3Фицо со сериозно предупредување: Нема да дозволам Словачка да биде вовлечена во конфликт со Русија (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 2. јануари 2022 година Дневен хороскоп за недела, 2. јануари 2022 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаЕксплозија одекна на воен полигон во Шведска- повредени се повеќе луѓе Најмалку седум лица се повредени во Шведска по експлозија на стрелиштето во Карлсборг.Повредени се седум мажи на возраст од 20 до 30 години, а петмина се на одделението за интензивна нега. Никој од нив не е во опасност по живот, соопшти болницата Скараборг, јавува СВТ Њуз. „Можам да потврдам дека седум лица се повредени и пренесени во болница. Тие се вработени, а не регрути, иако не можеме да кажеме дали се офицери или војници“, изјави дежурниот офицер за односи со јавноста на Вооружените сили на Шведска, Микаел Огрен. Според информациите, инцидентот се случил во четвртокот околу 16 часот. Од болницата Скараборг првично, околу 20:00 часот, соопштија дека четири повредени лица се на интензивна нега, но подоцна бројот се зголеми на пет. „Можам да потврдам дека примивме седум повредени лица, од кои двајца се со полесни повреди. Станува збор за мажи на возраст од дваесет и триесет години. Петмината кои се на интензивна нега се здобиле со тешки телесни повреди, но нивните животи не се во животна опасност“, изјави началникот на службата за комуникација на болницата Скараборг, Камила Силвес. Explosion reported in Sweden. The incident reportedly occurred at a military training ground in Kråk, near the southern city of Karlsborg. At least 7 people have been injured. The cause is unknown at this stage, likely an accident during training. https://t.co/IbFuoSMDMN — Pacific Wire (@JMChyno) September 17, 2026 Полицијата го истражува инцидентот како сообраќајна несреќа. Според шведските вооружени сили, повредените се згрижени поради различни повреди, вклучително и повреди од шрапнели.Тагови: експлозија Шведска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаХуманоиден робот го удри програмерот: Терминаторот започна (ВИДЕО)Хуманоиден робот за време на демонстрации во Кина го шутна човекот што го управуваше и му го собори далечинскиот управувач од рака. Видеото од необичниот момент го објави Fox News, а сцената веднаш предизвика бројни шеги за Терминаторот и Скајнет на социјалните мрежи. Видеото прикажува човек со далечински управувач во раката додека хуманоиден робот пред него изведува серија брзи движења. Во еден момент, роботот ја замавнува ногата кон програмерот, удирајќи го и соборувајќи го далечинското од рака. Потоа роботот продолжува да ги извршува движењата додека човекот се оддалечува. „Сара Конор нè предупреди“ Снимката привлече голем број коментари, а сцената веднаш потсети многумина на научнофантастични филмови за роботи кои се свртуваат против луѓето. „Само да имаше филм од 80-тите што се обидуваше да нè предупреди...“ се пошегува еден корисник. „Сара Конор нè предупреди, но ние едноставно не сакаме да слушаме“, напиша друг корисник, осврнувајќи се на Терминаторот. „Скајнет станува свесен за себе“, „И велат дека Скајнет е невозможен“ и „Никој што го гледал Терминатор не е изненаден од ова“, се само некои од коментарите. Други се потсетија на филмот „Јас, Робот“. „Јас, Роботот почна“, напиша еден корисник, додека друг додаде: „Дали никој не го гледаше Јас, Роботот? Ова е само почеток!“ Дали човекот само му се пречел на патот на роботот? Сепак, некои корисници предупредија дека видеото не покажува дека роботот решил сам да го удри човекот. Со оглед на тоа што човекот го држи далечинскиот управувач во рака, можно е роботот едноставно да извршувал дадена низа движења, а човекот се приближил премногу до него. „Повеќе изгледа како човекот само да му се пречел на патот на сопствениот робот откако притиснал копче на далечинскиот управувач“, коментирал еден корисник. „Тој стартувал програма што била инсталирана, а потоа му се пречел“, се согласил друг. „Зошто на роботите им се предаваат боречки вештини?“, прашал еден корисник, додека друг коментатор едноставно ја опишал целата ситуација како „механички дефект“.Тагови: хуманоиден робот програмер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
МетеоВрнежлив викенд со температура до 32 степени, од вторник заладувањеВремето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 18 Попова Шапка, 24 Крушево, 26 Маврови Анови, 27 Претор, Берово, 28 Охрид, Крива Паланка, 29 Прилеп, 30 Виница, Битола, 31 Тетово, Струмица, 32 Гевгелија, Демир Капија, Штип, Скопје – Зајчев Рид, Кавадарци, Скопје Петровец, Велес. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала локална облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во крајните северни и источни региони ќе има услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 15, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 32 степена. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Во недела ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер. Во понеделник врнежите ќе бидат со послаб интензитет. Од вторник се очекува стабилизирање на времето, а поради продор на постуден воздух од север температурата ќе опадне за неколку степени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook