МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
1МВР: Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка
2Кулминација на протестите- судири со полицијата во Франција, сериозни инциденти на протестите во Германија
ХороскопДневен хороскоп за 2.6.2019 година Дневен хороскоп за недела, 2. јуни 2019 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се интензивира комуникацијата меѓу вас и лицата од спротивниот пол. Оние кои сеуште се сами , ќе се затекнат во шармантно друштво. Кариера Веројатно сте на патување на кое му се радувате. Склулчувате деловни догиовори со малку напор , но во исто време и се забавувате. Здравје и совет Немате смисол за хиерархија. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе препознавате убавина во се што ве опкружува и со чисти намери ќе им приоѓате на лицата од спротивниот пол. Кариера Вашата објектиовност, професионалност и посветеност во работата, секому ќе биде пример како се работи. Здравје и совет Стабилни сте и цврсти. Лав 23.7-22.8. Љубов Можно е да налетате на убава љубовна шанса. Не седете дома, туку излезете меѓу луѓе. Кариера Оние кои работат со млади , ќе бидат во добивка. Сите останати ќе ги забавуваат колегите на работа. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во личните односи денеска ќе преовладува опуштена атмосфера. Ммногумина ќе ја подобрат својата врска. Кариера Ќе имате шанса да уживате во сите благодети на своите достигнувања. Задоволството со резултатите од работата е гарантирано. Здравје и совет Поминете го слободното време со пријателите. Вага 24.9.-23.10 Љубов Еден семеен проблем ќе биде критичен и ќе бара итно решавање. Тоа ќе ви одземе поголем дел од времето што требало да го поминете со саканата личност. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализирање. Ако има некакви заостанати работи , ќе ги завршите. Здравје и совет Бидете трпеливи и издржете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска ќе се посветите на некои семејни проблеми , па за саканата личност ќе ви остане многу малку време. Кариера Имате потреба привремено да се повлечете. Некои ќе тргнат на кус годишен одмор , а оние кои работат , само ќе ги одработуваат задачите. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е уште еден ден со фрустрации , кога станува збор за љубовта.Речиси ништо нема да ви оди од рака. Кариера Шансата за напредување во кариерата е тука, но со неа одат ред , работа , дисциплина и одговорност. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Би можеле да бидете на раб на одлука за прекин на една приватна врска , но немојте ништо да решавате. Утре ќе ви изгледа поинаку. Кариера Вашите претпоставени веројатно ќе ја анализираат состојбата и ќе ја менуваат така што ќе се смени и вашиот статус. На подобро. Здравје и совет Пад на имунитетот. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска на мнопгу спонтан начин би можеле да запознаете интересна личност. Се ќе почне без никакви обврски. Кариера На повидок е подготовка за кусо службено патување, кое би требало да ви донесе задоволство. Здравје и совет Ќе бидете весели. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во текот на денот ќе си поставувате нови приоритети во личните односи. Ќе сфатите што всушност ви е важно. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еден финансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Цврсто стоите на земја. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска е вашиот вистински љубовен ден. Се ќе ви биде поврзано со љубов , размена на исти идеи, телепатско разбирање и поврзување. Кариера Едни би можеле да се впуштат во професионално усовршување, други ќе добијат стипендија , а трети ќе се поврзат со странци. Здравје и совет Успешно се справувате со уморот. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку сте се поврзале со личност од друго поднебје , денеска уште повеќе ќе се зближите. Ќе бидете задоволни. Кариера Со силата на духот и одличните идеи ќе го надвладеете заморот и постојаните барања кои можеби не ви се интересни. Здравје и совет Ќе се засили вашата смисла за хумор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалОд зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“. Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг. Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија. Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет. Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза. Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона. Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето. Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција. Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.Тагови: Килијан Мбапе Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
ЖивотФер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на ЧеликДефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз. Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините. Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин. Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите. На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалФудбалскиот сојуз на Србија две недли пред изборот без кандидат за наследник на ЏајиќФудбалскиот сојуз на Србија се соочува со неизвесни избори за наследник на Драган Џајиќ. На помалку од две недели до закажаното Собрание, сè уште нема истакнато официјални кандидати за претседателската функција. Рокот за поднесување кандидатури е истечен, иако постои можност сепак да пристигнат пријави испратени по пошта. Како краен рок за завршување на овој процес се наведува понеделник. Најрано во понеделник се очекува мислење од правните експерти на УЕФА во врска со прашањата што влијаат на изборниот процес и на тековното функционирање на Федерацијата. Дополнителен проблем претставува претстојното истекување на мандатот на Собранието. Доколку не се најде соодветно решение, ФСС би можел да остане без ниту еден управувачки орган што поседува важечки мандат. Една од можностите за кои се разговара е воспоставување привремена управа под покровителство на УЕФА. Во такво сценарио, претставници на европската фудбалска организација би го презеле управувањето сè до одржувањето на нови избори – кои би можеле да се случат дури во 2027 година. Сепак, во овој момент сè уште не е донесена таква одлука. Друга можност би била формирање на привремена управа составена од поединци од Србија. За таков чекор би било потребно свикување седница на Собранието, со цел да се донесе потребната одлука. Исто така, се разгледува и опцијата за именување вршител на должноста претседател од редовите на актуелното раководство на ФСС (Фудбалски сојуз на Србија), како начин да се премости периодот до конечниот исход на изборниот процес. Ситуацијата дополнително се усложнува поради обврските што го очекуваат Сојузот следната година, со оглед на тоа што Србија ќе биде домаќин на Европското првенство за играчи до 21 година. Следствено, неизвесноста околу раководството предизвикува загриженост и во однос на континуитетот на подготовките за овој значаен турнир. Конечниот исход останува непознат; сепак, се очекува мислење од правните експерти на УЕФА, кое би требало да ги разјасни достапните опции и понатамошниот тек на изборниот процес.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48