ХороскопДневен хороскоп за 19. декември 2020 година Дневен хороскоп за сабота, 19. декември 2020 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом. Кариера На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни. Кариера Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така. Здравје и совет Можна е главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо. Кариера Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете. Здравје и совет Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање. Кариера Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна. Кариера Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа. Здравје и совет Размислете за својата дисциплина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус. Кариера Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин. Здравје и совет Победувате со издржливост. Рак 22.6-22.7. Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси. Кариера Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Мали дигестивни проблеми. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување. Здравје и совет Прво размислете , па потоа зборувајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол. Кариера Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува. Кариера Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност. Здравје и совет Толерирајте ги недостатоците на другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците. Кариера Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа. Здравје и совет Надевајте се на подобро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје16 годишна девојка е најмладиот пациент со мозочен удар 16 годишна девојка, е најмладата пациентка со мозочен удар на Клиниката за неврологија. Првиот човек на клиниката Божиновски објаснува дека има епидемија на мозочни удари, и едниствено што е важно е превенцијата во прегледи мерење притисок, шеќер, холестерол и генетската предиспозција во фамилијата. Секој мозочен удар пред 55 година се води како удар кај млад пациент, велат од Клиниката за неворлогија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести76-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12
СветПрви парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас Први парламентарни избори во Израел по нападот на Хамас кој однесе 1200 животи но и почетокот на војната во Појасот Газа, која истражен комитет на Обединетите нации ја признаа како геноцид. Главната битка се води меѓу партијата „Ликуд„ на премиерот Бенјамин Нетанјаху која предводи крајно десничарска коалиција на националисти и ултра-ортодоксни евреи и опозициска коалиција предводена од партијата „Јашар„ на поранешниот началник на Генералштабот на армијата - Гади Ајзенкот. -Не смееме да им го препуштиме теренот овде на Левицата и на арапските партии – партии кои се стремат да стават крај на еврејската држава. Тоа е она што е во прашање; тоа е она што виси на конец: зачувување на еврејската држава, обезбедување на нашата безбедност и заштита на нашата иднина,- -Бенјамин Нетанјаху. -Се обврзувам да ја демонтирам воената и управувачката моќ на Хамас – или целосно да го уништам. Ова е ветување што ќе го исполнам. Уверен сум дека до крајот на оваа вечер, ќе видиме промена и нов дух за Државата Израел – корективен пресврт по трите години што штотуку ги преживеавме,- - Гади Ајзенкот. Овие избори за 120 пратеници во Кнесетот се оценуваат како едни од најзначајните за Израел досега, со драстично различни политички визии за иднината на државата. Додека Нетанјаху нуди „порелигиозен„ Израел и цврста контрола врз Газа и Западниот Брег, неговиот главен противник – Ајзенкот чиј син загина во војната во Газа, се позиционира како опција за враќање на демократијата и спасување на Израел од меѓународни санкции по војната во Газа. -Мораме да ја спасиме нашата земја од диктатура, до која ќе дојде доколку Нетанјаху повторно ја освои својата позиција. За жал, тој ја подели нашата земја, нашиот народ, на две групи – вистински Евреи и не толку вистински Евреи. Сметам дека тоа не е правилно. -На Израел му е потребна промена. Ова е судбоносен период, судбоносен период за оваа нација. Четвртина милион Израелци го напуштија Израел – најдобрите, елитата на Израел. -Гласав за Ликуд и сакам да продолжам да гласам за Ликуд. Сметам дека нема алтернатива за Биби, нема никој што би можел да го замени. -Исто така, сметам дека нема подобар кандидат од Биби. Ликуд е дел од целиот наш живот; од моето раѓање па сѐ до смртта. 7,3 милиони граѓани на Израел од кои 1,2 милиони се палестинци имаат право на глас. Меѓутоа, над 5 милиони палестинци кои живеат на териториите на окупираните Западен Брег и појасот Газа се исклучени од гласањето. Гласачките места се затвораат денеска во 20 часот а на изборите учествуваат 37 изборни листи. Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗа повеќе од двојно зголемен бројот на деца-жртви во судските евиденцииНе смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца.Не смееме да останеме неми на ескалацијата на врсничкото насилство алармираат од Државниот совет за превенција на детско претстапништво и правда за деца кој во годишниот извештај за минатата година нотира зголемен број деца жртви евидентирани во судовите за 118% споредено со 2024, пораст на детските прекршоци, и само три специјално опремени простории за разговор со деца во полициските станици низ целата држава. Таканареченото „родителско слепило“, односно непрепознавањето или игнорирањето на постапките на децата, перцепцијата дека кај училишен психолог се оди како казна, немање на општински совети се само дел од причините поради кои насилството кај децата во Македонија е во пораст, вели Претседателката на Советот, Проф. д-р Гордана Лажетиќ. Можеби „приказната“ започнува во семејството, но ако проблемот институциите го детектираат дури на 14 годишна возраст, веќе е доцна, што значи дека системот потфрла, затоа е важно локално да се води грижа, преку општински совети, посочуваат од Советот. Притворот за 14 деца лани, наспроти шест во 2024 година, и само еден успешно завршен случај на медијација, ги отвораат прашањата за тоа колку се користат алтернативите на судската постапка. Државниот совет укажува на потребата од поефикасна превенција од сите чинители и поголема примена на мерките што се во најдобар интерес на детето. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter