ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
1ТОК бара инспекција на Алта банка и на одговорните лица во НБС поради можен одлив на пари во странство.
ХороскопДневен хороскоп за 2. август 2019 година Дневен хороскоп за петок , 2. август 2019 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Во своето љубовно секојдневие ќе внесувате сосема оригинални идеи , а најверојатно со ручек или вечера за двајца. Кариера Оние кои работат креативна работа ќе бидат многу современи во својот израз и идеите. И натаму ве заморуваат шефовите. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата чувствителност денеска ќе биде зголемена , а другата страна ќе биде расположена за експериментирање во љубовта. Кариера Малку ќе недостига за да добиете алергија на шефот. Обидете се барем во мислите да се оддалечите од него. Здравје и совет Нервоза и замор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал шок. Кариера Вашите надредени би можеле пред вас да претстават еден предлог што е малку чуден . Првин размислете , а потоа расправајте за него . Здравје и совет Победувате со издржливоста. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Може да очекувате исполнет љубовен ден. Дури и ако сте сами , би можеле одлично да се забавувате. Кариера Можни се мали недоразбирања во соработката и при вербалните договарања. Фантазијата ќе ви овозможи да допрете до суштината. Здравје и совет Не морате се да откриете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вашиот личен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Можно е да заминете на службено патување што не сте го очекувале , а кое ќе ви донесе радост. Здравје и совет Не треба да жалите по она што поминало. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирањата во личните односи може да ги елиминирате со чиста есенција на љубов без зборови- со нежност. Кариера Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата , но нема да носите заклучоци. Здравје и совет Бидете пример за помладите од вас. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно е се подобро поврзување со спротивниот пол , а особено со некој кој не е од вашата околина. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па дури и редовните напори на кои сте навикнати , ќе ви предизвикаат тешкотии. Здравје и совет Потсетете се што е тоа што го сакате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Не се знае кој денеска ќе биде потажен- вие или вашата најсакана личност. Не е ден за анализи , туку за утеха и толеранција. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција , што ќе ве замори. Станува збор за многу напорен начин на изразување. Здравје и совет Потребна ви е релаксација. Овен 21.3-20.4. Љубов Емотивност , нежност , чувство на препознавање на оние скриени суптилни нивоа во односите- Сето тоа ќе го доживеете денеска. Кариера Можни се проблеми во привршување на покуси фази при работењето. Ќе мора да бидете попрецизни. Здравје и совет Веќе ништо не може да ве изненади. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ги иамте сите адути во своите раце. Потребно е само да зборувате за она што ви лежи на срце. Кариера Некои ќе се затекнат на интересен состанок на кој ќе има сешто- од неморални понуди до морализирање и филозофирање. Здравје и совет И натаму чувствувате замор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Барањата за внимание од еден член ан вашето семејство , накусо ќе ве оддалечи од саканата личност. Кариера Во работата денеска ќе внесете чувства. Некои ќе бидат наклонети и кон драматизирање.Направете исчекор и опуштете се. Здравје и совет Внимавајте на грлото. Рак 22.6-22.7. Љубов Тоа што во моментов има празнина или дистанца во вашите лични односи , денеска ќе биде заборавено по разговор со ваш близок пријател. Кариера Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве натераат да решавате една загатка , а вие сакате да бидете детектив. Здравје и совет Тргнете се настрана и средете си ги мислите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Цеца за фотките во бикиниБалканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело. Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците. Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца. Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати. Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија. Тагови: Цеца Ражнатовиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Сабаленка ужива во тангаСабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови. Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона. По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови. Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време. Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи. Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.Тагови: Арина Сабаленка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСупер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на БаернФудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник 2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд. Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд. Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините. Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот. Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката. Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва. Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook