ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
1ЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!
3Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа
ХороскопДневен хороскоп за 19. јануари 2020 годинаДневен хороскоп за недела, 19. јануари 2020 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чувајте се од провев. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП за скандалот „важи-неважи“ со дигиталните документи: Владата ја третира државата како е циркус за промотивни видеа!Кого зафркавате и со чија интелигенција си подигрувате кога за само 24 часа сами си ја паѓате сопствената лага? Како раштиман оркестар сте – што воопшто правите на владина седница, дали министрите воопшто имаат поим што прават другите ресори, или воопшто не ги интересира и се на некој светски конгрес додека ја бламираат целата држава? На 28 октомври премиерот Христијан Мицкоски се сликаше на гламурозна скапо платена претстава и триумфално ја промовираше апликацијата „м.Услуги“, ветувајќи му на народот крај на шалтерите и дигитални документи на мобилен. Но, само ден подоцна, бледата реалност ја спушти рампата: министерот Стефан Андоновски излезе и ладнокрвно соопшти дека дигиталната лична карта и возачка дозвола не важат при полициска контрола, бидејќи МВР и институциите воопшто не се подготвени! ЛДП бара јавен одговор на прашањата: Колку народни пари чинеше оваа скапа промотивна фарса за џабе, кога електронските документи на мобилен не можат да се користат на терен? Кој ќе понесе одговорност за оваа скандалозна некоординираност на владата? Ќе понесе ли некој одговорност за ова ново јавно бламирање на премиерот и целата владина машинерија? Можеби она што треба јавноста да го дознае многу брзо: Дали некој намерно го мести премиерот во сопствената партија, бидејќи ова веќе е чисто лудило – еден ден едно, друг ден друго и тоа за секое живо прашање? „Ова е врв на несериозност и политичко аматерство! Граѓаните се уморија од евтини ПР-трикови, празни QR-кодови и фешти каде се делат лажни надежи. Додека министрите се сликаат за лајкови, граѓанинот и понатаму мора да ја носи пластичната лична карта за секој случај и да истражува по шалтерите каде што државата е дигитална, а каде заглавена во камено време. Доста со лажни паралелни реалности – или направете функционален систем кој работи за народот, или престанете да го малтретирате со секојдневни бламажи“, вели Цветанка Геговска, членка на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП). ЛДП бара итна одговорност и престанок на овие евтини дигитални маскаради. Државата не е циркус за промотивни видеа, а граѓаните заслужуваат сериозни институции, а не министерство за чист ПР!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
Осуммина уапсени за злоупотреби со операции на очи: Оштетени над 3.000 пациенти, буџетот на ФЗО за 1,7 милиони евра18:06
МВР со кривична пријава против 11 лица и една приватна здравствена установа, уапсени се осум лица15:55
Вработени во ФЗОМ и во приватна болница под истрага за финансиски злоупотреби, во истрагата е опфатен и екс директорот на ФЗОМ, Ден Дончев 15:24
ЗабаваФото: Серена Вилијамс изненади во најсекси фустанот досега Најтрофејната светска тенисерка во историјата, Американката Серена Вилијамс не престанува да ја изненадува јавноста со своите смели и необични појавувања за неа. Откако се повлече од спортот, славната тенисерка му се посвети на семејството и децата, но и на значајни настани во светот на модата. Често ја гледаме на разни настани и не е тајна дека таа привлекува внимание со својата послаба фигура. Неодамна таа присуствуваше на свечена вечера во Лос Анџелес, а за таа пригода го облече најпровокативниот и најпопуларниот дезен оваа сезона. Станува збор за животински принт, во овој случај леопард-дезен, кој совршено го истакна нејзиниот секси изглед. Како што можете да забележите, за оваа пригода Серена одбра фустан со нагласен струк, кој ја следи линијата на телото и ја истакнува нејзината витка фигура, а е дело на британската дизајнерка Клио Пепијат. Фустанот има и длабок шлиц на бутот, кој додава „зачин“ на ова секси издание, како и длабоко деколте кое едвај ги задржуваше градите на место. Серена го заокружи своето сензуално издание со ненаметливи додатоци, но и со брановидна фризура. Може да се заклучи дека поранешната тенисерка „доминираше“ на овој настан.Тагови: Серена Вилијамс Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизНикол Кидман предизвика коментари: Фотошоп или вештачка интелигенција?Холивудската ѕвезда, актерката Никол Кидман се појави на насловната страница на австралиското издание на „Вог“ (Vogue), што предизвика дебата на социјалните мрежи за тоа дали е користена вештачка интелигенција при уредувањето на фотографиите. Познатата холивудска ѕвезда позира во многу младешки комбинации и изгледа неверојатно младо – иако има 59 години – поради што многу корисници на интернет заклучија дека вештачката интелигенција можеби имала удел во тоа. Никол е прикажана во црн костим за капење од „Шанел“, фармерки со низок струк од истиот бренд, елегантен фустан, како и комплет што се состои од капа и горен дел, меѓу другите изданија. Во преден план се нејзините извајани стомачни мускули, косата со „ефект на влажен изглед“ и младешкото лице, а секоја од комбинациите зрачи со гламур. Нејасно е дали сликите се обработени во „Фотошоп“ или се создадени со помош на вештачка интелигенција, како што шпекулираат корисниците на социјалните мрежи. Многумина се согласуваат дека „таа изгледа како да има 35 години“ и дека нејзината облека во „тинејџерски стил“ не е соодветна за нејзината возраст, пренесува „Superžena“. „Ја обожавам Никол, но овие фотографии се толку очигледно обработени во ’Фотошоп‘ што е смешно“, како и „Телото ѝ е одлично, но облеката повеќе му прилега на тинејџер“, гласеа некои од коментарите – додека други беа воодушевени од фотографиите, фалејќи го изгледот на актерката: „Педесет и девет! Изгледа неверојатно!“, „Фантастична е!“ и „Само продолжете да ѝ завидувате“.Тагови: никол кидман Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter