ХороскопДневен хороскоп за 2. декември 2025 година Дневен хороскоп за вторник, 2. декември 2025 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е дека ќе ве окупираат љубовни сеќавања или ќе ве допре една личност од вашето љубовно минато. Кариера Ќе има мали несогласувања меѓу колегите , а вие ќе бидете третата страна која ќе се обидува да ги усогласи. Здравје и совет Ќе сонувате исклучителен сон. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашата потреба за љубов ќе биде зголемена , а шансите намалени. Од таму се фрустрациите. Кариера Бидете доследни во спроведувањето на она што сте го ветиле. Така ќе го подигнете сопствениот рејтинг на работното место. Здравје и совет Пазете се од вирози. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе ве изненади повик за излегување со поголема група луѓе. Не се двоумете , прифатете и ќе ви биде убаво. Кариера На виделина излегуваат плодовите на вашата работа и сега е целосно јасно колкави се вашите заслуги. Здравје и совет Опуштете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашите лични односи добро се развиваат , а денеска ќе добиете покана од пријатели за мала забава. Кариера На работа ќе ги средувате заостанатите помали работи, а шансата што ја добивте се развива како што треба. Здравје и совет Подобрување. Овен 21.3-20.4. Љубов Доколку денеска излезете , можно е да сретнете личност , која ќе ве зашемети. Затоа излезете. Кариера Младите киолеги ќе ви се воодушевуваат на професијата што ја работите , но вие ќе тереба да се покажете како одговорен работник. Здравје и совет Подобрување. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска ќе му се предадете на вашиот свет на мечтаење , а ќе заборавите на реалноста. Некои дури и ќе измислат личност што не постои. Кариера Целиот ваш труд ќе може демнеска дас е собере во еден збор : плеткање. Одберете си ги приоритетите , направете подобар план и тогаш делувајте според него. Здравје и совет Приберете се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И денеска е добар ден за излегување , па сепак поверојатно е дека среќата ќе ја побарате во мирната атмосфера на топлиот дом. Кариера Ќе добиете креативни нагони и ќе се обидерте да ги вклопите во она што го работите . Идеите ќе бидат интересни. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Рак 22.6-22.7. Љубов Одличен ден за излегување , забави и дружби. Без оглед на работната недела , одете меѓу луѓе. Ќе ви биде убаво. Кариера Веќе е полесно и работите се кристализираат. Успеавте да ги надминете и последните пречки и да продолжите понатаму. Здравје и совет Уживајте во спортот. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно во текот на денот се повеќе ќе ве преплавува плима од емоции , која веќе нам да можете да ја скриете пред другата страна. Кариера Некои ваши можности би можеле да испливаат на површина , иако и самите нема да знаете како да ги презентирате. Ќе ви дојде самото од себе. Здравје и совет Не е проблем ако се расплачете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Покажавте што чувствувате , а сега прифатете ја реакцијата од другата страна. Не с еплашете , на крајот искреноста носи добро. Кариера Ќе имате мали финансиски трошоци , на кои не сте сметале. Сето тоа ќе мора да го запишете во книгите на компанијата. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема долго да чекате додека личност од вашата работна средина не ви ја открие својата наклонетост. Денеска ќе има можност за тоа. Кариера Малку повеќе труд вложете во својата работа , па нема да изостанат резултатите. Соработувајте со другите колеги. Здравје и совет Не може вечно да се живее на стара слава. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов И партнерот и вие ќе бидете во емотивна фаза, но секој на свој начин. Бидете поотворени кон саканата личност. Кариера Тешко ќе се договарате околу работата , зашто едноставно нема да ви се работи .Обидете се барем да го одработуите минимумот. Здравје и совет Ви недостига дисциплина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЌерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари. „Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм. Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез. Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“. „Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера. View this post on Instagram A post shared by 🧚🏻♀️ (@sundayrose) „Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФридрих Мерц е во сериозни проблемиСамо 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар. Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември. Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти. Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“. Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас. Извор: Б92Тагови: Фридрих Мерц Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Свет„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси МадуроАмериканскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“ – чет-бот со вештачка интелигенција во сопственост на Илон Маск – како народот на Венецуела би реагирал на апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро. Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата. Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад. Операција во Каракас Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави. Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“. Извор: Индекс.хрТагови: Доналд Трамп Николас Мадуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook