3Петнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица
ХороскопДневен хороскоп за 19. август 2025 годинаДневен хороскоп за вторник, 19. август 2025 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Постои можност за подобра соработка меѓу вас и другата страна , но треба да бидете поотворени. Кариера Ќе поработите на сопствената независност во работењето , а тоа ќе ве доведе до откритието дека можете подобро и повеќе. Здравје и совет Повеќе живејте во сегашноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Некои целосно ќе му се препуштат на светот на фантазијата , за да се оттргнат од љубовната реалност. Сепак , нека не претеруваат. Кариера Други ќе ви излегуваат во пресрет и ќе бидат љубезни кон вас , но длабоко во душата ќе почувствубате дека не се искрени. Здравје и совет Држете се до фактите . Вага 24.9.-23.10 Љубов Особено е значајна емотивноста со која зрачите. Саканата личност ќе ве прифати , ќе ве теши и ќе понежна кон вас. Кариера Оние кои се занимаваат со креативна или уметничка работа , денеска ќе имаат посебна инспирација. Здравје и совет Чивајте се од провев. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе се прашувате колку дена се потебни за другите да ве разберат во целост.Потрудете се појасно да се изразувате , па се ќе дојде на свое место. Кариера Вашата фантазија и креативноста ќе дојдат денеска до израз без оглед што и да работите. Тоа ќе биде долгорочно дело. Здравје и совет Одморете си ги нозете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на додоворување ќе и биде симпатичен на другата страна, но во исто време таа ќе биде доста чувствителна и нема да ви ги открие сите детали. Кариера Ќе бидете во ситуација некој да ви каже да си ја гледате работата или спонтано истото ќе си го кажете самите на себе. Здравје и совет Посветете му се на вашето хоби. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е искушение да се согласите на некои отстапки кон саканата личност , кои не ви се допаѓаат.Најдете компромис. Кариера Во соработката со млади колеги и натаму постои нејаснотии , што треба да се расчистат , но чекате да стигнат сите информации. Здравје и совет Прифатете ги другите какви што се. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Меѓу работата и љубовта ќе ги изберете и двете. Денеска е таков денот , па ќе успеете да ги споите. Можно е доаѓање на партнерот на вашето работно место. Кариера Некој од колегите би можел да ви ги каже своите грижи или тајни. Ќе бидете слушател за пофалба. Здравје и совет Радувајте се . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ви претстои забава или дружење со доста пиење и слично. Внимавајте да не побарате утеха во пиењето поради љубовната суша. Кариера На работа се ќе се одвива површно без позначајни достигнувања. Денот ќе ви прелета и ќе се прашувате што е сработено. Здравје и совет Будете поумерени. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе настојувате во односот со саканата личност да внесете повеќе лежерност и сништа. Сепак , не зборувајте многу , туку делувајте. Кариера Сигурно е дека ништо не е сигурно. Би можеле малку да се изнервирате , зашто работите не се дефинирани. Здравје и совет Однесувајте се природно. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во љубовните работи ќе бидете нереални. Ќе гледате нешто што во реалноста не постои. Затоа држете се до реалноста. Кариера Ќе ви се чини како обрачот околу вас да се стега и притисоците ќе ги забележувате.Ќе избегате во својот свет на сништата. Здравје и совет Соочете се со светот на реалноста, тоа е здраво. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои би можеле да се заљубат и навистина да уживаат во денешниот ден. Оние кои се во врска , ќе бидат многу среќни. Кариера На работното место се појавуваат идеи , кои на прв поглед се необични. Работете енергично и разгледувајте ги полека. Здравје и совет Ќе ви се спие. Рак 22.6-22.7. Љубов Фантазијата ќе ве води низ областа на срцето , па нема да бидете целосно реални. Ќе почнете да се отуѓувате со саканата личност. Кариера Уште очекувате да добиете еден одговор , што би можел да ви ја отвори вратата за соработка кон странство. Здравје и совет Поработете на флексибилноста на телото.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
БалканЛав растргна лавица во зоолошката во Загреб- објавена е снимка од нападот (Вознемирувачко видео) Здружението „Анималекс“ го објави нападот на лавицата Тајри, која вчера беше нападната и убиена од лавот Уганда во Зоолошката градина во Загреб.На своите социјални мрежи денес објавија видео за кое тврдат дека ги прикажува вчерашните последни моменти на лавицата во Зоолошката градина во Максимир, објави Индекс. Видеото прикажува лав покрај лавица како лежи на земја во живеалиштето. Од однесувањето на лавот и лавицата, не е јасно дали станува збор за игра или за нешто посериозно. Надвор од кадарот се слушаат гласови на луѓе и повик на лав. Од самата снимка не е можно да се утврди кога е направена или што се случило пред и по снимката. „Анималекс“ тврди дека смртта на лавицата е предизвикана од неодговорното однесување на дресерот и другите одговорни лица. „Непрофесионалното, неодговорно и невнимателно однесување на дресерите и другите „експерти“ доведоа до смрт на лавицата, која беше насилно сместена во живеалиште со лав по 10 дена, без постојан надзор и без соодветна реакција на дресерите на нападите што ги доживуваше секој ден“, објави здружението. Не е познато што го натерало лавот да нападне. „Анималекс“ понатаму тврди дека најмалку тројца посетители биле сведоци на нападот и дека персоналот на Зоолошката градина се обидел да го спречи лавот со викање. Тие тврдат дека лавицата била повредена претходно. Здружението бара оставка од директорот на Зоолошката градина и лицето кое одлучило да стави лав и лавица заедно во заеднички живеалиште. За потсетување, Зоолошката градина вчера изјави дека животните биле успешно споени во помошниот простор на 10 јули, додека од 21 јули престојувале заедно во надворешниот дел од живеалиштето. „Двојката се сложувала добро и немало индикации дека може да се случи таков настан“, објавија вчера. Директорот на Зоолошката градина, Иван Цизељ, изјави дека животните биле под постојан надзор од нивното пристигнување и дека живееле заедно во последните 12 дена без инциденти. Од Зоолошката градина изјавија дека сè уште не знаат што го натерало лавот да нападне. Тие изјавија дека нивните вработени постапиле во согласност со протоколите по нападот и дека посетителите и вработените во ниту еден момент не биле загрозени.Тагови: Загреб лавица Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00
МакедонијаГевгеличанец во БМВ „летал“ со 204 км/час кај Смоквица, уапсен е Гевгеличанец возел „бмв“ со скоро двојно поголема брзина од дозволеното, запрен е и лишен од слобода, следува соодветна пријава.На 29.07.2026 во 21:26 часот на автопат А1, кај клучка Смоквица, гевгелиско, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишија од слобода Ж.Д.(29) од Гевгелија. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Ж.Д. управува патничко возило „бмв“ со гевгелиски регистарски ознаки со брзина од 204 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 120 километри на час. Тој е исклучен од сообраќај и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 297-а од Кривичниот законик- „безобѕирно управување со моторно возило”, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Црна хроникаПетнаесет танчерки од Србија, Албанија и Колумбија се фатени во полициска акција во гостиварско- уапсени се две лица Акциска контрола во угостителски објекти во гостиварско, затекнати 15 странски државјанки, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.Денеска (30.07.2025), во периодот од 02:00 до 04:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово – ОВР Гостивар спровеле акциска контрола во два угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. При контролата во с.Чегране, гостиварско, околу 02:00 часот од слобода е лишен М.Х.(50) од с.Форино, гостиварско. Тој, откако ги забележал полициските службеници пред објектот, ја заклучил влезната врата и ги предупредил присутните да бегаат, но по брза реакција на полициските службеници на задниот излез било спречено бегство на повеќе женски лица – странски државјанки. Додека, пак, во угостителски објект на подрачјето на Полициското одделение Галате, полициските службеници го лишија од слобода А.А.(53) од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана. При контролите во двата објекта, поради злоупотреба на туристичкиот престој, односно престојување спротивно на целта, приведени се вкупно 15 странски државјанки на возраст од 19 до 40 години од Србија, Албанија и Колумбија, од кои 11 во угостителскиот објект во с.Чегране и четири во угостителскиот објект во подрачје на Полициското одделение Галате. Сите се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за пратенички прашања во Собранието15:00Град Скопје: Дезинсекција против комарци, фаза 1011:57На ГП „Богородица“за излез од државата се чека околу 20 минути08:50Нови три случаи на вирусот „западен нил“ кој го шират комарците во Скопје15:00Епидемијата во Гостивар се смирува - водата ќе може да се пие до крајот на неделава 15:00