Дневен хороскоп за 19. декември 2025 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 19. декември 2025 година

Дневен хороскоп за петок, 19. декември 2025 година. 

Дневен хороскоп за 19. декември 2025 година

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ситуацијата ви е шарена. Можеби ќе излезете и убаво ќе си поминете, но личните односи ќе ви останат површни.

Кариера

Не саката да избрзувате , но некои одредници мора да се постават. Денеска за нив ќе разговарате на лежерен начин.

Здравје и совет

Организирајте си го денот.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Може да очекувате еден поволен ден , кога станува збор за љубовта. Отворени се многу можности , а некои се поврзани со патување.

Кариера

Освен што одлично делувате на оперативно ниво , денеска на работното место ќе покажете завидно ниво на креативност.

Здравје и совет

Јадете помалку , движете се повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Вашата моментална потреба за акција ќе ве наведува на несмасни потези и невнимателни изјави кога станува збор за љубовта.

Кариера

Кога станува збор за задачите од некоја работа , денеска би можело да се покаже дека тие не се јасни ниту стабилни. Појаснете ги.

Здравје и совет

Не јадете тешка храна.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои привремено ќе го загубат компасот и претерано ќе се фалат со своите љубовни доживувања . Бидете поскромни.

Кариера

Заклучоците до кои доаѓате, ќе останат познати само за вас и за никој друг. Тоа не е типично за вас , но сега така е најдобро.

Здравје и совет

Движете се повеќе.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата потреба за зборување и џденеска ќе биде задоволена , но срцето повторно ќе остане празно. Но , и приказните се нешто.

Кариера

Како што ќе минуваат часовите на работното место, вие се повеќе во мнислите ќес е префрлате на вечерното излегување , кога очекувате добра забава.

Здравје и совет

Ќе ви биде пријатно да излезете на свеж воздух.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе ги прескокнете прашањата и ќе ги заборавите грижите. Тоа ќе ви биде најдобар потег , зашто ќе се отворите на тој начин за подобри љубовни можности.

Кариера

Немате грижи , ниту проблеми , зашто работите се одвиваат за вас поволно. Сепак , осигурајте го она што сте го постигнале.

Здравје и совет

Вежбајте јога.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Доколку сте сами, денеска издржете зашто ќе имате шанса за ново пријатно познанство , кое може да прерасне во љубов.

Кариера

Една ситуација или дел од работата денеска ќе биде дефиниран , созреан или завршен. Од тоа ќе произлезат нови поттици.

Здравје и совет

Игнорирајте ја нервозата.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе најдете начин за да постигнете каква- таква рамнотежа во својот приватен живот. Во тоа ќе успеете на малку чуден начин.

Кариера

Можеби ќе ви изгледа дека не сте заштитени , но не е така. За вас само важат истите правила како и за другите.

Здравје и совет

Опуштете се со добар сон.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во љубовта внимателно ќе спојувате пријатно со корисно , така што ќе го усреќите партнерот.

Кариера

Работите во кои вие имате директно влијание , долгорочно се развиваат одлично , а денеска решавате некакви соработки.

Здравје и совет

Прилагодете се.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Довербата што од вас ја очекува другата страна , ќе биде зацврстена доколку се потрудете да станете внимателен слушател. Не е тоа толку тешко.

Кариера

Мали недоразбирања ќе бидат поврзани со паузите на рабнотното место, но генерално , за вас сите работи се подобруваат.

Здравје и совет

Останете такви какви што сте.

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Отворени сте за нови можности и се повеќе надеж вложувате во моментите на спонтаност , кои ви носат задоволство.

Кариера

Некои би можеле да се постават како диви коњи , што треба да се припитоми. Мора да разберете дека работата ви е неопходна и тоа според правила.

Здравје и совет

Мали нервози.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Како да не гледате јасно , ќе бидете склони кон фалење на себеси. Проценките денеска нема да ви бидат сосема реални.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе се покажат како многу вешти во уметнички и креативни работи . Тие ќе се изразат , а вие следете ги.

Здравје и совет

Не е забрането да се опуштите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Бројот на жртви во ненадејните поплави што ја погодија границата Непал-Тибет, достигна 95, соопшти локалната полиција.

Фото: 340 туристи се водат како исчезнати по ненадејните поплави во Непал, досега има најмалку 95 загинати

Најмалку 403 лица, вклучувајќи 341 странски државјанин, се водат како исчезнати соопшти туристичкиот одбор на земјата. Според објавените податоци, меѓу исчезнатите се 203 мажи и 200 жени. Странските државјани по кои се трага се од 26 различни земји.

Најголемиот број исчезнати странци се индиски државјани, 133 од нив. Потоа следуваат Соединетите Американски Држави со 47 и Обединетото Кралство со 33 исчезнати лица.

Според информациите доставени од туристичките оператори до туристичката комисија, повеќето патници биле на пат кон Мансаровар, област во близина на индиско-непалската граница.

Министерот за надворешни работи на Непал рече дека прелиминарните извештаи укажуваат дека ненадејните поплави можеби се случиле откако земјотрес предизвика лавина.

Властите повикаа спасувачи од Кина и Индија да помогнат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Денеска ќе бидат објавени конечните ранг листи за примени студенти на факултетите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“..

Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ

Запишувањето на примените кандидати ќе биде на 3 и 4 септември. Со конкурост на уким, на 23-те факултети на најстариот и најголем универзитет во државава беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата студиска година, која ќе почне на 1 октомври.. Од вкупниот број слободни места, 4395 се за студенти во државна квота (редовни студенти кои се финансираат од државниот буџет), 3621 за редовни студенти кои плаќаат школарина, т.е. ги кофинансираат студиите и 835 за вонредни студенти...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и топло, попладне нестабилно

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. 

Сончево и топло, попладне нестабилно

Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.

За време на викендов претпладне ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови наместа ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер