ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт
2ВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на власт
ХороскопДневен хороскоп за 2. август 2026 година Дневен хороскоп за недела, 2. август 2026 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако денеска се обидете да го збогатите својот љубовен живот , преку некоја своја креативна идеја , тоа нема многу да успее. Кариера Ќе уживате во бавното темпо на работа. Некои дури и ќе претераат во опуштање. Добро е да се работи без стрес , но треба добро да се сработи. Здравје Немојте толку да се плашите. Девица 23.8.-23.9. Љубов Додека вие се трудите да бидете љубезни и да го одржувате балансот и мирот во врската, од внатре ќе чувствувате сомнеж. Кариера Објективно , не сте лоши и другите ве поддржуваат во работата , но без особен апричина некој од колегите би можел да биде деструктивен. Здравје Издржете. Вага 24.9.-23.10 Љубов Конечно влегувате во поконструктивен љубовен период , кога критиките на ваша сметка се забораваат. Радувајте се. Кариера Ќе бидете фокусирани на луѓе и дружби , така што за работа нема многу да размислувате . Ќе работите автоматски. Здравје Ќе се снајдете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои можеби ќе почнат да размислуваат за личност што ја познаваат од работа. Нема да бидат сигурниз а што точно станува збор. Кариера Мислите за работа ќе доаѓаат сами по себе , но ќе бидат смирени , позитивни и амбициозни. Денот е добар за на мир да се направат нови планови. Здравје Барем на момент заборавете на се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Малку нешта може да ви попречат во овој момент на вашиот љубовен пат. Се се развива на добро , а вие сте задоволни. Кариера Денеска не ги слушајте пријателите ако ви дадат свое мислење за една ваша деловна идеја. Нема да ве разберат. Здравје Наспијте се . Јарец 22.12.-20.1. Љубов И денеска е можно убаво да се забавувате и да бидете гостин на атрактивна забава. Саканата личност ќе биде покрај вас. Кариера Оние кои сакаат спорт , ќе се најдат на напнат натпревар.Другите ќе уживаат , малку ќе работат , а малку ќе се забавуваат. Здравје Време е за повеќе вежбање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Не очекувајте премногу од денешниот ден. Добар е за пребарување по спомени , но без конечни заклучоци. Кариера Ќе размислувате дали и колку ве сака шефот , какви ви се односите со соработниците и дали си ја сакате работата. Здравје Преспијте до утре , па донесете одлука. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете популарни и прифатени во секое друштво. Ако уште сте сами , излезете меѓу луѓе , па макар само на кафе. Кариера Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило. Здравје Држете се до својот план. Овен 21.3-20.4. Љубов Ако имате потреба денот да го поминете сами , направете го тоа. Ако сакате да се поверите на близок пријател , и тоа е добро. Но , не очекувајте љубовен жар. Кариера Може само да бидете среќни што денеска немате многу работа , зашто не сте во топ форма. Одработете го она што го морате и опуштете се со содржини што ги сакате. Здравје Не размислувајте премногу. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе почувствувате дека може да уживате во ссосема обични работи и дека покрај љубов не вио се потребни атракции. Кариера Потрудете се добро да ги организирате работните часови , за подготвени да го дочекате она што доаѓа и да имате нергија да го завршите. Здравје Останете смирени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе сакате да најдете решение по секоја цена , а токму таквиот приод нема да донесе резултати. Ви преостанува само да чекате. Кариера Веројатно ќе го почувствувате новиот бран енергија , поради што ќе изгледате поактивно и позитивно кон работата. Здравје Продолжете да работите. Рак 22.6-22.7. Љубов Мало вознемирување поврзано со вашето семејство накратко ќе ве потресе , но вашата врска и натаму е квалитетна. Кариера Одвнатре ќе бидете нетрпеливи за да ги докажете своите проценки , но сепак цел ден ќе мора да слушате други. Здравје Мал душевен немир.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНормализиран сообраќајот на Граничниот премин ТабановцеМинистерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања.Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. Со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци, што придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин Табановце. Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС да престане со лагите, растот на платите за време на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е за 70% повисок од период кога СДС беше на властНа лагите од СДС им нема крај. Од СДС на Венко Филипче, континуирано си поигруваат со граѓаните и им создаваат паника.Еве неколку бројки со кои можеби на раководството на СДС поставено од Филипче ќе му биде појасно. Во месец јуни 2017 година просечната плата изнесувала 22.808 денари, а во мај 2024 година просечната достигнала 41.252 денари. Тоа е зголемување од 18.444 денари за 84 месеци, што значи дека просечната плата во просек се зголемувала за околу 220 денари месечно. Во јули 2024 година, просечната плата изнесуваше 40.961 денар. Во мај 2026 година, просечната плата достигна 49.544 денари. Тоа е зголемување од 8.583 денари за 23 месеци владеење на ВМРО-ДПМНЕ. Во просек, просечната плата се зголемувала за околу 373 денари месечно. Во периодот на ВМРО-ДПМНЕ, просечната плата растела околу 70% повеќе месечно отколку во периодот кога на власт беа СДС и ДУИ. Не се потребни празни зборови и политички пароли. Бројките зборуваат сами за себе. Поголеми плати значат повеќе пари за семејствата, поголема куповна моќ и подобар животен стандард за граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ работи за граѓаните, а резултатите се гледаат во бројките. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМузичка програма за сите генерации на карпошовото културно летоВтората вечер од 17. издание на Карпошовото културно лето, на плоштадот „Делфина“, понуди разновидна музичка програма за сите генерации. Вечерта започна со настапот на најмладите членови на детскиот фестивал „Поточиња“, кои со своите песни внесоа посебна атмосфера и ги забавуваа најмладите посетители. Пред присутната публика настапи и „Пензионерски хор Карпош“, кој со изведба на македонски фолклорни песни придонесе кон негување и промоција на традиционалното музичко творештво. Музичката програма продолжи со настапот на „Тумбао Салса Бенд“, предводен од Петар Реџов, заедно со познатиот македонски музичар Сашо Гигов – Гиш. Тие пред бројната публика изведоа авторски песни и македонски музички евергрини, создавајќи енергична и позитивна атмосфера. На втората вечер од манифестацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и членови на Советот на Општина Карпош, кои заедно со граѓаните уживаа во музичката програма. Во рамки на 17. издание на Карпошовото културно лето, годинава за првпат се реализира програмата „Кино на отворено“, наменета за сите љубители на филмската уметност. Програмата започна со проекција на филмот „Приказна за Силјан“, која се одржа во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“. До 27 август, секоја вечер од 20:00 часот, граѓаните ќе имаат можност секоја вечер да проследат филмски проекции на македонски филмови под отворено небо. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма исполнета со музика, уметност, култура и содржини за сите генерации. Општина КарпошТагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05