3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
ХороскопДневен хороскоп за 19. април 2021 годинаДневен хороскоп за понеделник, 19. април 2021 година.Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете кон својот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеМозочниот удар не бира возрастНиту една годишна возраст не е поштедена од мозочен удар, а најмлади пациенти на Неврологија со ваква состојба се 14 годишни деца, вели проф. д-р Анита Арсовска. Само на Клиниката за неврологија секоја година има по околу 5000 нови случаи, а ова е доволно за вклучување на алармот за превенција, вели д-р Арсовска. Навременото препознавање на симптомите и брзата медицинска интервенција кога ќе се забелжи симптом како што е парализа на едната страна на телото, се клучни за намалување на ризикот од смрт и тешки последици. Сепак, во околу 90 проценти мозочниот удар може да се спречи, а треба да се започне со утврдување на факторите на ризик што ги имаме, како што се маснотии во крвта, висок крвен притисок, шеќер, вели д-р Арсовска. Мозочен удар не може да се превенира преку ноќ, но клучни се медицинските проверки на нашиот организам, но и ако се прават напори во секојдневниот живот да ги промениме навиките, или модифирачките ризик-фактори. Според официјалните податоци на Институтот за јавно здравје во Македонија годишно околу 3.000 луѓе доживуваат мозочен удар. Кај 30 до 40 проценти од пациентите остануваат трајни последици, меѓу кои парализа, нарушен говор, проблеми со памтењето и физичка инвалидност. По повод светскиот ден на мозочниот удар, на Плоштадот Македонија од 10 часот ќе се спроведуваат бесплатни превентивни мерења на крвниот притисок, шеќерот и холестеролот во крвта, како и проценка на ризикот од мозочен удар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДејан Јованов и неговиот син предложени за сведоци во предметот на полициските службенициДали сопственикот на дискотеката „Пулс“ во Кочани, Дејан Јованов Деко, се стекнал со противправна имотна корист и дали контактирал со дел од полицајците обвинети во друг предмет? Ова ќе треба да се разјасни на некое од следните рочишта откако одбраната на Боби Гидиоски, обвинет во предметот со деветтемина полициски службеници побара од судот да дозволи Дејан Јованов да сведочи. -Го предлагаме на околности затоа што застапникот на обвинението тврди дека обвинетите му дозволиле на Деко да стекне имотна корист која се изразува во плата која ја земал како вработен за шест месеци, па на таа околоност бараме да биде сослушан, дали тоа му е овозможено од обвинетите. – Бранко Колев – Адвокат Дел од барањата и на останатите адвокати се однесуваат на прибавување службена документација од МВР и СВР Штип, вклучително и записници, извештаи, телеграми и службени белешки од 2022 и 2023 година. Како и документите кои се однесуваат на таканаречена проблемска информација за состојбите во дискотеката „Пулс“. -Дел од документите се однесуваат на работењето на МВР, односно СВР Штип, додека останатиот дел се однесува на проблемска информација која што е прикриена од обвинетиот Боби Гидиовски како началник на СВР Штип, а која проблемска информација е доставена за проблемите во дискотеката „Пулс“ кои ОВР Кочани ги имале во Кочани, меѓутоа таа проблемска информација е прикриена од обвинетиот на кој јас сум бранител. – Бранко Колев – Адвокат Покрај Дејан Јованов – Деко, адвокатот на деветтообвинетиот Александар Максимов предложи да сведочи и неговиот син Михаил Јованов, кој исто така е еден од обвинетите во големиот предмет за пожарот во „Пулс“. По предлозите на одбраната обвинителката Спасенка Андпонова ќе се произнесе на следното рочиште кое е закажано за утре. Според обвинението полициските службеници не ги извршиле целосно потребните проверки, но сепак дале согласности врз основа на кои дискотеката добивала лиценци за работа во 2022 и 2023 година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧелниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27Вучиќ призна пораз - објави дека СНС ќе има 105 пратеници, а студентската листа 135-14022:05Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ го призна поразот- им честиташе на студентите и ги нарече „изведувачи на нечисти работи“ (ВИДЕО)21:34
Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград 20:59
МакедонијаФилипче: Не славиме туѓи избори, се руши балканскиот криминален октоподСпоред Филипче, ВМРО-ДПМНЕ го пресликал моделот на владеење од Вучиќ преку бизнис, политички и медиумски врски.Промените во регионот означуваат крај на политичките и бизнис-спреги што ги одржуваат авторитарните и коруптивни режими на Балканот, по Вучиќ и Орбан следен ќе биде Мицкоски, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес – конференција, на која им честиташе на српските граѓани за изборниот резултат. Според Филипче, ВМРО-ДПМНЕ го пресликал моделот на владеење од Вучиќ преку бизнис, политички и медиумски врски. Планот на СДСМ сега е постепено да ги демонтира лошите политики на власта, кажа Филипче, но предвремени избори нема да бара. - Сега, на тоа постепено му доаѓа крајот. Ние го најавивме. И со падот на Орбан, и сега со паѓањето на Александар Вучиќ во Србија. Практично, ВМРО е помалата привезок партија на нивната сестринска СНС од Србија. Александар Вучиќ му беше менторот, командантот, тој кој што даваше насоки како да функционира Христијан Мицкоски, тука, кај нас. И тој систем, многу добро, за жал, го имплементираше во наша земја, рече Филипче. Филипче доколку сака да опстане уште некој месец во политиката до избори треба да си го гледа сопствениот двор, а не да мисли дека со лаги може да ја изврти реалноста, одговорија од ВМРО-ДПМНЕ. Според владејачката партија прво паднале Филипче и Заев, па потоа Вучиќ. - Кога Филипче зборува против Вучиќ, на народот му текнува како седеа и пиеја до рани зори, како го пречекуваше на граница, како марихуаната одеше за Србија, како за директор на ЕСМ со Заев ставија човек на Вучиќ, како за ПР шеф во партија го ставија неговиот кум Башановиќ и многу други поврзаности за кои допрва ќе се дознава. Венко Филипче и Вучиќ се едно те исто, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според политичкиот аналитичар Марко Трошановски големата победа на Студентската листа во Србија и падот на Вучиќ главно се должат на неправдата во општеството, корупцијата и барањето на вистински системски промени. Србија според него сега е пред огромен предизвик, да го ресетира она што го има како наследство од Вучиќ, во однос на високата корупција, узурпирање на институциите, заробени медиуми, судство, а успехот на студентите очекува да ги поттикне младите во регионот. -Мислам дека ќе има огромно влијание врз развојот на случувањата во Албанија и таму незадоволството е напластено на ист начин како во Србија и сега ескалира со сето тоа што можеме да го сведочиме, но мислам дека и во целиот регион успехот на неискусна политичка општествена сила како што беа студентите и нивен успех да турнат еден многу силен воспоставен политички режим би рекол секако ќе ги мотивира и инспирира многу млади луѓе особено но и многу други сегменти на популацијата доколку нивните политички претставници продолжат да ја злоупотребуваат власта или да ги игнорираат нивните потреби да се бунтуваат на секакви можни форми против истите, така што ќе биде еден поттик за отворање на некаков бран на граѓански незадоволства или протести, онаму кадешто за тоа има плодна почва, изјави Трошановски за Канал 5. Според Трошановски, главен предизвик за Студентската листа која што е хетерогена групација сега ќе биде дефинирањето на јасна стратегија за клучните државни позиции, како и изборот на нов премиер и состав на Владата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter