3Муцунски: Досегашните разговори со Софија се без напредок, потребна ни е помош од ЕУ како најзасегната страна
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
ХороскопДневен хороскоп за 19. март 2020 годиниДневен хороскоп за четврток , 19. март 2020 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да бидете сигурни што да направите. Можеби најпаметно е да почекате , додека целата ситуација не се разбистри. Кариера Време е да премиенете од зборови на дела , а тоа за вас не е секогаш лесно. Сега треба да покажете дека сте дораснати на работата. Здравје и совет Разбудете се. Овен 21.3-20.4. Љубов И вие и вашата најсакана личност денеска ќе бидете многу под влијание на впечатоци и емоции. Многумина ќе и се предадат на љубовта без граници. Кариера Најмногу би сакале да се повлечете и да работите осамени , што не е типично за вас. Доколку можете , дистанцирајте се. Здравје и совет Нека ве води интуицијата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Додека вие ќе имате потреба од физичка љубов , вашата сакана личност повеќе ќе ја цени онаа на емотивно ниво. Усогласете се. Кариера Ќе бидете склони да ги мешате чувствата со работата , што моментално не е добро. Затоа обидете се тоа јасно да го разделите. Здравје и совет Некои ќе го преспијат утрото. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Доколку некој од саканите блиски или сакани лица ви изгледа примитивен , заборавете го тоа чувство , барем за кратко. Кариера Ќе се обидете да ги поврзете искинатите врски и да ја поправите штетата што други ја направиле. Главно ќе бидете успешни. Здравје и совет Кашлица и нервоза. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе има такви кои ќе бараат неможно , а свесни дека пред нив е убава шанса за љубов. Кариера Вработените во мали приватни компании ќе добијат нов поттик , што ќе ги натера да работат подобро. Здравје и совет Не се откажувајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Во текот на денешниот ден постојано ќе наидувате на шанси за разговори , дружења, собири и нови познанства. Одлично за оние кои уште се сами. Кариера Ќе успеете да ги усогласите своите ставови со мислењата на своите соработници и ќе бидете задоволни поради таквиот развој на настаните. Здравје и совет Ќе бидете расположени. Девица 23.8.-23.9. Љубов Денеска е ден за муабети со кафе. Можно е да чуете озборување , во кое и вие ќе бидете вмешани. Игнорирајте го. Кариера Денеска ќе бидете многу снаодливи , па и најголемите проблеми ќе ви станат решливи.Инстинктивно ќе знаете што треба да направите. Здравје и совет Мали , минливи нервози. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашиот партнер би можел да покаже нетрпеливост кон некој член од вашето пошироко семејство. Не се нервирајте. Кариера Пред вас е ден во кој не треба се да работите по секоја цена. Подобро оставете го времето да работи за вас. Здравје и совет Опуштете се со помош на техники за релаксација. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ни денеска ќе нема многу разбирање меѓу вас и еден член на семејството, но ако останете смирени , се ќе помине безболно. Кариера Дел од вашите соработници се подготвуваат да ви дадат голема и значајна поддршка за она што го работите. Здравје и совет Излезете накусо на свеж воздух. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Од дневниот ред ќе ги тргнете грижите и проблемите на својот партнер за кои цело време ви зборува. Двајцата ќе се разведрите. Кариера Имате големи амбиции и планови , но денеска не сте сигурни што и колку ќе треба да смените за да ги остварите. Здравје и совет Останете будни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Оние во врска денеска ќе ги активираат своите еротски особини и ќе го заведуваат партнерот во секој момент. Осамените тивко ќе освојуваат. Кариера Бидете малку воздражни во изразување на своите големи планови , зашто сите немаат оптимизам како вашиот. Здравје и совет Лесно на другите ќе им се вовлечете под кожа. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Вашите зборови ќе имаат силно влијание врз саканата личност. Затоа пазете што зборувате и како се однесувате. Кариера Вашите соработници и колегите со своите револуционерни потези ќе ги нарушат преговорите што вие ги водите. Здравје и совет Обидете се да не им се вратитена лошите стари навики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски на промоција на третата фаза од ревитализацијата на хидроелектраните на АД ЕСМПретседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“.Претседателот на владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на промоцијата на капиталниот проект на АД ЕСМ „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“, со кој официјално ќе биде означен почетокот на реализацијата на новата фаза од модернизацијата на хидроенергетските капацитети во државата. Настанот ќе се одржи во Музејот на Град Скопје, каде АД ЕСМ ќе ја претстави третата фаза од проектот за ревитализација на хидроелектраните. Во рамки на настанот ќе биде отворена и изложбата „моќта на водата ја преточуваме во енергија“, посветена на развојот на хидроенергетиката и значењето на обновливите извори на енергија. Проектот „Ревитализација на хидроелектраните – фаза 3“ е кофинансиран од Европската унија, Германската развојна банка и владата на Германија.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалМакедонија по реакција во Љубљана: Седлоски најави промениНајдобрата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска ја очекува вториот натпревар во Лигата на нации, против Словенија на стадионот „Стожице“ во Љубљана. По поразот од Швајцарија во Скопје, селекторот Гоце Седлоски најави промени во составот и реакција од своите фудбалери. „Добро го анализиравме натпреварот со Швајцарија и знаеме каде треба да ги поправиме грешките. Играчите се подготвени и очекувам од сите максимален ангажман. Словенија е квалитетна репрезентација, настапуваше на последното Европско првенство и заслужува максимален респект. Ќе има освежување во составот, во повеќе линии“, изјави Седлоски. Селекторот посочи дека верува во играчите со кои располага и дека атмосферата во репрезентативниот табор е на високо ниво. „Имаме одличен ростер, комбинација од млади и искусни фудбалери. Атмосферата е добра и сите сме мотивирани да одиграме подобро. Јас сум одговорен за изборот на играчите, но од нив очекувам да покажат поголем квалитет и карактер на теренот. Словенија не смее да биде потценета и мора да бидеме максимално подготвени.“ Капитенот Столе Димитриевски, пак, истакна дека репрезентативците разговарале за пропустите од првиот натпревар и дека сега фокусот е целосно насочен кон Словенија. „Знаеме дека не одигравме на посакуваното ниво против Швајцарија. Разговаравме меѓу себе и сега мора да покажеме реакција. Имаме малку време меѓу натпреварите, но мора да се подготвиме, да се поддржиме и максимално да одговориме на задачата. Овој дрес и Македонија заслужуваат да дадеме се од себе“, порача Димитриевски. Голманот на Македонија го очекува и новиот дуел со Јан Облак, со кого со години се среќава во шпанската Ла Лига. „Со Облак имаме натпревари повеќе од десет години и добро знам за каков голман станува збор. Тој е еден од најдобрите. Јас се надевам дека ќе ја завршам мојата работа, ќе ја сочувам мрежата и дека заедно ќе одиграме добар натпревар. Ни требаат неколку квалитетни меча за да ја подигнеме самодовербата“, додаде Димитриевски. Натпреварот Словенија – Македонија се игра од 20:45 часот на „Стожице“ во Љубљана.Тагови: ФФМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеСветскиот ден на срцето, Институтот за јавно здравје организира теренска превентивна активностСветскиот ден на срцето се одбележува денеска под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“.Фокусот е на препознавањето на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон носителите на одлуки со цел да се обезбеди универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. Светскиот ден на срцето е воспоставен во 2000 година со цел јавноста ширум светот да се информира за значењето и мерките за превенција од болестите на срцето и крвните садови. Според најновите податоци на Светската федерација за срце и Светската здравствена организација, болестите на срцето и крвните садови претставуваат водечка глобална причина за смртност, со околу 20,5 милиони смртни случаи секоја година. Се проценува дека денес повеќе од 620 милиони луѓе живеат со некаков кардиоваскуларен проблем, при што најчести се акутниот инфаркт на миокардот и мозочниот удар.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook