле да дефинирате дел од работите со странство. Здравје и совет Одете до крај без двоумење. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Додека минува денот, полека ќе сфаќате дека некои особини на саканата личност ве возмнемируваат. Прифатете ги , зашто чувството на немир е минливо. Кариера Некој од вашите надредени денеска би можел да застане на патот на вашите напредни идеи. Здравје и совет Издржете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов На повеќето љубовни настани вие ќе најдете некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате со помалку строгост и опуштете се. Кариера Можни се неконтролирани финансиски издатоци. Држете се до зацртаниот план и правете минимални поместувања. Здравје и совет Некои ќе го изгубат гласот поради болки во грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е добар за неврзано дружење на кафе. Излезете на воздух, прошетајте се , а особено ако се уште сте сами. Кариера Нема ништо да се случи доколку само чекате. Треба да се покажете , дас е јавите , дасе претставите. Здравје и совет Комуницирајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Фазата на уживање во љубовниот живот ќе продолжи и денеска. Ќе имате речиси се што би можеле да посакате. Кариера За да успеете , потпрете се на самите себеси. Вие сте најдобар патоказ , како за себе , така и за луѓето околу вас. Здравје и совет Се враќате низ сеќавањата. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Партнерот ќе очекува нежност , а вие ќе бидете повлечени во својот свет. Се ќе биде подобро со малку поголема отвореност. Кариера Луѓето со кои соработувате денеска нема да бидат целосно сигурни во која насока да се продолжи со започнатото. Здравје и совет Кашлица. Овен 21.3-20.4. Љубов Во емотивните прашања ќе имате големи очекувања. Ќе сакате другите да ве галат и чуваат. Како ќе биде , зависи од партнерот. Кариера Ќе продолжите да ги развивате своите инвентивни идеи , додека во исто време ќе наопредува и соработката со колегите. Здравје и совет Во добра форма сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои сеуште бараат сродна душа , денеска на лесен и пријатен начин би можеле да ја најдат меѓу колегите од работа или на место поврзано со работата. Кариера Слободно може да и се препуштите на работата , зашто во активностите ќе најдете се она што сте го очекувале. Здравје и совет Одличен ден за вработените. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во вториот дел на денот би можеле да доживеете вистинска љубовна екстаза и остварување на соништата што долго време сте ги сонувале. Кариера Одличен ден за сите дејности поврзани со луѓе или со смисла за естетика. Работите се одвиваат се подобро и подобро. Здравје и совет Се чувствувате одлично. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку во емотивните прашања се потпирате на вашиот внатрешен глас, денеска тоа може да ви донесе многу среќа и задоволство. Кариера Сите работи поврзани со алтернативното , како и оние поврзани со психологијата ,денеска ќе се одвиваат исклучително добро. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Неврзаните контакти денеска би можеле да ви донесат лично освежување. Оние кои се сами , нека излезат барем на кафе. Кариера На кусо службено патување ќе сфатите дека треба да прифатите она што другите ви го предлагаат , заедно со ризикот што оди со тоа. Здравје и совет Не анализирајте премногу. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата најдрага личност веројатно со недоличен потег или говор ќе навреди некого од вашето семејство. Обидете се да ја ублажите кавгата. Кариера Премногу размислувања за тоа како соработувате со други ќе ви го одземе скапоценото време. Здравје и совет Верувајте ѝ на својата интуиција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
ЗабаваAERO Street Food Festival уште денес и утре!Повеќе од 15.000 посетители беа дел од првите три вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче“, под покровителство на Општина Аеродром. Големата посетеност, богатата гастрономска понуда и разновидната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатливо место за современи урбани настани и дружење на сите генерации. Фестивалот започна на 4 септември со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се претставија The Ringtones. Првата фестивалска вечер ја заокружи DJ Aleksandar Jordanov, кој со својот сет ја задржа разиграната публика до самиот крај на програмата. Во саботата, на 5 септември, паркот „Авионче“ беше исполнет со посетители од сите делови на Скопје, но и од други градови во Македонија. Особено голем интерес предизвика понудата на 20-те гастрономски брендови, пред чии штандови постојано се чекаше за различните специјалитети од домашната и светската кујна. Во неделата, на 6 септември, бендот Dopamine приреди енергичен настап и целосно ја освои публиката. Забавата продолжи со DJ Rizinski, кој со ретро музика и познати светски хитови го претвори фестивалскиот простор во голема журка на отворено. AERO Street Food Festival продолжува денес и утре со последните две вечери од годинашното издание. Вечерва, на 7 септември, публиката ќе ја забавуваат диџеите од Fluere и бендот South Park. Големото финале на 8 септември ќе започне со DJ Ficho и DJ Guardian, по што Acoustic Division ќе приреди специјална музичка програма, а фестивалот ќе го затворат Sure Shotz. Општина Аеродром ги поканува граѓаните да бидат дел од последните две фестивалски вечери и да уживаат во разновидната храна, домашната музика и урбаната атмосфера во паркот „Авионче“. Фестивалскиот простор се отвора во 17:30 часот, музичката програма започнува во 19:30 часот, а влезот е бесплатен. Општина АеродромТагови: AERO Street Food Festival) Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТИРЗ: Расте интересот за инвестирање во МакедонијаВо периодот јули 2024 - јуни 2026 година, приливот на странски директни инвестиции достигна 1,381 милијарди евра, што претставува 86% поголем прилив во споредба со периодот анализиран од јуни 2017 - мај 2019 година.Дополнително, приливот на странски директни инвестиции по глава на жител се зголеми од 405 на 752 евра. Овие податоци се показател за растечкиот интерес за инвестирање и за потенцијалот на нашата држава како атрактивна инвестициска дестинација. Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ДТИРЗ) како владина институција продолжува активно да работи на унапредување на инвестициската клима, привлекување нови квалитетни инвестиции и создавање услови за одржлив економски развој. Повеќе квалитетни инвестиции = Повеќе можности = Поголем економски развој! Дирекција за ТИРЗТагови: ТИРЗ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Куманово добива пет специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена во општината За брзо време пристигнуваат и дел од новите електрични автобуси наменети за Куманово, поддршката за општината продолжува.Куманово добива 5 специјализирани возила за одржување на комуналната хигиена низ градот, донација од Владата за поддршка на општината. За брзо време ќе се донираат и новите електрични автобуси, истакна денеска во Куманово заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски. Тој денеска изврши примопредавање на возилата на градоналачникот на Куманово, Максим Димитриевски. “ Министерството за транспорт во соработка со Светска банка направи една поголема набавка на комунални возила, односно најголема којашто општините ја виделе како директна донација во изминатиот период. Дел од таа набавка и дел од таа донација доаѓа во Општина Куманово. Не затоа што сум тука, но после Скопје најмногу возила добива токму Општина Куманово и мислам дека е така правилно, затоа што се работи за најголемата општина на територија на државата. Тука имаме две мултифункционални возила за одржување на хигиена со соодветен механизам којшто можевте и да го видите, којшто доста ќе помогне во подигнување на сметот. Понатаму имаме еден камион-прскалка којшто ќе овозможи да имаме почисти улици, да се перат улиците, но исто така има можност да носи и техничка вода во кризни ситуации или во ситуации кога има недостаток на вода или прекин со водоснабдување. И секако, тука се две возила за метење на улици коишто ќе помогнат покрај да имаме чисти улици, да имаме и чисти тротоари, чисти плоштади и чисти отворени површини” – изјави Николоски. Тој додаде дека Владата продолжува со поддршката за општина Куманово, која што во изминатиот период беше интензивна. Најави пристигнување на електричните автобуси за Куманово. Знаете дека имавме два повици за поддршка на општините. Во првиот повик се обезбедени околу 242 милиони денари, во вториот повик около 328. Дополнително на тоа, преку буџетот на Министерството за транспорт имаме некаде околу 1 милион евра кои што се инвестираат во изградба на мост, инвестираме во изградба на капела, како и во изградба на локални улици во проект со Светска банка и ќе продолжиме тоа да го правиме во следниот период. Би сакал да најавам исто така дека во следниот период ќе пристигнат и електричните автобуси во Куманово, така што се обидуваме да помогнеме секаде наму каде што можеме”- истакна Николоски. Министерство за транспорт Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУбиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12