Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
2Возач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријава
3 Научниците тврдат дека погрешно ги сметаме кучешките години – Еве колку всушност е возрасно вашето куче
ХороскопДневен хороскоп за 19. ноември 2019 година Дневен хороскоп за вторник, 19. ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Сигурност и верба во подобро утре ќе ве поттикне на личноста која ви се допаѓа да и пристапите со оптимизам. Кариера Работите повторно се вртат во ваша корист и ви се отвораат нови можности. Ве радува што тоа може да потрае. Здравје и совет Не се нервирајте поради ситници. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Во личните односи ќе внесувате се повеќе нежност и внимание. Тоа ќе биде чекор напред во подобрувањето на вашата врска. Кариера Игниорирајте ги провокаторите , кои ви доаѓаат на врата , за да ви направат нервоза. Имате добра иднина и затоа продолжете. Здравје и совет Бидете посилни од другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Нежноста ќе биде главна одлика на денот. Оние во врска ќе се трудат секој слободен момент да го минат со партнерот. Кариера Ќе ги надминете сите проблеми со помош на убав збор и трпение. Ќе бидете подготвени на компромиси. Здравје и совет Одморете се во природа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние кои се во врска денеска ќе се потрудат за да го подобрат својот и сексуалниот живот на својот партнер. Кариера Најмногу ќе ве интересираат нејасни , тајни теми или алтернативни методи. Сите други работи ќе ви бидат здодевни. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Точно кога помисливте дека сте на коњ, ќе увидите дека цврсто се држите за магаре. Размислете. Кариера Можно е дека ќе ви биде предложено нешто за што треба подлабоко да размислите. Затоа не брзајте , туку повлечете се. Здравје и совет Несоница. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина денеска ќе сонуваат за идеална љубов и така самите ќи даваат утеха поради она што им се случува во реалноста . Методот не е лош. Кариера Работата ќе ја одработите толку површно , што едвај ќе дочекате да си одите дома. таму ќе се занимавате со нешто што ви е интересно и што ве опушта . Здравје и совет Почнете да вежбате. Бик 21.4- 20.5. Љубов Доколку денеска излезете , ќе успеете да се забавувате , но не очекувајте некое зближување. Односите ќе останат на површинско ниво. Кариера Добро ќе комуницирате и ќе разменувате идеи. Оние кои учат , ќе знаат да го спојат знаењето со креативноста. Здравје и совет Откријте ја својата слаба точка. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Календарот на вашите љубоивни настани е се побогат , па тешко наоѓате слободни термини за сите оние кои сакаат да ви се приближат. Кариера Некои ќе планираат големи проекти и ќе градат кули во воздух. Другите ќе работат толку колку да гиз авршат задачите. Здравје и совет Опуштете се. Рак 22.6-22.7. Љубов Вашето однесување денеска ќе биде такво што личностите од спротивниот пол со задоволство ќе ве прифаќаат во свое друштво . Кариера Немојте да претерувате . Околностите ќе ви одат во прилог , доколку ја следите природата на работата. Здравје и совет Мала нервоза. Лав 23.7-22.8. Љубов Забава со пријатели денеска е извесно , а поради тоа саканата личност би можела да ви приговори. Повикајте ја и неа. Кариера Малку ќе се фалите со вашите заслуги. Нешто од тоа е реално, а нешто не е. Пофалете ги и другите . Здравје и совет Не позајмувате пари од пријатели. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои повторно ќе паднат во искушение за тајна љубов. Нема да знаат што да направат и како да се постават. Кариера Со мали чекори некогаш е можно да се направи поголем напредок отколку со сензација и викање. Вие тоа го знаете. Здравје и совет Ќе сонувате убави сништа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се трудат да развијат едно познансто до работното место , денеска ќе имаат добар ветар во грбот.Оние во врска се добро. Кариера Ќе ја комбинирате познатата традиционална стратегија со оригинални идеи , кои наеднаш ви се појавуваат. Здравје и совет Пијте повеќе вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДеветто одделенците со дигитални учебници по математика и хемијаУчениците од деветто одделение од учебната 2026/2027 година за првпат имаат пристап до целосно дигитални учебници по математика и хемија, со интерактивни и мултимедијални содржини и вграден систем за управување со учењето.За разлика од електронските учебници во PDF-формат, новите изданија се наменети за учење во целосно дигитална средина. Покрај текстот и илустрациите, лекциите содржат видеа, анимации, галерии, интерактивни задачи, симулации и други образовни материјали. Преку вградениот LMS-систем наставниците ќе можат да го следат напредокот на учениците во дигиталните лекции и да добиваат увид во областите каде што е потребна дополнителна работа. Од друга страна, учениците ќе можат да ги совладуваат содржините со сопствено темпо и да го следат сопствениот напредок. платформата е приспособена за користење преку компјутер, таблет и мобилен телефон, што овозможува пристап до учебниците од различни уреди.Тагови: дигитални учебници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПожарот од Грачани го покри Скопје09:34Седма жртва на западнонилска треска, почина 66-годишен пациент од Гази Баба15:11Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07Полициска акција и апсења за проневра од 210.000 евра за лажирани уплати во државни институции10:18Без вода делови од Центар08:16
Уапсени се три лица за перење пари, кривична за уште тројца и три фирми- проневериле над 2 милиони евра13:07
МакедонијаВозач од светиниколско возел без дозвола и под дејство на алкохол и со возилото излетал од патот, следува пријаваНа 02.09.2026 во 16:13 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.Б.(67) од с.Кадрифаково, светиниколско. Претходно, тој со патничко возило „форд“ со штипски регистарски ознаки, кое го управувал во село Кадрифаково, излетал надвор од патот. При преземање мерки било констатирано дека го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,09 промили алкохол во крвта, без да поседува важечка возачка дозвола и со измината важност на сообраќајната дозвола. Извршен е увид, за настанот е известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе следува соодветна пријава.Тагови: светиниколско Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарот од Грачани го покри СкопјеНа територија на Град Скопје има еден пожар, што ноќеска се чувствуваше на територија на главниот град.Според центарот за управување со кризи пожарот е навлезен од косовска страна пред два дена кај селото Грачани – Ѓорче Петров. Пожарот не загрозува населени места. Горат ниска смрека и грмушки. Синоќа ветерот дуваше во насока на Скопје и чадот од пожарот што е активен на косовска и на македонска територија. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Скопските пожарникари во текот на целата ноќ беа на делови на линијата на пожарот, но поради тешко пристапниот терен гаснењето во текот на ноќта беше отежнато или невозможно. Утрово продолжува со гаснење на пожарот со засилен број на пожарникари, а воздушна поддршка даваат и два ер трактори на ДЗС, еден полициски и еден армиски хеликоптер. Во текот на вчерашниот ден имаше 31 пожар на отворен простор. Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook