Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој
2Димитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развој
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ХороскопДневен хороскоп за 2. мај 2022 годинаДневен хороскоп за понеделник, 2. мај 2022 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Малиот дисбаланс на емотивен план ќе биде поврзан со потребата за доминација. Но тоа е минливо , а вашата врска е силна. Кариера Добро ќе ви одат сите дејности каде ќе можете да го покажете своето стручно занење. Некои конечно ќе добијат шанса да се изразат. Здравје и совет Мали емоционални фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно малку ќе се надмудрувате со саканата личност , за тоа кој е главен во врската. Не е страшно , но ќе ви одземе енергија. Кариера Со мали чекори може да напредувате исто како и со големи. Разликата е во тоа што нема сензација и потребно е трпение. Здравје и совет Немојте да бидете тврдоглави. Рак 22.6-22.7. Љубов Мирот со кој што ќе зрачите ќе и влева сигурниост на другата страна. Уште повеќе ќе ви се приврзе. Кариера Излегуваат на виделина добрите финансиски резултати. Задоволни сте и контактирате со соработниците за нови проекти. Здравје и совет Во добра форма сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Освен добра забава и богат друштвен живот , веројатно ќе испробате некои нови јадења во друштво со саканата личност. Кариера Денеска лесно ги решавате повеќето работи. Атмосферата на работното место ќе биде делумно хаотична , но вие ќе се снајдете. Здравје и совет Помогнете им на колегите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе бидете способни да читате меѓу редови , па ќе откривате она што е наскриено во односот со личноста што ви е мила. Кариера Ќе се обидете со понежен пристап и со креативни варијанти да ги придобиете другите за своите проекти. Ќе бидете убедливи. Здравје и совет Можно е да се напиете во поголемо друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Со фантазија и креативност ќе ги надминете фрустрациите што се испречуваат меѓу вас и саканата личност. Кариера Во работата со млади би можело да дојде до нејасна ситуација. Држете се до поставените критериуми и се ќе се разјасни. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите пријатели би можел несакајќи да го поремети вашиот љубовен план , што го подготвувате за излегување во друштво. Кариера Обидете се да бидете повеќе креативни без оглед што тоа не му се допаѓа на некој од соработниците. Единствен критериум нека биде професионалноста. Здравје и совет Опуштете се со убава музика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе ви биде се појасно дека не може ништо да се среди со сила. Ќе најдете утеха кај пријател. Кариера Барањата на работното место се се поголеми , но вие сте подготвени за такви предизвици. Можеби не е според вашиот план , но секако не е лошо. Здравје и совет Не се замартајте со ситници. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе излезете со добри пријатели , на кои ќе им ги доверите вашите љубоцвни проблеми и очекувања. Кариера Ќе напредувате според барањата на други. Ќе успеете да го избалансирате она што би сакале и она што се случува. Здравје и совет Созревате. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Површните приказни ќе бидат забавни. Ќе ги шармирате сите околу себе. Сепак, во душата ќе чувствувате мала празнина. Треба трпение. Кариера Во деловната кореспонденција , што е интензивна , би можело да дојде до мал хаос. Јасно поставувајте ги прашањата и исто така одговарајте. Здравје и совет Немојте да се напиете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Оние кои се решени да се додворуваат , денеска ќе добијат посебна инспирација за вистински поетски зборови. Ќе биде интересно да се слушаат. Кариера Доколку одите на службен пат, проверете ја состојбаста на автомобилот. Видете дали сте целосно подготвени и дали резервациите се во ред. Здравје и совет Минливо недоразбирање со роднините. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот љубовен живот се развива добро , а денеска ќе си дозволите мало опуштање и конзумирање алкохол. Кариера За разлика од вас , денеска вашите надредени нема да знаат што сакаат. Ќе се потпрат на вашето стручно знаење. Помогнете им. Здравје и совет Не претерувајте со пиењето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветКандскиот премиер Карни ја поздрави идејата неговата земја да стане придружна членка на ЕУКанада и Европа се посилни заедно и Канада го поздравува овој „Сојуз за иднината„ - громогласен аплауз за канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент.Канада и Европа се посилни заедно и Канада го поздравува овој „Сојуз за иднината„ - громогласен аплауз за канадскиот премиер Марк Карни во Европскиот парламент, откако вчера шефицата на Европската Комисија - Урсула Фон дер Лајен, ја покани неговата земја да стане првата официјална придружна членка - што практично претставува нов концепт без правен преседан во актите на ЕУ. Соработка во суштински области како критични метали, одбрана, технологија и енергетика, но не и нов светски ривалски блок со цел да доминира – прецизираше премиерот Карни. -Се отвора вратата за Канада да стане прва придружна членка на Европската Унија. Канада ја поздравува оваа амбиција. Сојузот за иднината е единствен, позитивен пристап што заеднички ќе го дефинираме, надоврзувајќи се на нашите заеднички сили и вредности,- - Марк Карни, премиер на Канада. Додека деталите на придружното членство ќе се разработуваат на октомврискиот Самит ЕУ – Канада по што ќе следи и гласање во канадскиот парламент, според првичната реакција на американскиот претседател Доналд Трамп, САД не гледаат благонаклонето кон овој нов сојуз. Трамп се закани дека ќе ја прекине трговијата со ЕУ. -Мислам дека тоа е смешно. Сметам дека Канада е ужасен трговски партнер. Ако го направат тоа, и ако сметам дека станува збор за непријателски чин, ќе воведам многу сериозни царини или ќе прекинам да тргувам со Европа во многу работи,- -Доналд Трамп, претседател на САД. Поканата за придружно членство доаѓа во момент кога Канада бара начин да се дистанцира од САД поради турбулентните односи и трговската војна со претседателот Доналд Трамп, кој неодамна освен закани со високи царини, изрази желба Канада да стане 51та држава на САД. Но, дека новиот концепт за придружно членство не завршува само со Канада, навести претседателката на Европскиот парламент – Роберта Мецола, најавувајќи можност примерот со Отава да го следат и Австралија и Нов Зеланд. -Постојат различни форми – земји што сакаат да ѝ се приклучат на ЕУ или земји што се дел од Европската економска зона, а во овој случај станува збор за земји со кои сакаме да ги продлабочиме односите. Тука спаѓа Канада, а не се сомневам дека ќе бидат вклучени и други земји,- - Роберта Метсола, претседателка на Европски парламент . Во однос на заканите од Трамп кон Европската Унија, Мецола изјави дека целта на Брисел не е да се спротивстави некому, туку да развива подлабока соработка базирана на правила. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриеска-Кочоска: Го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ – инвестираме во образование, дигитализација и економски развојБанката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ) е долгогодишен и значаен партнер на земјава во реализацијата на проекти насочени кон подобрување на образованието, социјалната инфраструктура и поддршката на микро, малите и средните претпријатија. Фокусот на соработката е насочен кон реализација на проекти што носат конкретни придобивки за граѓаните и придонесуваат за економскиот развој. Ова беше истакнато на денешната средба на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со Томаш Бочек, заменик-гувернер на Банката за развој при Советот на Европа (ЦЕБ), на која се разговараше за реализацијата на тековните проекти и за идната соработка. „Продолжуваме да го зајакнуваме партнерството со ЦЕБ, насочувајќи ја поддршката кон проекти што придонесуваат за подобри јавни услуги, поквалитетно образование и економски развој“, истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. ЦЕБ е присутна во земјава од 1997 година, а досега има одобрено кредити за 10 проекти во јавниот сектор во вкупен износ од 314 милиони евра, а исто така има дадено и значајна поддршка за обезбедување на инвестициски грантови и грантови за техничка помош за подготовка на проектите. Поддршката е насочена кон социјалната инфраструктура и социјалната интеграција, вклучително здравството, образованието, правосудството и социјалното домување, како и кон поддршка на микро, малите и средните претпријатија. На средбата беше разгледана реализацијата на тековните проекти, меѓу кои дополнителното финансирање со заем и грантови во вкупен износ од 24.1 милион евра за изградба, надзор и опремување на 30 спортски сали во основните училишта, како и за реконструкција на основни и средни училишта. Оваа поддршка е продолжение на успешно реализираниот проект во чии рамки беа изградени и опремени 70 спортски објекти во основните училишта, а беа реконструирани и 90 основни и средни училишта. Соработката со ЦЕБ опфаќа и кредитна линија од 50 милиони евра за создавање работни места во микро, малите и средните претпријатија, која се реализира преку Развојната банка. Посебен акцент на средбата беше ставен на проектите што се подготвуваат за наредниот период. Меѓу нив е проектот за довршување на изградбата на објектите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при УКИМ. Во фокусот на идната соработка е и проектот за основна дигитална инфраструктура. Проектот е насочен кон унапредување на дигиталната инфраструктура и поддршка на процесот на дигитална трансформација. На средбата беше изразена подготвеност за продолжување и продлабочување на соработката меѓу Министерството за финансии и ЦЕБ, со фокус на ефикасна реализација на тековните проекти и обезбедување поддршка за нови инвестиции од значење за економскиот и социјалниот развој на земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра - со Мицкоски тонемеСекој ден нов економски дебакл на Мицкоски. Македонија буквално тоне на секое поле.Податоците на Народната банка за вториот квартал од годинава покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е втор најлош економски резултат години и години наназад. И двата се на арамијата Мицкоски, историски најлоши. Само 18 милиони евра странски инвестиции во втор квартал 2026 година. Минус 100 милиони евра странски инвестиции во трет квартал 2025 година. За споредба, во 2024 година странските директни инвестиции беа 1 милијарди евра со политиките на СДСМ. Бајкте на Мицкоски за „трета економија“ се распрнати како меур од сапуница. Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на криминалните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде арамијата Мицкоски. Ова е инвестициски дебакл. Македонија тоне. Мицкоски е премиер со најниско ниво на странски инвестиции и со најлоши економски резултати. За само две години, ВМРО ја урниса деловната клима што беше градена со години и ја намали довербата кај странските инвеститори. Оваа Влада ниту знае како да ги задржи постојните инвеститори, ниту има капацитет да привлече нови. Корупциски скандали, партиски тендери и премиер арамија кој по телефон нарачува судски одлуки. Политиките на Мицкоски со оддалечувањето од ЕУ, блокада на европскиот пат, соработка со Русија и Кина, соработка со авторитарни режими скапо ја чинат Македонија. Ова значи помалку капитал, помалку работни места, и забавен економски раст. Никој не сака да инвестира во држава во која премиер има арамија како Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на ИО Скопје, 17.09.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00