3Коцевски: Македонија едно големо градилиште, 1200 проекти со помош на Владата се реализираат на целата територија на државата
3Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 2. јануари 2021 година Дневен хороскоп за сабота, 2. јануари 2021 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно вечерва ќе излезете и убаво ќе си поминете во добро друштво. Не останувајте дома. Кариера Со мали чекори може да стигнете до значајна цел исто како и со големи чекори. Затоа несе грижете ако напредокот е постапен. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои ќе чувствуваат се поголема поврзаност со личност со која работат. Ќе ги интересира што би можело од тоа да произлезе. Кариера Вашите колеги и соработниците ќе ги прифатат идеите што им ги нудите. затоа ќе бидете многу задоволни. Здравје и совет Верувајте во подобри денови. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележите дека драгата личност станува се повеќе чувствителна. Бидете внимателни. Кариера Посакувате уште поголеми признанија од оние што неодамна ги добивте. Би било добро да сте малку поскромни. Здравје и совет Треба повеќе да се рекреирате. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност ќе очекува повеќе нежност , а слична потреба ќе имате и вие. Треба само да почнете. Кариера Пред вас се нови можности , кои се уште не се отворени целосно , но ги насетувате. Здравје и совет Служете се со интуицијата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Нема да знаете што најдобро да направите , односно како да се поставите. Единствен вистинским патоказ е вашето срце. Кариера Уште подобро ќе соработувате со луѓето на работното место. Ќе ви оди од рака секој проект , па дури и оној што сте мислеле дека е тежок. Здравје и совет Бидете подготвени на соработка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во текот на денот ќе имате се поголема потреба да се затворите меѓу четирите ѕида на домот. Веројатно нема да излезете на забава. Кариера Би сакале нешто да предложите , но не сте сигурни како ќе биде прифатено. Ќе ја тестирате идејата врз најблискиот колега. Здравје и совет Имате право на одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе се вклучите во мрежата на весели луѓе , кои се подготвени се да споделуваат со другите. Тоа ќе ви биде полн погодок. Кариера Сакате да се пошегувате со колегите . Денеска ќе направите мала сцена , но никој нема да ви замери. Здравје и совет Добро е што не ги комплицирате работите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе успеете да најдете заеднички јазик со саканата личност или со онаа која ви се допаѓа. Ќе бидете поопуштени. Кариера Денеска ќе треба малку да излезете од сенка и да поработите на еден деловен договор. Ќе бидете внимателни. Здравје и совет Читајте меѓу редови. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби ќе бидете доста романтични или на саканата личност ќе и предложите одење на забава. Немојте да се срамите. Кариера Подготвеноста да попуштите не е вашата типична особина , но денеска ќе бидете такви. Но , и тоа ќе биде на место. Здравје и совет Бидете она што сте. Вага 24.9.-23.10 Љубов Веројатно денеска малку повеќе ќе поработите на вашиот сексуален живот , а на партнерот ќе му биде мило. Кариера Ќе почнете се подобро да се поврзувате со луѓето , а ќе се надоврзат и покани и повици за работа во други региони. Здравје и совет Прошетајте се на воздух. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Оние кои некого освојуваат денеска ќе знаат да изберат вистински зборови за да дојдат до саканата цел. Ќе бидат искрени. Кариера Малку повеќе дипломатија и толеранција би ви заштедило маки и непотребен напор на работата. Здравје и совет Ќе бидете меланхолични. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Сериозните теми ќе успеете да ги тргнете со помош на духовита конверзација. Другата страна ќе нема забелешки. Кариера Ќе дојде до уште подобра соработка со колегите. Ќе успеете да ги прилагодите различните идеи и мислења. Здравје и совет Не се натпреварувајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Шоу бизЛепа Брена се огласи по откажаниот концерт во Крива Паланка: Ви благодарам за разбирањето Лепа Брена беше принудена да го одложи концертот што требаше да го одржи вчера во Крива Паланка, поради неочекувани и неповолни временски услови.Пејачката веднаш се огласи преку својот официјален Инстаграм профил и ја информираше публиката за промената на плановите, објави Телеграф. - Поради неочекувани и неповолни временски услови, вечервашниот концерт во Крива Паланка за жал е одложен - сподели пејачката со своите следбеници. Сепак, нејзините обожаватели нема да мора да чекаат долго за концертот. Како што изјави пејачката, настапот е одложен за вечерва, 30 август, на истата локација. Брена им се заблагодари на публиката за разбирањето и трпението, ветувајќи им дека ќе им пружи незаборавно време. - Ви благодарам за разбирањето и трпението. Се гледаме утре! Ветувам лудо време! - рече Брена во својата објава. Патем, Лепа Брена неодамна имаше лоша среќа на сцената во Будва, кога падна за време на еден настап, по што ѝ беше укажана помош. Повеќе пати кршеше раце и нозе За потсетување, југословенската ѕвезда Лепа Брена неодамна во подкаст зборуваше за сериозните повреди што ги претрпела во текот на годините, вклучувајќи скршени раце и нозе. Пејачката призна дека речиси сите нејзини екстремитети претрпеле повеќекратни фрактури, нагласувајќи колку нејзиното тело било изложено на голем стрес и напрегање. - Јогата многу ми помогна, бидејќи се скршив самата. Ги скршив и левата и десната нога и десната и левата рака. Скршив сè, и тоа неколку пати - рече Брена во „Восткаст“.Тагови: Крива Паланка Лепа Брена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПоповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВРНов скандал го тресе МВР на Панче Тошковски.За 1.400 евра мито, корумпирани структури во рамките на МВР на Тошковски штанцале возачки дозволи за управување со камиони и автобуси на лица кои ниту посетувале соодветна обука, ниту некогаш полагале испит. Ова е показател до каде е раширена корупцијата во МВР но и закана и за животот на граѓаните! Шемата е криминално едноставна, но нејзините последици се застрашувачки: граѓаните фиктивно пријавуваат изгубена дозвола, а службениците на Тошковски во системот незаконски им допишуваат „Ц“ и „Д“ категории. Поради оваа мафијашка мрежа во МВР, во овој момент на нашите патишта се движат над 300 потенцијални убијци - лица кои без обука возат тешки товарни возила или превезуваат патници со автобуси. Ова е континуитет на хаосот, криминалот и неспособноста кои владеат во изминатите две години со Тошковски на чело на МВР. Додека Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и не си ја работи својата работа во МВР е хаос. Панче Тошковски мора да излезе пред граѓаните и да одговори: Кој се е вклучен во оваа криминална шема? Како е можно ваква масовна, организирана операција за фалсификување на државни документи да му се одвива пред нос, во неговото министерство? Кој ги штити овие службеници и каде завршувале тие 1.400 евра по дозвола? СДСМ бара итна, независна и темелна истрага од Јавното обвинителство. Бараме институциите веднаш да ги лоцираат и поништат сите над 300 нелегални дозволи пред да се случи трагедија на патиштата. И најважно, бараме политичка и објективна одговорност. За ваков тежок удар врз безбедносниот систем, оставката е најмалку што може да се направи. Министер кој дозволил јавната безбедност да се продава како на пазар, нема кредибилитет да остане на функцијата ниту еден ден повеќе, рече Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: ВЛЕН ја уништува виталната врска што ја обезбеди ДУИНа 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница .На 6 април 2023 година, Владата предводена од ДУИ издвои 8 милиони евра за изградба на булеварот „Хасан Приштина“, патот познат и како Качанички пат, во правец кон Косово до скопската обиколница каде што требаше да се поврзе со обиколницата и автопатот Скопје - Блаце. ДУИ обезбеди 2 милиони евра за изградба на кружниот тек кај семафорите на булеварот „Словенечка“, како и 6 милиони евра за реализација на булеварот „Хасан Приштина“, средства кои беа префрлени на Град Скопје. Овој проект не беше случаен. ДУИ планираше целосна инфраструктурна поврзаност, бидејќи автопатот Скопје - Блаце нема целосно значење без модерен, функционален и достоинствен влез во Скопје од правецот на Косово. Денес, единствениот влез во Скопје што нема форма на булевар е токму влезот од Косово. Град Скопје го имаше проектирано булеварот, а беа водени разговори и со стопанствениците од подрачјето на Визбегово. Значи, ВЛЕН немаше потреба да измислува ништо ново, туку само да продолжи и да го реализира виталниот проект што ДУИ го подготви и финансираше. Но денес, наместо овие средства да се искористат за реализација на овој стратешки проект, ВЛЕН ги пренасочува и ги насочува кон друг проект во центарот на Скопје. Ова е јасен доказ за неспособноста да се разберат и реализираат стратешки проекти, но и за нивното лицемерие во однос на поврзувањето Скопје - Блаце. Истата неспособност и лицемерие беа потврдени и со автопатот Скопје - Блаце, кој ДУИ им го остави подготвен и спремен за реализација, додека ВЛЕН го одложи за две и пол години и го поскапе проектот за над 30 милиони евра. Не може да се зборува за автопатот Скопје - Блаце, а истовремено да се отстрануваат средствата за патот што треба директно да го поврзе со Скопје. Автопатот без булеварот „Хасан Приштина“ е непотполна врска, додека одлуката за пренасочување на овие средства покажува дека ВЛЕН нема ниту визија, ниту капацитет да го разбере стратешкото значење на овој проект. ДУИ ја имаше проектирано и буџетирано целата врска, од границата со Косово до Скопје. ВЛЕН, дури и готовите проекти што ги наследува, успева да ги одложи, да ги поскапи и да ги оштети, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40