Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
2Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува
ХороскопДневен хороскоп за 2.5. 2019 годинаДневен хороскоп за четврток ,2.мај 2019 година. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљСветската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови. Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година. Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика. „Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи. Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница15:18ДИК: Излезноста на локалните избори во Брвеница до 13 часот е 27.81 %.13:24
БалканСоветот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта ПејНа денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети. Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем. „Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора. Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците. Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора. Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжуваГолема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ. Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти. По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот. За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови. Почитувани граѓани, Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите. Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело. Сами против сите. Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена. Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook