Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
2Сали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформите
ХороскопДневен хороскоп за 19. февруари 2024 година Дневен хороскоп за понеделник, 19. февруари 2024 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата. Кариера Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон , нова позитивна насока. Здравје и совет Не ги заборавајте паузите . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта.Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка. Кариера Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти , а ќе дојде и она што до чекавте. Здравје и совет Можете да поместите планини. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе ја комбинирате страста со наивност.Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол , но нема да знаат на што се додека се со вас. Кариера Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени.Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Прифатете го она што доаѓа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка.Единствено е важно да не зборувате премногу и што било. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , или комуникации лесно ќе се одвиваат. Здравје и совет Прво промислете па потоа кажете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите.Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност. Кариера Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне.Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците. Здравје и совет Работете колку што можете. Рак 22.6-22.7. Љубов За вас веќе нема препреки , ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден. Кариера Се повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа.Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе.Се ќе излезе на добро. Кариера Постојат уште некои договори кои не се толку важни , но треба да ги доработите до крај.Денеска ќе се занимавате со нив. Здравје и совет Мали двоумења. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го посакувате. Кариера Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените.Тие ќе ве доживуваат како стрес. Здравје и совет Ќе ви недостига мир.Повлечете се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена , а надворешната сосотојба нема да ви помага.Од таму и фрустрациите. Кариера Се што досега сте преживеале , ќе знаете да го наплатите.Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар. Здравје и совет Не мора се да биде по ваше. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Понекогаш не можете да се препознаете.Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено.Бидете поскромни , па ќе имате повеќе среќа. Кариера Не треба да се споредувате со другите.Секој е единствен и има свој талент.Треба само да се открие. Здравје и совет Преиспитајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации.Немојте премногу да ги зенате при срце. Кариера На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект.Тоа ќе ве израдува. Здравје и совет Мали емотивни грижи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок , барем за сега.Ќе се посветите на други работи. Кариера Би можеле да бидете многу успешни.Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале. Здравје и совет Бидете будни во секој момент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд сабота почнува примената на „Безбеден град“ на подрачје на СВР ВелесМинистерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека од сабота, (12.09.2026), системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Велес.По извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Велес. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. Министерството за внатрешни работи апелира до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот.Тагови: безбеден град Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСали: Собранијата се во срцето на процесот на европска интеграција и гаранти на отчетноста на реформитеСали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати.Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денес во Скопје се обрати на Третата парламентарна конференција на високо ниво, посветена на регионалната соработка и улогата на ефективниот парламентарен надзор во унапредувањето на процесот на пристапување кон Европската Унија. Во своето обраќање, Сали истакна дека во период кога политиката на проширување повторно добива стратешко значење за Европа, земјите од Западен Балкан треба да го искористат овој моментум за забрзување на реформите и претворање на политичките заложби во мерливи резултати. Тој нагласи дека европската интеграција не може да биде процес предводен само од владите, бидејќи демократскиот легитимитет, одржливоста и кредибилитетот на процесот зависат и од активното учество на Собранието. Според Сали, ефективниот парламентарен надзор е особено важен за следење на спроведувањето на реформите и обезбедување институционална транспарентност и отчетност. Собранието треба активно да ги следи реформските обврски, да ги идентификува доцнењата и да бара конкретни резултати од институциите. Министерот Сали ја истакна и важноста од широк политички консензус за европската интеграција, нагласувајќи дека европската перспектива на земјата треба да ги надминува изборните циклуси и партиските интереси. Посебен акцент беше ставен на парламентарната соработка во Западен Балкан и парламентарната дипломатија како инструменти за градење доверба, размена на искуства и зајакнување на регионалната соработка. Министерството за европски прашања останува цврсто посветено на транспарентна и структурирана соработка со Собранието на Република Северна Македонија. „Нашиот пат кон Европската Унија ќе биде посилен кога е поддржан од зајакнати парламенти, одговорни институции и добро информирани граѓани“, порача министерот Сали. Кабинет на министерот за европски прашањаТагови: Беким Сали Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаПриведен тетовец за издржување затворска казна од 18 месециНа 08.09.2026 во 14:15 часот на ул.„180“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го приведоа Ф.Р.(50) од Тетово. Тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна од една година и шест месеци за сторено кривично дела по член 144 став 5 во врска со ставовите 1 и 4 од Кривичниот законик. Тој е спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Тетово за издржување на казната.Тагови: затвор Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:09
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11