ХороскопДневен хороскоп за 18. октомври 2025 годинаДневен хороскоп за сабота, 18. октомври 2025 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко. Кариера Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат. Здравје и совет Проширете ги контактите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи. Кариера Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни. Здравје и совет Немојте да зборувате премногу. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета. Кариера Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати. Здравје и совет Вежбајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано. Кариера Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено. Здравје и совет Понастрана од снобови. Водолија 21.1.-19.2. Љубов За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка. Кариера Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди. Здравје и совет Немате грижи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие. Кариера Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети. Здравје и совет Не брзајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите. Кариера Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат. Здравје и совет Не зборувајте , доколку нема причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака. Кариера Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат. Здравје и совет Внимавајте на нервози и фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат. Кариера На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува. Здравје и совет Формата ви е одлична. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања. Кариера За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи. Здравје и совет Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Полесно ќње воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства. Кариера Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи. Здравје и совет Немојте толку да се сомневате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост. Кариера Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат. Здравје и совет Сега знаете што сакате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
МакедонијаВо Скопје опожарен паркиран автомобил пежо Во населбата Аеродорм во Скопје засега непознат сторител опожарил автомобил пежо. На 31.10.2026 во 21:24 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „12-та Македонска бригада“ во Скопје, едно лице со употреба на запалива течност опожарил паркирано патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, во сопственост на 62-годишната И.С. од Скопје. Повредени лица нема. Пожарот бил изгаснат со ПП апарат од страна на нејзиниот сопруг. Се преземаат мерки за расчистување на случајот., соопштија од МВР.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Охрид приведен радовишанец поради напад на сопругата11:31Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, локално пообилни09:06НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
НБРМ: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор15:00
ЈО: Се бара нов краткотраен притвор од 48 часа за осомничените за разбојништвата со смртни последици во Ѓорче11:48
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. -Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook