Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
2Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
Препознај ја лажната вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испробаат „Escape Fake“
2Препознај ја лажната вест, играј и научи: Јуроп хаус ги повикува младите да ја испробаат „Escape Fake“
ХороскопДневен хороскоп за 19. септември 2020 годинаДневен хороскоп за сабота,19.септември 2020 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Како што ќе минува денот, вие се повеќе ќе размислувате за себе и својот партнер , како и за тоа каква ви е врската. Кариера Ќе бидат потребни ваши мали прилагодувања за да склучите еден деловен договор.Затоа не избрзувајте , туку соработувајте. Здравје и совет Душевен немир. Вага 24.9.-23.10 Љубов Личноста со која работите ќе ви го покаже своето емотивно лице. Ќе биде нежна , а вие ќе сакате да и се приближите. Кариера Во малите работи денеска би можеле да бидете брилијантни. Тоа не значи дека вашите амбиции се намалени. Здравје и совет Внимавајте што јадете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Во попладневните часови би можело да дојде до амло емотивно вознемирување, па предвидете го. Ќе помине. Кариера Денеска треба да бидете максимално тактични и да слушате што ви сугерираат луѓето со кои работите. Здравје и совет Немојте да го наметнувате своето мислење. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашето друштво и пријателите нема да се во согласност со вашата врска или со партнерот. овој пат ќе мора да ги разделите. Кариера Нема да бидете задоволни од својот резултат. Ќе ви се чини како да не сте добиле соодветна награда. Здравје и совет Не се споредувајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ништо нема да ве спречи за да го обновите вашиот сексуален живот. Во тоа ќе бидете поуспешни при крајот на денот. Кариера Конечно ќе дојде до договор и решение за дел од новите или млади соработници на работното место. Ќе ви се допадне. Здравје и совет Здравјето ви е добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денот е добар за излегување и забава. Без оглед што можеби сте преокупирани со други работи, не дозволувајте друштвениот живот да ви стагнира. Кариера Подготвени сте да им пружите рака за помош на младите соработници на работното место. Тие ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете многу расположени за љубов , но партнерот или ситуацијата ќе ве наведуваат на многу страстни реакции. Кариера Оние кои работат од дома или во мали компании денеска со цело срце ќе мора да се борат за секоја ситница. Ќе биде напорно. Здравје и совет Замор , нервоза и лошо расположение. Овен 21.3-20.4. Љубов Неблагодарно е да се биде заводник , доколку не ве прифаќаат онака како што би сакале. Немојте да се наметнувате , туку имајте трпение. Кариера Денеска нема лесно да наоѓате заеднички јазик ниту со соработниците , ниту со шефовите . Затоа молчете и работете. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ако имало семејни несогласувања , денеска ќе се расчистат , но вашите лични односи се уште не ви даваат задоволствомкакво што сте очекувале. Кариера Како што ќе минува денот , вие се помалку ќе се трудите околу работата , зашто ќе ви недостига мотивација. Здравје и совет Потребно ви е релаксирање. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе ги разгледувате своите и навиките на вашиот партнер , па ќе настојувате што подобро да го организирате заедничкиот живот. Кариера Конечно ќе почне онаа мала заштита , што ќе ви ја олесни работата. Тоа ќе биде драгоцена помош. Здравје и совет Внимавајте на настинки. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите недоразбирања ќе бидат целосно заборавени во попладневните часови , кога уште повеќе ќе се зближите со саканата личност. Кариера Мали надмудрувања со некои од соработниците денеска ќе завршат и работите ќе тргнат во нова насока. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе балансирате меѓу она што вие би го сакале и она што го откривате како реалност. Тоа нема да биде исто. Кариера Денеска на работа би можеле да покажете завидно ниво на интуиција. Затоа потпрете се на својот внатрешен глас. Здравје и совет Наоѓате решение за мали проблеми со дигестијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаГерасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај васГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси. Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година. „Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски. Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето. Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование. За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизПејачката Теа Таировиќ проговори по итна операција: „Стомакот ми беше полн со крв“ Младата и атрактивна српска пејачка Теа Таировиќ откри дека ја игнорирала болката, а сега ги предупредува другите да го слушаат своето тело.Теа Таировиќ се јави од болница по операцијата, откривајќи дека во неделата, на 25 октомври, ѝ пукнал крвен сад во стомакот. Пејачката призна дека ја игнорирала болката и одбила хоспитализација по концертот во Франкфурт, убедена дека не ѝ е потребна медицинска помош. – Драги мои, голем поздрав до сите вас – за жал, од болнички кревет. Сакам да ве известам дека, за жал – веројатно повеќе за мене отколку за вас – нема да се дружиме во наредниот период поради моите здравствени проблеми – изјави Теа Таировиќ, додека во позадина случајно свиреше „тажна музика“, на што таа се пошегува и се насмеа. „Имав операција и се чувствувам добро; се надевам на што е можно побрзо закрепнување. Значи, ќе бидам добро – закрепнувам – и ќе објаснам што се случи, за да спречам какви било измислици или конструирање дополнителни дијагнози. Пред сè, сакам да кажам дека ова за мене претставува сериозен повик за будење; исто така, ова може да биде порака и за сите што го гледаат ова: мора да го слушате своето тело и да се грижите за него“, изјави пејачката, а потоа додаде: „По концертот во Франкфурт, стомачната празнина ми се наполни со крв. Дури и одбив хоспитализација во Франкфурт, верувајќи дека не ми е потребна и дека сум добро.“ Таа додаде дека се чувствува добро по операцијата и се надева на брзо закрепнување, а своето искуство го опиша како одличен потсетник. – Морате да го слушате своето тело и да се грижите за него – рече пејачката.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државатаНема држава што прави втор ребаланс на буџетот ова утринава го изјави пратеникот и лидер на СДСМ Венко Филипче.Според него тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter