Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана
1Герасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана
3Кузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независноста
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ХороскопДневен хороскоп за 19. јули 2023 година Дневен хороскоп за среда, 19. јули 2023 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска пријателите ќе ве поттикнуваат и инспирираат за љубов. Многумина ќе го поврзат партнерот со друштвото. Кариера Вашите шефови ќе влечат на една, а вие на друга страна. Сепак , не станува збор за судир , туку за различни методи да се постигне истата цел. Здравје и совет Ова е ден за вашата сестраност. Лав 23.7-22.8. Љубов Некои ќе повикаат пријатели на гости или ќе отидат кај нив, па заедно ќе ја анализираат својата љубовна состојба. Кариера Искористете ја паузата на работното место за малку повеќе да размислите за себе и за својот начин на неприфаќање соработка со други. Здравје и совет Време е да пораснете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Хармонијата во емотивниот живот ќе ја стабилизира вашата врска со саканата личност . Самите секако нека излезат во друштво. Ќе им биде убаво. Кариера Не мора секогаш да наоѓате причина за приговор. За промена , согледувајте ги само добрите работи. Здравје и совет Продолжете понатаму. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе бидете целосно во својот свет , без доволно контакт со реалноста. На некој таквата состојба ќе им биде добра. Кариера Денеска подфобро да не ги презентирате своите креативни идеи , зашто би можело да дојде до недоразбирања и кавги. Здравје и совет Вежбајте концентрација. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот партнер декеска нема да покажува способност за реалност , туку обратно. Затоа сте вие тука да го спуштите на земја. Кариера Ќе добиете шанса да ја покажете својата прецизност. Тоа е токму она што ви треба , па со сите исли ќе го прифатите предизвикот. Здравје и совет Бидете отворени за секоја ситуација. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што го нема во вашите лични односи, денеска успешно ќе го надоместите со вашата фантазија. Кариера Оние кои работат во уметнички кругови , денеска добро ќе функционираат. Сите останати со нетрпение ќе чекаат да заврши работното време. Здравје и совет Не се залетувајте по нереални ситуации. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите. Кариера Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска. Здравје Кој може , нека оди на пливање. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете чувствителни и со голема потреба некој да ве прегрне. Доколку сте во врска , добро е, а ако сте сами ќе ве измачуваат мечти. Кариера Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе заработуваат и на црно. Здравје и совет Внимателно со медикаментите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои денеска ќе доживеат посебно расположение за љубв. Исто така ќе покажат наклоност за да ја идеализираат саканата личност. Кариера Чувствувате дека нешто се подготвува и станувате нервозни одвнатре. Држете се до проверени техники. Здравје и совет Намалете ги слатките во исхраната. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска тешко ќе остварите каква било рамнотежа во личните односи. најдобро ќе поминат оние кои се сами. Кариера Доколку денеска ви предложат некаква финансиска комбинација, поврзана со вложувања, морате да расчистите секој детал во врска со неа. Здравје и совет Преодна кашлица. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е преубав ден за љубов. Оние во врска ќе уживаат , а осамените секако да излезат меѓу луѓе. Кариера Дури денеска ќе забележите дека има мали подметнувања и зајадливи коментари од луѓето кои ви завидуваат на успехот. Здравје и совет Уживајте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата способност за комуникации и хумор ќе бидат на завидно ниво , па ќе успеете да направите и шега на сопствена сметка. Кариера Додека размислувате за работата , добивате главоболка , а најмногу поради ситните работи кои никако не може да се расчистат. Опуштете се. Здравје и совет Потребен ви е нов режим на здрави навики.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГерасимовски: Барам јавно извинување за односот кон советниците и администрацијата на јавната презентација за Барутана„На јавната дебата имаше поединци кои беа очигледно инфилтрирани со цел да прават театар, да снимаат со мобилни телефони и потоа селективно да пренесуваат само она што им одговара.“Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната седница на Советот на Општина Центар побара јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за односот кон претседателката на Советот и општинските служби за време на јавната презентација на Нацрт-Деталниот урбанистички план за градската четврт Ј 05 – Барутана. „На јавната дебата имаше поединци кои беа очигледно инфилтрирани со цел да прават театар, да снимаат со мобилни телефони и потоа селективно да пренесуваат само она што им одговара. Затоа, барам јавно извинување од советничката група „Шанса за Центар“ за нивниот навредувачки и нахален однос кон советничката Виолета Велковска и администрацијата која го образложуваше Нацрт-Дупот“, истакна Герасимовски. Тој посочи дека со селективното снимање и вадењето делови на диксусијата од контекст, без одговорите на општинските урбанистите се создаде искривена слика за целата презентација, при што, наместо стручната презентација и одговори, во јавноста беа објавени само делови кои одговараат на одредена политичка групација. „На јавната презентација имаше стручни лица, имаше администрација која беше таму да објасни што предвидува планот, но наместо аргументирана дискусија имавме напади, навреди и непрофесионален однос“, рече градоначалникот. Герасимовски нагласи дека критиката и различното мислење се составен дел од демократската дебата, но дека тоа не може да биде оправдување за навреди и непочитување кон луѓето кои ја претставуваат институцијата. „Може да не се согласуваме, може да критикуваме, може да имаме различни ставови. Но не дозволувам навреди и нечовечки однос кон службите и кон советниците. Искрено, граѓаните на Центар не заслужуваат таков однос од која било советничка група“, истакна Герасимовски. Во однос на самата постапка за Нацрт-ДУП-от за Барутана, градоначалникот посочи дека јавноста треба да ги знае фактите и да не се доведува во заблуда со неточни тврдења. Тој нагласи дека претходниот ДУП е укинат со судска одлука и дека законска обврска на локалната самоуправа е да започне постапка за изработка на нов план. „ДУП-от беше укинат и наша обврска како локална самоуправа е да започнеме постапка за нов план. Кога се прави нов план, нацртот доаѓа во Општината и во Градот, при што се вклучени и стручните служби, службите за урбанизам и други надворешни надлежни институции. Планот не го носи, ниту го образложува градоначалникот“, појасни Герасимовски. „Не дозволувам од ова да се прави политички театар и да се собираат политички поени со лаги и конструкции. Ако некој има забелешки за планот, слободно нека ги каже. Затоа и ја организиравме јавната дебата, каде граѓаните ќе можат да го слушнат и стручниот дел и да им бидат појаснети сите детали и дилеми, а не да се пласираат неточни информации и да се замајува јавноста со приказни за некакви нови 25 парцели“, рече Герасимовски. Општина Центар - СкопјеТагови: Герасимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски: Укинувањето на пресудата за Ласкарци е разочарување, но нема да се откажеме од правдатаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос укинатата пресудата од страна на Врховен суд за трагедијата кај Ласкарци, несреќа во која загинаа 16 лица, изјави:„Па видете, тоа се рецитиви и остатоци, мал дел од претходната Влада на СДСМ и ДУИ. И тоа е последниот обид за заштита на таа Влада и на луѓето коишто беа дел од таа Влада. Гледате како грчевито се борат, ги амнестираат, таков беше случајот со модуларната болница, така е и сега со Ласкарци. Имаме триесетина жртви, имаме многу луѓе коишто имаат траен инвалидитет, но за жал тоа не е доволна причина за овие малкумина судии и обвинители да застанат на страната на правдата. Сепак тие остануваат да бидат верни слуги на тие коишто во минатото ги поставиле. И тоа е уште едно разочарување, не само за мене, туку генерално и за граѓаните. За жал овие малкумина судии ги контаминираат сити оние чесни судии и обвинители коишто се во нашиот правосуден систем. Но добро е, кога разговарам со моите колеги од Европската Унија, еве да ги следат овие примери и да видат кога зборуваме за правосудството, со кого ние имаме работа и со кого ние во суштина имаме предизвик да се бориме. Понекогаш имам и чувство дека со ветерници се бориме, како да е сето ова Донкихотовска битка. Вие бркате, затворате, тие ги пуштаат на слобода, луѓе за коишто постои основано сомневање, односно правосилна судска пресуда. И како последица на нивното работење имаме повеќе десетици мртви, како ништо да не било. Тоа за нив ништо не значи, бидејќи од тој којшто ги назначил, нивниот стопан, нивниот газда добиле таква наредба. Тоа е едно големо разочарување. Но, тука не се откажуваме и нема да очајуваме. Ќе продолжиме да се бориме, правдата мора на крај да победи и ќе победи.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Мицкоски да објави каде завршија 5 милиони евра, народни пари од прославата за независностаУште еднаш се потврди, арамијата Мицкоски штом отвори уста - ги лаже граѓаните.Дури и неговата портпаролка на Владата го демантираше на прес конференција. Тоа вчера сите го видоа. Не се „0 денари“ како што лажеше Мицкоски, за прославата на независноста потрошени се над 5 милиони евра, народни пари. Се потврди се она што претседателот Филипче и СДСМ го говорат од самиот почеток. Преку АД Државна Лотарија, која е 100% државна компанија, над 5 милиони евра се потрошени а никој не знае каде и за што. Откако призна дека не се „0 денари“ туку над 5 милиони евра, Мицкоски сега треба да излезе и јавно да објави каде завршија парите на граѓаните. Кои компании добиле милиони евра народни пари, врз основа на кои критериуми? Како била избрана Комисијата од 3 члена во АД Лотарија која требала да одлучува за избор на фирма за прославата? Особено што претседателот таа комисија се јавува и како автор на оркестрациите и аранжманите на концертот. Врз основа на кои критериуми се договарани фирми – ќерки да добијат милиони евра народни пари преку Државна лотарија? Колку милиони евра се потрошени за провизии и проценти? Ова е една голема проневера на пари, арамиски концепт на владеење на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. Се лажат граѓаните дека чинело „0 денари“, се кријат информации, се манипулира додека милионски суми завршиле во нечии џебови. Мицкоски веднаш да ги објави сите исплати, граѓаните коишто платија 5 милиони евра нивни пари да знаат кој, колку пари добил и за што. Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИОТагови: Богданка Кузеска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter