Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
1Светски ден на против карцином на грлото на матката: Болестите што можат да се спречат не смеат да бидат наша судбина
2БМВ ги повика сопствениците на 720.000 автомобили во САД да паркираат на отворено и далеку од градежни објекти
ХороскопДневен хороскоп за 2. август 2023 година Дневен хороскоп за среда, 2. август 2023 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашата елоквентност , шарм и снаодливост би можеле денеска да ви донесат нови љубовни поени. Кариера Ќе решавате моментално и без застој. Ќе бидете прецизни и во можност да препознаете долгорочна шанса. Здравје и совет Бидете отворени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Повторно ќе играте на картата на љубезност и фино однесување , но работата е во тоа што станува збор само за надворешност. Љубовта доаѓа од срцето. Кариера Без оглед што можеби најдобро ја знаете работата , ослободете се од потребата да доминирате. Треба да се соработува. Здравје и совет Наспијте се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Нема да се двоумите околу своите чувства. Ќе бидете јасни , а некои и директни . МОжете да остварите повеќето од вашите идеи. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , како и оние од апстрактен карактер ќе ви тргнат од рака. Здравје и совет Ќе се чувствувате добро во својата кожа. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе имате потреба да отидете што подалеку од дома. Ако живеете со партнерот , ќе ви треба објаснување. Ако не, нема да ве најдат дома. Кариера Ќе мислите само како што побргу да ги завршите работните обврски и да одите некаде за да се опуштите. Здравје и совет Поврзете се со луѓето. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Освен што добро ќе се забавувате , во вас ќе расте потребата да бидете главни. партнерот можеби и да се изнервира од вашата потреба. Кариера Потрудете се уште малку и ќе се појават резултатите . Тоа што уште не ги гледате, не значи дека се далеку. Здравје и совет Разбистрете си го умот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете малку повеќе сентимантални и понежни од вообичаено. На саканата личност тоа нема да и пречи, напротив. Кариера Ќе ја одработите работатат како да танцувате. Едноставно , се ќе ви биде лесно. Нема да поставувате непотребни прашања. Здравје и совет Во добра форма сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Секој има свој став , но проблем настанува кога има два става во заедничкиот живот. Денеска ќе мора да се соочите со ова. Кариера Отворената соработка со другите е единствениот начин за даси го подобрите својот статус на работното место. Здравје и совет Бидете мудри. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои пријатно излегување со потврда за вашата популарност во друштвото. Но , внатре и натаму ќе чувствувате празнина. Кариера Можеби нема да бидете најдобро разбрани , па затоа држете се до професионалните стандарди и правила. Здравје и совет Издржете. Овен 21.3-20.4. Љубов Во попладневните часови ќе бидете поопуштени , а ќес е подобри и вашиот однос со лицата кои ви се блиски. Кариера Се што ќе работите или евентуално прегледувате, ќе мора да го објасните . Ќе имате успех во таа работа. Здравје и совет Радувајте се . Имате зошто. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете поотворени за секаков вид забава и дружење , а ќе има и можност за тоа. Кариера Вашите идеи добро напредуваат , а вие сте задоволни што е така. Денеска работете на детали. Здравје и совет Едноставно верувајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина ќе посакаат малку поголема слобода и оттргнување од грижите, што ги мачат. Затоа ќе побараат друштво без обврски. Кариера Ќе финиширате една задача што ви е здодевна. Оваа фаза на работата веќе доволно чекаше за да биде завршена. Здравје и совет Преземете одговорност. Рак 22.6-22.7. Љубов Истовремено ќе лумпувате и ќе фантазирате за идеалистичка љубавна приказна. Тоа ќе биде вистински емотивен стерео. Кариера Сигурно е дека можете и подобро , но моменталните услови можеби тоа не ви го овозможуваат. Само немојте други да обвинувате. Здравје и совет Ќе ширите позитивна енергија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈавна расправа за Законот за семејството – нови решенија за пристап до податоците за посвојувањеСо јавната расправа претседаваше членката на Комисијата, Олга Лозановска.Комисијата за социјална политика, демографија и млади, во рамките на денешната 26. Седница, одржа Јавна расправа по Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за семејството, поднесен од пратениците Весна Бендевска, Даниела Белимова, Павле Арсоски, Бобан Карапејовски и Даниел Стојчевски. Со јавната расправа претседаваше членката на Комисијата, Олга Лозановска, а Предлог-законот го образложи потпретседателката на Собранието, Весна Бендевска, во име на предлагачите. Во дискусијата учествуваа експерти од областа, претставници на здруженија, граѓански организации и институции, како и претставници на Министерството за социјална политика, демографија и млади, кои изнесоа свои мислења, забелешки и предлози во однос на предложеното законско решение. Со Законот за семејството се уредува посвојувањето како и правата и обврските кои произлегуваат од него. Согласно постојното законско решение, податоците за посвојувањата претставуваат службена тајна. Целта на Предлог-законот е уредување на пристапот до податоците и списите на предметите за посвојување, преку воспоставување механизам за остварување на правото на полнолетниот посвоеник на увид во списите на предметот за неговото посвојување. Се уредуваат и постапувањето и одлучувањето по барањата за пристап, пристапот до податоци од медицински причини поврзани со здравјето на малолетниот посвоеник, како и пристапот на крвните сродници на полнолетниот посвоеник под условите утврдени со закон. Потребата од законските измени произлегува и од пресудата на Европскиот суд за човекови права во предметот „Митревска против Северна Македонија“, со која е утврдена повреда на членот 8 од Европската конвенција за човекови права. Судот констатирал дека при одлучувањето по барањето на посвоеникот за пристап до информации за неговото потекло не била воспоставена соодветна рамнотежа меѓу различните интереси. Посочена е и потребата од предвидување исклучоци од начелото на тајност на податоците, особено во случаи кога пристапот до одредени информации е неопходен од медицински причини. Во широка дискусија беше истакната сложеноста и чувствителноста на прашањето, како и потребата предложените решенија внимателно да се разгледаат од правен и практичен аспект. Учесниците посочија дека конечните законски решенија треба да бидат јасни и применливи, со прецизно утврдени правила и критериуми, кои ќе овозможат соодветно постапување и одлучување во зависност од околностите на секој конкретен случај. Терминот за продолжување на оваа јавна расправа ќе биде дополнително утврден.Тагови: Јавна расправа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАНБ откри терористичка мрежа во Македонија: Подготвувале атентат во Грција15:00Кристијан Корабоски доби 30 дена притвор за нападот врз Сара во Охрид11:20Повторно е приведен Кристијан Корабоски, кој крвнички ја претепа неговата девојка, Сара 17:05Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
Осомничениот насилник од Охрид нема да оди во притвор, доби само мерки за забрана за приближување и одземен пасош15:00
Мајката на повредената девојка: Ќерка ми сè уште е во болница, а осомничениот е пуштен на слобода, поднесена кривична пријава против насилникот08:32
МакедонијаОд 15 ноември до 15 март задолжително е поседувањето на зимска опрема во возилатаСогласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци.Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до 15 март, согласно одредбите од “Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“(Сл.весник на Р.М. бр. 169/15, 226/15, 55/16, 11/18, 83/18, 191/18, 70/19 и 98/19 и „Службен весник на Република Македонија“бр. 302/20, 122/21, 33/24, 208/24, 193/25, 258/25, 58/26, 79/26 и 148/26), возилата кои учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително треба да поседуваат пропишана зимска опрема. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, за безбедно учество во сообраќајот на патиштата. (Службен весник бр. 31 од 2010 година), како зимска опрема на моторните возила се подразбира: За моторни возила кои не надминува 3.500 кг.: - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од четири милиметри; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина, со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала. За моторни возила со погон на четири тркала (4x4): - зимски пневматици на сите четири тркала, со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм; - пневматици со летен профил на сите четири тркала со длабочина на нагазниот слој по обем и широчина со минимум од најмалку 4 мм., ако возилото во приборот поседува синџири за снег и во случај кога имаат постојан погон, синџири за снег треба да имаат најмалку за задната осовина, а во случај на преклоплив погон, синџири за снег треба да имаат најмалку на постојано вклучената осовина. За моторни возила кои надминува 3.500 кг: - зимски пневматици на погонските тркала со минимална длабочина на шарите на нагазниот слој по обем и широчина од 6 мм. - пневматици со летен профил на сите четири тркала, со длабочина на шарите на нагазниот слој, по обем и широчина со минимум 4 мм, ако возилото во приборот има синџири за снег со адекватна големина за погонските тркала или други соодветни помагала; - автобуси и товарни моторни возила кои поради технички причини не можат да постават синџири за снег на погонските тркала треба да имаат зимски пневматици на погонските тркала и прирачен алат - лопата. Зимски пневматици се оние пневматици кои на својата бочна страна имаат ознака „MS”, “M+S”, “M & S” и знак на снегулка на стилизирана планина со три врва. Согласно одредбите од Правилникот за задолжителна опрема на возилата, во патниот сообраќај на возилата е забрането поставување на пневматици со клинци. Апелираме до возачите да се придржуваат кон законската обврска за поседување на зимска опрема, бидејќи така овозможуваме непречено и безбедно одвивање на сообраќајот на патиштата во зимски услови.Тагови: зимска опрема Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаУчество на државниот секретар Петрушевски на Виенската миграциска конференцијаДелегација од Министерството за внатрешни работи, предводена од државниот секретар Сашо Петрушевски, учествува на Виенската миграциска конференција, што се одржува од 16 до 17 ноември 2026 година во Австрија. Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија Зоран Димитровски, со претставници од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија исто така се учесници на овој многу значаен настан. Годинешната конференција се одржува во услови на длабоки геополитички, економски и технолошки промени, со далекусежни последици за глобалната соработка, мобилноста и миграцијата. На конференцијата се одржаа неколку панели на кои учесниците ги разгледуваа модалитетите на управување со границите како одговор на безбедносните предизвици. Во фокусот на интересот на конференција е глобалниот пазар на трудот и импликациите врз мобилноста и генерално врз потребата на луѓето за миграција. Сесиите на конференција дополнително истражуваа како миграцијата се одвива низ сите рути и како новите правила, вклучително и Пактот на ЕУ за миграција и азил создаваат и поддржуваат отпорни миграциски системи. Македонската делегација учествуваше на панелот посветен на влијанието на геополитички услови врз миграциските приоритети. За време на овој панел, беше презентирана различната реалност во повеќето европски земји, при што се заклучи дека европската миграциска соработка може да ги задоволи различните безбедносни национални потреби. За време на конференцијата се одржа билатерална средба на македонската делегација со генералната директорка на Меѓународниот центар за развој на миграциските политики (ИСМПД) Сузан Раб. За време на билатералната средба се дискутираше за приоритетите и поддршката за државата. Беа посочени областите каде би се насочила советодавна и техничка помош заради зајакнување на институционалните капацитети, подобрување на меѓу-институционалната соработка и поддржување на имплементацијата на националните миграциски политики.Тагови: Петрушевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter