Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај
1Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај
Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
ХороскопДневен хороскоп за 19. април 2022 годинаДневен хороскоп за вторник, 19 . април 2022 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе ја комбинирате страста со наивност.Ќе им бидете многу интресни на лицата од спротивниот пол , но нема да знаат на што се додека се со вас. Кариера Не се чудете доколку ви предложат некои помали промени.Многу се веројатни и ќе ви донесат сигурност и стабилност. Здравје и совет Прифатете го она што доаѓа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Леснотијата со која денеска ќе ги остварувате контактите денеска ќе биде зачудувачка.Единствено е важно да не зборувате премногу и што било. Кариера Сите работи поврзани со луѓе , или комуникации лесно ќе се одвиваат. Здравје и совет Прво промислете па потоа кажете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска ќе посакате повеќе љубов и внимание, па така и ќе се поставите.Саканата личност ќе биде изненадена со вашата нежност. Кариера Саботажа е нешто што навреме треба да се открие и да се избегне.Мали детективски активности ќе ги осуетат намерите на противниците. Здравје и совет Работете колку што можете. Рак 22.6-22.7. Љубов За вас веќе нема препреки , ниту тешкотии.Љубовниот живот ви е стабилен и она што го сакате-среден. Кариера Се повеќе очи се вперени во вас и многу се очекува од вашата работа.Свесни сте за тоа, па подгответе ја вашата програма за работа. Здравје и совет Бидете она што сте. Лав 23.7-22.8. Љубов Без оглед што самодовербата ќе ви биде разнишана, излезете и дужете се со луѓе.Се ќе излезе на добро. Кариера Постојат уште некои договори кои не се толку важни , но треба да ги доработите до крај.Денеска ќе се занимавате со нив. Здравје и совет Мали двоумења. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се покажете како вешт организатор на љубовни настани.Ќе успеете да го добиете она што го посакувате. Кариера Треба да внимавате со вашето однесување да не ги навредите важните лица или надредените.Тие ќе ве доживуваат како стрес. Здравје и совет Ќе ви недостига мир.Повлечете се. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата потреба за љубов и внимание денеска ќе биде зголемена , а надворешната сосотојба нема да ви помага.Од таму и фрустрациите. Кариера Се што досега сте преживеале , ќе знаете да го наплатите.Ќе се договарате околу вашата наплата или хонорар. Здравје и совет Не мора се да биде по ваше. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Понекогаш не можете да се препознаете.Се чини дека сакате повеќе од она што ви е дадено.Бидете поскромни , па ќе имате повеќе среќа. Кариера Не треба да се споредувате со другите.Секој е единствен и има свој талент.Треба само да се открие. Здравје и совет Преиспитајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас е емотивно напорен ден во кој ќе се појават преодни фрустрации.Немојте премногу да ги зенате при срце. Кариера На повидок е успешен договор или одобрување во врка со еден важен проект.Тоа ќе ве израдува. Здравје и совет Мали емотивни грижи. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Некако ќе се скротите и ќе увидите дека нема некаков напредок , барем за сега.Ќе се посветите на други работи. Кариера Би можеле да бидете многу успешни.Свртете се околу себа и ќе видите многу можности што не сте ги забележувале. Здравје и совет Бидете будни во секој момент. Водолија 21.1.-19.2. Љубов На моменти ќе бидете целосно отворени и со леснотија ќе комуницирате со другата страна , а на моменти ќе се повлечете и ќе влезете во својот свет на соништата. Кариера Работите поврзани со пари или со вашата заработувачка денеска би требало да тргнат кон , нова позитивна насока. Здравје и совет Не ги заборавајте паузите . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сигурни сте во себе и знаете што да очекувате од љубовта.Многумина денеска ќе се покажат пред друштвото, било да се сами или во двојка. Кариера Вашиот интензивен период ќе покрене многу позитивни аспекти , а ќе дојде и она што до чекавте. Здравје и совет Можете да поместите планини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај Македонија ги исполнува условите, но останува пред вратите на Европската Унија поради билатерални прашања. Македонија ги исполнува условите, но останува пред вратите на Европската Унија поради билатерални прашања. Ова е пораката на премиерот Христијан Мицкоски од Вашингтон, кој во интервју за Атлантскиот совет повторно го отвори прашањето за македонскиот застој на европскиот пат. Запрашан дали верува дека проширувањето на ЕУ навистина се темели на заслуги и дали Македонија ја завршила својата работа, а сепак останала зад вратата, Мицкоски рече дека токму таков треба да биде процесот, но дека македонскиот случај со години е оптоварен со билатерални услови. „Се претпоставува дека треба да се применува пристап заснован на заслуги. За жал, ако го анализирате нашиот случај. Тажно, но вистина е дека тој воопшто не е блиску до пристапот заснован на заслуги. Затоа што во текот на целиот овој пат се соочуваме со таканаречени билатерални прашања. За жал, ние ги исполнуваме сите услови кога станува збор за пристапот заснован на заслуги, но потоа секогаш се соочуваме со вештачки наметнати пречки пред нас. Прво беше промената на нашето уставно име — не треба да ве потсетувам, знаете што се случи во тој период. А сега повторно имаме дополнителен услов — повторно промена на нашиот Устав. И она што најмногу ме загрижува е фактот што, практично, овој процес никогаш не завршува. Мислам, никој не може да ви гарантира дека ова е последното барање. Затоа, нашиот случај е посебен случај.“, изјави премиерот Мицскоски. Во фокусот на настапот на Мицкоски беа и односите со САД, а премиерот порача дека стратегиското партнерство со Вашингтон треба дополнително да се продлабочува. „Стоењето рамо до рамо со стратегиските партнери, еднаш избрани, треба да трае засекогаш. Ако го менувате мислењето во зависност од дневната политика, тогаш никој нема да ви верува и никој нема да има доверба во вас како иден партнер. Така беше во минатото и така ќе биде во иднината само може да ја продлабочиме стратегиската соработка со САД – Изјави Мицкоски. Во своето излагање во Атлантскиот совет, Мицкоски меѓу другото се осврна и на можностите за нови американски инвестиции, изградбата на дата центри, енергетското поврзување со Грција и потенцијалот за експлоатација на критични минерали. Зборуваше и за зголемувањето на издвојувањата за одбраната во рамки на НАТО. Премиерот посетата на Вашингтон ја искористи и за средби со претставници на американските институции, Конгресот и бизнис секторот, со порака дека стратегиското партнерство со САД треба да добие и посилна економска димензија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаМета работи на паметни очила без камера Meta, според новите информации, развива нова генерација паметни очила кои треба да се разликуваат од претходните модели во еден важен детал. Имено, тие нема да имаат вградена камера. Таквиот уред би бил наменет за корисници кои не сакаат можност за фотографирање и снимање видеа, но сепак се заинтересирани за функции на вештачка интелигенција, гласовна контрола и поврзување со содржина на нивниот телефон. Се очекува моделот да се вика Luna, пишува GSMArena. Презентација и почеток на продажбата Официјалната презентација на очилата Luna треба да се одржи на годишната конференција за развивачи на Meta, закажана за 23 и 24 септември. Доколку информациите се покажат како точни, Mета нема да чека долго со пуштањето на уредот на пазарот - продажбата наводно треба да започне во октомври. Фокус на вештачката интелигенција и звукот Отсуството на камера не значи дека очилата ќе бидат технолошки едноставни. Според достапните информации, тие треба да имаат дури шест микрофони и звучници насочени кон ушите на корисникот, па затоа голем дел од искуството ќе биде фокусиран на гласовни команди и звук. Централната улога ќе ја игра асистентот Meta AI, со кој корисниците ќе можат да разговараат без да посегнуваат по телефонот. Исто така, треба да има посебно копче од страната на рамката за брзо стартување на асистентот. Ова би можело да ја позиционира Luna како подискретна алтернатива на постојните паметни очила, особено за оние кои сметаат дека помошта од AI е покорисна од камерата.Тагови: Мета паметни очила Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСАД подготвуваат жесток удар врз Русија- се огласи КремљПретставничкиот дом на американскиот Конгрес усвои закон со кој на претседателот Доналд Трамп му се даваат нови овластувања за воведување царини. Мерката е дизајнирана да изврши притисок врз најголемите светски увозници на руска нафта и гас, со цел да се казни Москва за инвазијата на Украина. Законот беше усвоен со 262 гласа „за“ и 159 „против“ и сега ќе биде потпишан од претседателот Трамп. Минатиот месец предлогот беше одобрен од Сенатот, со поддршка од двете партии, но некои демократи се спротивставија на неговото усвојување. Тие изразија стравување дека Трамп би можел да ги злоупотреби проширените царински овластувања. Новите регулативи не се насочени само кон руски поединци и компании, туку и кон петте најголеми светски увозници на руска нафта и гас. Според законот, Трамп добива овластување да воведе тарифи до 100 проценти на земјите што купуваат руска енергија. Законот ги продолжува и санкциите против Иран до 2031 година. Според податоците презентирани од Жан Шахин, водечка демократка во Комитетот за надворешни односи на Сенатот, Кина е најголемиот увозник на руски фосилни горива и сама учествува со 51 отсто од приходите на Москва од нивната продажба. Белата куќа потврди дека претседателот Трамп има намера да го потпише законот, пишува Wall Street Journal. Подготовката на законот траеше повеќе од една година, а негов главен предлагач беше покојната сенаторка Линдзи Греам. Процесот беше забрзан во текот на летото по ненадејната смрт на Греам. Отприлика во исто време, Трамп почна да покажува поголема наклоност кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, наводно импресиониран од успесите на украинската војска на бојното поле. Целта е да се изврши притисок врз Путин пред зимата Републиканецот Мајкл Мекол, предлагач на мерката, истакнува дека е важно законот да се донесе пред зимата. Целта, вели тој, е да се изврши притисок врз Владимир Путин и неговите сојузници пред Русија повторно да почне да ја напаѓа цивилната инфраструктура, како што се електричната мрежа и водоснабдувањето. „Ова ќе ги погоди таму каде што е најчувствително и ќе создаде притисок потребен за да се доведе Путин на преговарачка маса. Во исто време, ќе ја принуди Кина да влијае на Путин, бидејќи тие ќе страдаат поради овие царини“, рече Мекол. Сомнежи за ефективноста и страв од злоупотреба Од друга страна, највисокиот демократ во Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, Грегори Микс, се сомнева дека законот ќе ја постигне посакуваната цел. „Претседателот Трамп има широки нови овластувања, а во исто време му е дозволено едноставно да ги заобиколи самите санкции што треба да ги наметне законот. Тој можеше да ги воведе тие санкции порано, но во изминатите 19 месеци не го стори тоа“, рече Микс во соопштението. И покрај тоа, извори запознаени со случувањата наведуваат дека Белата куќа директно го охрабрила републиканското раководство во Претставничкиот дом да го забрза усвојувањето на законот. Клучните застапници го поздравија усвојувањето на законот. „Им велам на народот на Украина: вие не сте сами“, рече сенаторот Ричард Блументал, кој ја предводеше иницијативата во Сенатот. Потоа му се обрати на Путин: „Вашата економија се колеба. Ќе ја уништиме вашата воена машина“. Томас Рајт, експерт за надворешна политика во Институтот Брукингс, смета дека новите овластувања предизвикуваат загриженост дека Трамп би можел да ги користи премногу широко. „Трамп во вториот мандат покажа дека му се допаѓаат тарифите како инструмент и дека сака постојано да ги користи за уценување на други земји“, рече Рајт. Тој додаде дека многу пратеници го слават овој потег како победа на Украина, но тој се прашува: „Дали симболичната победа вреди за ризиците што доаѓаат со новите царински овластувања?“ Дипломатски напори пред гласањето Американските политичари долго време повикуваат на построг став кон Русија, бидејќи војната во Украина влегува во својата петта година. Москва напаѓа цивилни цели низ Украина со беспилотни летала и проектили, вклучително и возови и бензински пумпи, а Украина возвраќа со напади врз руски нафтени рафинерии. На почетокот на овој месец, американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф ги посетија Москва и Киев. Нивната посета дојде откако шефот на ЦИА Џон Ретклиф помина неколку часа во Москва на разговори со неговите руски колеги на крајот на август. Со цел да обезбеди најширока можна поддршка од американските пратеници, украинскиот претседател Зеленски го посети Капитол Хил во јули и се состана со десетици сенатори пред гласањето. Претходно овој месец, неговиот пратеник за политика на санкции, Владислав Власјук, беше во Вашингтон, каде што, исто така, се состана со двопартиски претставници и претставници на администрацијата. Кремљ: Новите американски санкции ќе го отежнат постигнувањето мир во Украина Новите американски санкции против Русија ќе го отежнат постигнувањето мировен договор во Украина, соопшти Кремљ. „Го следиме развојот на ситуацијата околу овој документ. Тоа е непријателски потег, а воведувањето на какви било дополнителни американски санкции сигурно ќе ги комплицира напорите за изнаоѓање мирно решение во Украина“, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.Тагови: кремљ русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook