Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
1Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
ХороскопДневен хороскоп за 2. август 2025 година Дневен хороскоп за сабота, 2. август 2025 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Би можело да се случи денеска да увидите дека на некои работи едноставно им е истечен рокот на траење. Кариера Ќе ви падне на памет идеја , со која целосно би можеле да го смените системот на вашата работа. Здравје Вашата смисла за хумор веројатно ќе ве напушти. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои од вашите пријатели денеска би можел да ве растажи . Саканата личност ќе успее да ве утеши. Кариера Ќе се замислувате на бина и ќе посакате да слушнете аплауз од публиката . Тоа некои навистина ќе го доживеат. Здравје Трпение , спасение. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денеска многу полесно се дише , а кај вас повторно расте оптимизмот, среќата и задовокството. Истото се однесува и за вашиот партнер. Кариера Бидете максимално тактични во секоја соработка. Ако треба , почекајте до утре и се ќе си дојде на своето место. Здравје Ќе се разведрите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во душата ќе почиствувате олеснување , но и натаму ќе треба да и се прилагодувате на другата страна , зашто таа ќе ги држи конците во своите раце. Кариера Денеска веројатно ништо нема да ви оди од рака. Помирете се со тоа и почекајте до утре , кога се ќе ви изгледа подобро. Здравје Имунитетот и натаму ви е слаб. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе поминува денот , се повеќе ќе ви станува јасно колку се сакате , но кај вас ќе расте и потребата за доминација над партнерот. Кариера Студентите нека бидат внимателни и нека не се залетуваат. За другите вообичаен ден. Здравје Мали емотивни турбуленции. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате силна поврзаност со семејството . Ќе имате потреба да останете дома и да уживате. Кариера Би било добро да го одложите деловното патување – барем до утре. Ако морате да патувате , сметајте на проблеми во транспортот . Здравје Сакате промени. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете склони подлабоко да ги проучите своите приватни односи. Некои ќе се решат да постават нови насоки и граници. Кариера Опасноста мина и повторно можете да соработувате без грижи. На дневен ред доаѓаат финансиските теми. Здравје Пад на имунитетот. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Можни се проблеми во поширокото семејство , така што ќе немате време за љубов или за партнерот. Кариера Уметниците и креативните денеска ќе ги изразуваат експресионистичките идеи пред угледна публика. Здравје Внимавајте на фрустрации. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе доживеат блиска средба со личност од своето љубовно минато. Други само ќе размислуваат за такво нешто. Кариера Атмосферата на работното место би можела да биде напната . Ништо не форсирајте , туку повлечете се и причекајте до утре. Здравје Премногу силни емоции. Бик 21.4- 20.5. Љубов Денеска посебно ќе блескате што ќе биде препознаено од речиси секого. Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа. Кариера Во конкретните работи , како и во услужните дејности , работите ќе ви одат од рака. Уметниците денеска нека мируваат. Здравје Блескате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно ќе бидете во ситуација да покажете колку сте ранливи и емотивни. Другата страна ќе ве разбере. Кариера Ќе смислите нови идеи , со кои би можеле да ги зголемите приходите. Се треба да договорите со колегите. Здравје Немојте да се опијаните , зашто тоа нема да излезе на добро. Рак 22.6-22.7. Љубов Веројатно ќе се заплеткате во уште една љубовна илузија , каде нема да се знае кој пие , а кој плаќа. Кариера Оние кои одмораат , ќе успеат да се опуштат . Оние кои работат , ќе гледат што побргу да ги завршат обврските. Здравје Најдобро е да го преспиете денов.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконописДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места. Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Маченичка смрт на 84-годишна возраст Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочина новинарот Бранко Радовановиќ Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ. Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција. Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаХаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанокПолскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставници на парламентарните партии поради ескалацијата на конфликтот околу Уставниот суд, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.„Поради заканата по внатрешната безбедност на Република Полска, денеска свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката состојба и да се воспостави уставниот поредок“, изјави шефот на кабинетот на Навроцки, Павел Шефернакер, пренесува полската телевизија „Република“. Засега не е прецизирано кога ќе се одржат консултациите. Навроцки вчера ја прекина својата официјална посета на Сенегал и се врати во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд, а претседателот на таа институција, Богдан Свјенчковски, беше суспендиран. „Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Ја прекинувам посетата на Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата „Икс“ (X). Од полицијата соопштија дека нејзини припадници влегле во зградата на Уставниот суд по инцидентите пред оваа институција, при што кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Демонстранти се собраа пред зградата на судот и се обидоа да ја пробијат заштитната ограда, поради што беа распоредени дополнителни полициски сили. Уставниот суд на својата веб-страница објави дека Свјенчковски е суспендиран, додека министерот за правда Валдемар Журек поднесе барање за негово разрешување од функцијата вршител на должноста претседател на судот, како и за одземање на неговиот имунитет. Во Варшава, повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство синоќа ескалираше. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска најави едномесечна суспензија за претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сочански. Овој потег доведе до присуство на полиција за разбивање демонстрации пред зградата на судот, предизвика протести на улиците и го принуди полскиот претседател Карол Навроцки да ја прекине официјалната посета на Сенегал – додека сè уште беше во авион – и да се врати во земјата. #BreakingNews 🇵🇱 Unconfirmed reports of a potential coup attempt led by Prime Minister Donald Tusk have emerged in Poland. President #Nawrocki has reportedly aborted an overseas visit mid-flight and is returning home. https://t.co/MEJilbLDqn #Poland #Warsaw #RegimeChange #Coup https://t.co/CDA8uo1PZn — People's Eye (@eye_peoples) October 30, 2026 Демонстранти и политичари од десничарската опозиција – предводени од Јарослав Качински, лидер на партијата „Право и правда“ (PiS) – се собраа пред Уставниот суд. Полицијата распореди сили околу комплексот по барање на судијката Корвин-Пјотровска, која проценила дека постои потенцијална безбедносна закана. Во текот на вечерта дојде до помали судири, некои поединци фрлаа предмети кон полицајците, а три лица беа приведени откако се обидоа да ја преминат заштитната бариера.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37