СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group
2СДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap Group
Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
1Видео: Валјак за трева прегази поранешен англиски репрезентативец, но, фудбалерот потоа продолжи да игра.
ХороскопДневен хороскоп за 19. јануари 2026 година Дневен хороскоп за понеделник, 19. јануари 2026 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Во своите љубовни очекувања денеска ќе бидете поскромни и поради тоа постабилни и посреќни. Тоа е зрелост. Кариера Не сте веќе сигурни колку се очекува од вас , па ќе ја дозирарте работата или ќе ги проверувате работните задачи . Здравје и совет Одморете си ги нозете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Денеска е ден кога во љубовта ќе ги измешате скромноста и високите идеали. Резултатот ќе биде збунетост од другата страна. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично , а разгледувајте ги полека. Здравје и совет Мали главоболки. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Веројатно ќе добиете покана за излегување , каде ви е загарантирана добра забава, пријатно друштво и убави односи. Кариера Веројатно ќе постигнете добар договор околу спонзорирање на еден проект за кој се сомневавте. Здравје и совет Преспијте пред одлуката. Овен 21.3-20.4. Љубов Пред вас е убав ден за дружење , било дас е решите за прошетка во двојка , можеби само на кафе со пријателите. Кариера Во соработката со млади лица и натаму има нејаснотии кои треба да се решат , но прво причекајте да стигнат сите информации. Здравје и совет Не се замарајте со ситни работи. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не сакате да бидете здодевни , но вашата љубопитност ќе ве стави во ситуација на иследник . Пазете да бидете индискретни. Кариера Денеска малку ќе ги проанализирате резултатите од својата работа. Условите навистина се ветувачки. Здравје и совет Нервози и грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Во друштво на пријателите ќе се смирите и ќе престанете да се нервирате поради што лесно сте можеле да направите грешка . Кариера Вашите претпоставени денеска ќе покажат смисла за креативност , но ќе бидат необјективни во одлуките. Здравје и совет Осмислете ги прашањата пред да ги поставите. Рак 22.6-22.7. Љубов Сега се е јасно и без притисок можете да уживате со саканата личност Оние кои се сами добро се забавуваат. Кариера Додека се одморате во мирот на својот дом , во главата си замислувате како работите на друга позиција. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе се обидете да споите опуштено излегување со рутина. Би можеле да се најдете на ново место со стари познаници или навики. Кариера Не се двоумете околу вложување енергија во работата . Секој труд кога – тогаш ќе се исплати. Здравје и совет Не може ништо да се прескокне. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можно е решение на некој семеен проблем , кој долго време ве измачувал. Веројатно ќе најдете заеднички јазик. Кариера Освен што сте професионални , ќе покажете и дека сте одличен психолог , со што ќе си обезбедите дополнителни бодови на работата. Здравје и совет Добро влијание на алтернативните методи. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ако се чувствувате осамено , побарајте друштво од пријателите. Тие ќе бидат вистински мелем за вас. Кариера За оние во педагошките професии ги очекува напорна работа , а другите ќе поминат вообичаен работен ден. Здравје и совет Соработувајте со другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Јасна е вашата добра волја и оптимизам , но кога околностите и не ви одат од рака , ви останува да бидете малку потрпеливи. Кариера Добивате можност да ја покажете умешноста во делот на креативноста , уметноста или декорирањето. Здравје и совет Поченете да спортувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе бидете изразито сентиментални и ранливи. Постои голема веројатност дека другата страна ќе ве повреди. Кариера Се што ќе работите денеска од вас ќе бара поголем праг на толеранција кон другите и повисок степен ан соработка. Здравје и совет Верувајте им на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Филипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа иметоФилипче рече дека Македонија не е на продажба откако со Заев го продадоа името.Филипче ги лаже граѓаните дека Македонија не е на продажба, а токму тој го продава идентитетот и јазикот на Бугарија, само за да дојде на власт. Филипче сака само да дојде на власт за да може да краде, да мести тендери и да зема провизии. Филипче освен својот интерес друго ништо не го интересира. Филипче сака да добива Ауди Q8 од фирмите на кои им мести тендери, сака провизија од изградба на модуларни болници од 20%, сака да ќари на вакцини за КОВИД па ќе ги продаваше за три пати повисока сума. Ете тоа е вистинскиот Филипче кој се што може ќе продаде само за да дојде на власт. ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните тоа нема да го дозволат. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Бизнисот цвета - нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма поврзана со Rudnap GroupЈа разоткривме целата бизнис мрежа на Христијан Мицкоски во енергетиката и објавивме колку овој енергетски ‘октопод’ на Мицкоски има длабоки и широки пипци. Од институции како Регулатрна, РЕК, Развојна банка па се до оф шор структури на Кипар. Поминаа 6 месеци, Јавното обвинителство молчи. Не презема ништо. Се молчи и за Душан Адамовиќ, функционер на СНС и почесен конзул кој го постави Мицкоски, за офшор структурите на Кипар кои водат се до ‘Rudnap Group’ на Војин Лазаревиќ, и се вмрежува директно со Владата преку министерката Сања Божиновска. Ама затоа бизнисите течат. И тоа на големо. Објавуваме нова бизнис зделка, вредна 13.2 милини евра. Компанијата METER&CONTROL од Србија е избрана за носител на договорот на ЕВН Македонија за набавка на броила за струја. Договорот е склучен на 11 август 2026 година, со објавена вредност околу 13,2 милиони евра. А METER&CONTROL е поврзана нормално со Rudnap Group. Основана во 2008 година, а Rudnap Group се појавува во нејзината сопственичка историја. Кој е клучниот линк до Руднап? Сања Божиновска, минстерката на Мицкоски за енергетика. Божиновска во периодот 2011–2014 била извршен директор во компаниите на Rudnap Group во Централна и Источна Европа. Божиновска се поврзува и со „Руднап ДООЕЛ“ Скопје, каде што била управител. „Руднап“ е исто така партнер со „Ал Дахра“, компанија која се поврзува со проектот „Белград на вода“ кој се најавува и во Македонија. „Руднап“ е линкот и со СНС во Србија и со ВМРО во Македонија и клучен дел од енергетската бизнис мрежа на Мицкоски. Затоа и се создаде ново министерство и токму Божиновска Мицкоски ја постави на чело на Министерството за енергетика. Затоа што сè е бизнис за Мицкоски. Ама омилен му е бизнисот во енергетиката и бизнисот со струја. Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова Скопје, 20.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
БизарноДевет жени пронајдени мртви во близина на Јоханесбург, полицијата истражува дали има сериски убиец?Девет жени се пронајдени мртви во близина на Јоханесбург. Постои страв од сериски убиец.За помалку од два месеца, во областа Екурхулени, источно од Јоханесбург во Јужна Африка, пронајдени се телата на девет жени. Полицијата истражува дали некои од случаите се поврзани, додека во јужноафриканските медиуми се засилуваат шпекулациите за можен сериски убиец. Полицијата досега ниту го потврди, ниту го демантираше ова. Последната жртва била пронајдена во четвртокот во Дон Парк. Се претпоставува дека таа имала околу 30 години. Телото било откриено на отворен простор покрај патот; локалните медиуми известуваат дека жената била делумно облечена и имала смртоносна повреда на вратот. Полицијата формирала мултидисциплинарен тим за истражување на смртните случаи на жените. Вршителот на должноста комесар на полицијата во Гаутенг, Фред Кекана, изјави дека истражителите откриле можни поврзаности меѓу некои од случаите, но дека се потребни дополнителни форензички и криминалистички наоди пред да се донесат какви било заклучоци. Веќе е уапсен маж во врска со едно од убиствата; полицијата проверува дали тој може да се поврзе и со другите случаи, а истовремено истражува и друго лице. Пет од деветте жртви сè уште не се идентификувани. Страв меѓу жителите Меѓу идентификуваните жртви е 38-годишната Динео Мотапане, чие тело беше пронајдено покрај патот во КваТема. Нејзиното семејство ја идентификуваше откако претходно пријави нејзино исчезнување во полицијата. Серијата смртни случаи предизвика страв кај жителите на Екурхулени и поттикна протести против насилството врз жените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter