ХороскопДневен хороскоп за 19. септември 2019 година Дневен хороскоп за четврток , 19. септември 2019 година . Девица 23.8.-23.9. Љубов Подобро ќе се чувствувате во поширок круг на луѓе , отколку во двојка. Затоа поврзете се со друштвото и не прашувајте премногу. Кариера Ниту денеска не треба да изостанат пофалби за вашата работа. За многумина ќе бидете пример за добар работник. Здравје и совет Ослободете се од љубовните грижи. Вага 24.9.-23.10 Љубов Најдобро ќе се чувствувате ако со саканата личност останете дома. Тука ќе се предадете еден на друг. Кариера На повидок е решение на еден проблем поврзан со недвижност или со вашиот дом. Работата ќе ја завршите вообичаено. Здравје и совет Дозирајте ја храната и пиењето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои ќе уживаат во таинствени погледи или ќе градат мал флерт. Други ќе се водат со интуиција или мечта по љубоните прашања. Кариера Денеска ќе биде потребно да се одработи една мала заостаната работа , што чекаше извесно време. Ќе биде тоа мала инвентура. Здравје и совет Пијте повеќе течности. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Можно е претерување или фалби кон себеси пред други. На некои тоа можеби ќе им изгледа симпатично , а некои ќе бидат изнервирани. Кариера Вашите шефови се подготвени да ви излезат во пресрет и покрај тоа што можеби не е праведно. Ценете го нивниот став. Здравје и совет Претерувате во исхраната. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно ќе раскажувате нереални приказни за вашиот љубовен живот , за да ја импресионирате другата страна. Кариера Ако пред вас поставуваат поголеми и позначајни задачи , тогаш треба да ги оправдате со серизоно залагање. Здравје и совет Пораснете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашата љубовна ренесанса ќе продолжи и денеска и тоа уште подобро , посилно и посреќно. Сите врати ви се отворени. Кариера Би можел да се случи оној прекрасен момент кога работите сами си доаѓаат на своето место. Одете напред. Здравје и совет Денеска планетите се на ваша страна. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе најдете начин за да и се приближите на личноста која ви е блиска, но се уште нема да го доживеете исполнувањето кон кое тежнеете. Кариера Пред вас е поволна финансиска можност за која некогаш сте сонувале. Сега на вас е редот паметно тоа да го искористите. Здравје и совет Јадете пополека и доволно џвакајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Можно е да одите на некое место на кое не одите често и убаво да си поминете. Не форсирајте ништо. Кариера Ќе ги раширите вашите деловни контакти , но во самото изразување се уште сте збунети. Затоа оставете ги другите да зборуваат наместо вас. Здравје и совет Мали нервози. Бик 21.4- 20.5. Љубов Сите критики и проблемите што ги имате со другата страна денеска успешно ќе ги решите со спонтан разговор без притисок. Кариера Не ви е сосема јасна вашата цел, така што и други ќе ве прашуваат за тоа. Не им замерувајте ако немаат трпение да ве сослушаат. Здравје и совет Слушајте ги луѓето во вашата околина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Можеби ќе се чудите колку добро ви оди во љубовта. Единствено внимавајте да не зборувате таму каде што не треба. Кариера Вашата енергија ќе биде заразна за околината. На многумина ќе им бидете поттик зашто сте конструктивни и посветени на работата. Здравје и совет Понекогаш земете си пауза. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе размислувате што сте постигнале до сега во приватниот живот. Ќе ги анализирате своите постапки. Кариера Трудот што до сега сте го вложиле донесе стабилни темели за развој на работата. Продолжете да го градите започнатото. Здравје и совет Бариерите се уриваат сами од себеси. Лав 23.7-22.8. Љубов Дури и ако не сте пресреќни во приватниот живот , денеска ќе најдете рамнотежа со помош на луѓето и пријателите блиски до вас. Кариера Можно е да го добиете заслуженото признание или ќе се појават резултатите од вашата претходна работа. Здравје и совет Сите ќе ги победите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter