Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата
2Влада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата
3Во единствена снимка, Баба Ванѓа споменува црвенокоси самовили: Насекаде се околу нас, само не можеме да ги видиме (ВИДЕО)
ХороскопДневен хороскоп за 19. јануари 2025 годинаДневен хороскоп за недела, 19. јануари 2025 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Откако се ви стана јасно, повторно ќе навлезете во реподна фаза на депресија и размислувања за смисолот на љубовта. Кариера Ситуацијата е зрела за вашето деловно напредување , па оваа шанса ќе ја искористите на најдобар можен начин. Здравје и совет Опуштете се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете заинтересирани за се она што е апстрактно во односите , ќе читате меѓу редови и ќе откривате вибрации на поврзаност. Кариера Се што вклучува соработка, контакти и размена на идеи , денеска ќе ви оди од рака подобро од вообичаено. Здравје и совет Опуштете се со добра музика. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Нема да ја криете симпатијата што ја чувствувате за една личност. Таа засега ви е пријател , но би можела да стане нешто повеќе. Кариера Ако го отворите својот меил , ќе видите бројни пораки од странство. Некои содржат и деловни понуди. Здравје и совет Не одете преку своите можности. Овен 21.3-20.4. Љубов Моментално не се симнувате од листата на најпопуларните во друштвото.Повторно ве викаат , ве сакаат и поддржуваат. Партнерот е малку љубоморен поради тоа. Кариера Цврсто стоите на земја и тешко дека нешто ќе ве одврати од вашиот план. Сигурни сте во себе и на таков начин продолжувате понатаму. Здравје и совет Не ги забрзувајте работите. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ништо не може да ги загрози вашите скласдни односи со саканата личност , но нема да има ниту особени поттици за љубов. Кариера Преговортие течат добро , иако вие не сте расположени за тоа. Ви исгледа како луѓето околу вас да работат половично. Здравје и совет Добро ќе се најадете , внимавајте на притисокот. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов вашето семејство како да ве окупира за себе , па денеска немате многу време за партнерот. Организирајте се. Кариера Сега конешно се ви е јасно во врска со една деловна соработка и работите се зрели за можен договор. Здравје и совет Не можете вечно да живеете на стара слава. Рак 22.6-22.7. Љубов Малите фрустрации ќе бидат поврзани со потребата за интимност и друштво во исто време , како и излегување во јавност. Одберете паметно. Кариера Доколку не сте сигурни како да се поставите во една деловна ситуација , потпрете се на својата интуиција. Здравје и совет Бидете умерени. Лав 23.7-22.8. Љубов Денешниот ден ќе ви донесе многу шанси за дружење , па ако имате можност , излезете меѓу луѓе. Кариера Ќе ви пречат многу ситници на работното место и со нетрпение ќе дочекате сето тоа да заврши и да си заминете дома. Здравје и совет Бидете тактични. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате толку силна имагинација што без проблеми ќе ја надминете секоја празнина во личните односи. Кариера Работите си течат по свој ток и засега се е добро. Денеска занимнавајте се со мали поттици за да биде уште подобро. Здравје и совет Анализирајте си ги соништата. Вага 24.9.-23.10 Љубов Една личност од вашата работна средина ќе ви биде наклонета или обратно. Можете да се доверите еден на друг. Кариера Ќе делувате на два фронта- оној редовниот и ониој што вклучува големи планови за иднината. Здравје и совет Не се срамете за да се изразите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата врска добро функционира , а денеска ќе мора да изреагирате на една работа што ќе ви одземе дел од слободното време. Кариера Ќе размислувате дали да смените сдел од работата или нешто во самата постапка на работењето. Раширете ги и контактите. Здравје и совет Мали главоболки или тага. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Доколку се чувствувате повредено , обидете се подобро да ги разберете другите. Тогаш и тие подобро ќе ве разберат вас. Кариера Некои ваши колеги денеска би можеле да ја покажат својата слаба страна. Немојте да бидете премногу строги ,туку помогнете им. Здравје и совет Заслужувате одмор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДУИ: Поскапува меѓуградскиот транспорт, директно се погодени студентите и граѓанитеДемократската унија за интеграција реагира на зголемувањето на цените на меѓуградскиот транспорт, што директно ги оптоварува граѓаните, особено студентите и вработените кои секојдневно патуваат од еден во друг град.Од Тетово до Скопје, билетот кој досега чинеше 200 денари е зголемен на 250 денари, што претставува зголемување од 25% по патување. За студент или вработен кој секојдневно патува, ова значи значително дополнително месечно оптоварување. Истовремено, според презентираните податоци, месечните трошоци за транспорт се зголемиле од околу 5.500 на 6.500 денари, што дополнително го зголемува притисокот врз семејните буџети. Дали ова е политиката на „грижа за граѓанинот“ што ја нуди власта? Наместо да се креираат политики за подостапен јавен транспорт и за поддршка на студентите и вработените кои секојдневно патуваат, граѓаните се соочуваат со сè повисоки цени. ДУИ бара од надлежните институции јавно да ги објаснат причините за ова зголемување и да преземат мерки за заштита на граѓаните, особено на студентите и категориите кои зависат од меѓуградскиот транспорт. Граѓаните не можат да бидат тие што ќе ја плаќаат сметката за секој неуспех на власта, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВлада: Целата акција против вработениот е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијатаЛицето со иницијали Д. Ц. е уапсено за примање поткуп, на претходно обележани парични средства, по што е лишен од слобода. Првичната пријава за незаконскиот поткуп потекнува и е на иницијатива на институциите на кои им било пријавено барањето за поткуп. На 4 септември 2026 година, осомничениот е затекнат при примопредавање на 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра, кои претходно биле обележани. Истото лице во моментот на незаконското делување работело и остварувало задачи како возач за потребите на Генералниот секретаријат на Владата, откако претходно засновало работен однос по примерот на сите останати институции во Службата за општи и заеднички работи на Владата. Оваа акција беше спроведена претходно во соработка со службите на МВР, при што беа дадени бележани пари и целата акција е дел од заложбите на Владата за бескомпромисна борба против корупцијата. Со овој случај се покажува дека законите важат за сите, се докажува волјата и целта на Владата да се бори против корупцијата. Со ова се подвлекува јасна граница помеѓу оние кои сакаат злоупотреби и сите други кои се борат против нив. Ова е уште еден пример како преку заедничка соработка на органите и институциите може да се спроведе правда, соопштуваат од Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34И денеска гори на неколку локации, високите температури се ризик за нови пожари15:05Уапсен е Романец, кој „летал“ со 163км/час на место каде што е дозволено 80 11:33Армиски хеликоптер се вклучи во гаснењето на пожарот кај Грачани15:00Пожарот од Грачани го покри Скопје09:34
МакедонијаАнгелов: Шест пожари активни, најкритично на РамноШест пожари на отворено се активни во земјава, откако само во текот на вчерашниот ден биле регистрирани повеќе од 30, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Најкомплексен е пожарот кај Рамно, во Чучер Сандево, каде поради непристапниот терен и силниот ветер интервенираат пожарникари, екипи на ДЗС, Армијата и полициски хеликоптер, изјави директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. Пожарот кај Грачани и Никиштане, кој од Косово премина на македонска територија, се спушта кон Лепенец со намален интензитет и се очекува денеска да биде ставен под целосна контрола. Активни пожари има и кај Струга и Дебар, Тајмиште и Белица. Надлежните апелираат на зголемена внимателност поради високите температури и силниот ветер.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook