Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
1Денес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконопис
ХороскопДневен хороскоп за 18. октомври 2019 годинаДневен хороскоп за петок , 18. октомври 2019 година. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во вашиот приватен живот работите се одвиваат како што треба. Поради тоа неумесни прашања не ве загрижуваат. Кариера Ќе треба да поработите на една работа заостаната од порано. Веројатно сеработи за пренамена или некакви корекции. Здравје и совет Мали стресови што добро ги поднесувате. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Радоста поради хармонијата и среќата во вашиот приватен живот ќе биде заразна. Игнорирајте ги грижите. Кариера Повремено ќе се сетите на новите планови и се она што ве очекува. Сепак , тоа нема да биде товар , туку само интересно комбинирање. Здравје и совет Бидете свои. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Поради тоа што има се помалку шанси кои се во прилог на вашиот љубовен живот , денеска ви паѓа самодовербата. Кариера За да постигнете напредок во една работа , ќе треба од нешто да се откажете. Кај некои тоа ќе значи и финансиски трошок. Здравје и совет Внимавајте на грлото . Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе сфатите дека немате каде и дека требада ја прифатите состојбата каква што е. Тоа ќе биде зрела одлука што ќе треба да ја спроведете. Кариера На некои ќе им легнат пари на сметка. Други ќе осмислат уште подобар начин на заработувачка. Тртети ќе работат повеќе надевајќи се на поголем приход. Здравје и совет Не пијте студени напитоци. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Внимавајте со духовитите , а сепак несоодветни разговори да не ја повредите саканата личност.Контролирајте се. Кариера Вашите соработници од блиската работна околина ќе бидат оруигинални , но доста непродуктивни. Ќе имате утописки идеи. Здравје и совет Не поддржувајте нешто со што нес е согласувате. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Некои во пријатна личност ќе препознаат идеален партнер. Ќе бидете збунети , но и подготвени за акција. Кариера Денеска би можеле да добиете информација за еден ваш успех за кој сите ќе слушнат. Ќе ви биде мило. Здравје и совет Држете се до својот план. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска саканата личност би можела навистина да ве збуни. Час ќе биде отворена и на раб на агресивност , а час чувствителна и повлечена. Кариера Во работите со луѓе и комуникации ќе бидете продуктивни и успешни. Поврзете се што можете повеќе со соработниците. Здравје и совет Не инсистирајте да биде по ваше. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно денеска ќе чувствувате дека созреваатнекои важни работи меѓу вас и партнерот. Само немојте да брзате. Кариера Важно е да не се држите до крај до своите идеи , туку подобро да ги прифаќате и идеите на другите. Здравје и совет Да се греши е човечно , но да не се признаат грешките е лудост. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Некои во милата личност ќе го препознаат идеалниот партнер . Ќе бидат по малку збунети , но и подготвени за акција. Кариера Можен е финансиски трошок на кој не сте подготвени , но вашите идеи се толку богати што набргу ќе го вратите изгубеното. Здравје и совет Чувајте го грлото и вратот. Рак 22.6-22.7. Љубов Она што можеби недостасува ќе го надополните со конструктивен пристап и фокусирање на она што е позитивно во вашиот однос. Тоа е паметно. Кариера Имате право да прашате доколку нешто не ви е јасно , но ако денеска не работите, прашањето одложете го за следната недела. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Лав 23.7-22.8. Љубов Доаѓа до се поголема хармонија во личните односи , а вие ќе бидете задоволни. Работите се одвиваат како што треба. Кариера На работа јасно ќе ви стават до знаење дека го ценат вашиот труд и професионалност. Тоа уште повеќе ќе ве мотивира за понатаму. Здравје и совет Не обрнувајте внимание на мали нервози. Девица 23.8.-23.9. Љубов Конечно ќе најдете вистински зборови со кои ќе го подобрите односот со саканата личност. Самците успешно се додворуваат. Кариера Денеска ќе добиете одговори на некои прашања , а деловната кореспонденција ќе се интензивира. Здравје и совет Можни се мали нервози.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука: Заштитник на лекарите и основач на христијанскиот иконописДенес се празнува Светиот апостол и евангелист Лука, автор на Евангелието и Делата на апостолите и заштитник на лекарите и иконописците.Свети Лука – лекар и прв христијански иконописец Светиот евангелист и апостол Лука е роден во Антиохија. Тој е еден од четворицата евангелисти. Според едни тој им припаѓал на 12-те Христови апостоли, а според други не бил во редот на овие апостоли туку во 70-те ученици на Исус. Бил верен следбеник на христовото учење и проповедал низ повеќе земји во светот. Особено по смртта на светите апостоли Петар и Павле тој христијанството го проповедал во Галија, Италија, Далмација, Македонија, Грција и други места. Околу 60-та година го напишал евангелието, но напишал и други дела како што се Дела апостолски. Маченичка смрт на 84-годишна возраст Доживеал длабока старост но не се откажал од христовото учење. Според едни извори на 84-годишна возраст во Грција бил мачен и обесен на маслинка, а според други умрел од природна смрт. Телото на светиот евангелист Лука за време на царот Константин било пренесено во Цариград и погребано во црквата на Светите апостоли заедно со телата на Свети Андреј Првоповикан и свети Тимотеј. Свети апостол и евангелист Лука бил лекар и зограф. Како добар живописец ја насликал и Богородица со малиот Исус, а подоцна и светите апостоли Петар и Павле и овие икони се сметаат за први рачно изработени икони.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПочина новинарот Бранко Радовановиќ Почина Бранислав Бранко Радовановиќ, истакнат македонски новинар, уредник и автор, кој со децении беше дел од медиумскиот живот во земјава.Радовановиќ е роден на 16 јуни 1947 во Битола. Дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград. Со новинарство се занимавал уште како средношколец пишувајќи за „Млад Борец“ и како студент и по дипломирањето работејќи за „Вечерње новости“ и како надворешен соработник во „Нова Македонија“. Од 1979 година работел како соработник во надворешно-политичката редакција на МТВ, а од 1985 како коментатор и во повеќе наврати уредник во оваа редакција. Неколку семестри бил асистент по теорија и практика на интердисцплинарните студии по новинарство на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Од 1999 година работи во Документарната програма на МТВ. Во 2002 година станува уредник во Образовната програма на МТВ. Некои од неговите поважни ангажмани како новинар и уредник се известувањата од поранешниот Советски Сојуз, од Заливската војна и од војната во Босна, за Македонците во Бугарија, Албанија и Грција. Во 1994 година го доби признанието „Кристе Мисирков“. Бранислав Бранко Радовановиќ беше член на Советот за Радиодифузија од април 2009 година со мандат од 6 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
ЕвропаХаосот во Полска не стивнува: Претседателот свика итен состанокПолскиот претседател Карол Навроцки свика итни консултации со претставници на парламентарните партии поради ескалацијата на конфликтот околу Уставниот суд, што предизвика сериозна политичка криза во земјата.„Поради заканата по внатрешната безбедност на Република Полска, денеска свикувам итни консултации со учество на претставници на парламентарните сили, со цел да се стабилизира политичката состојба и да се воспостави уставниот поредок“, изјави шефот на кабинетот на Навроцки, Павел Шефернакер, пренесува полската телевизија „Република“. Засега не е прецизирано кога ќе се одржат консултациите. Навроцки вчера ја прекина својата официјална посета на Сенегал и се врати во Полска, откако полицијата влезе во просториите на Уставниот суд, а претседателот на таа институција, Богдан Свјенчковски, беше суспендиран. „Во ваков момент, претседателот мора да биде во Полска. Ја прекинувам посетата на Сенегал и се враќам“, напиша Навроцки на платформата „Икс“ (X). Од полицијата соопштија дека нејзини припадници влегле во зградата на Уставниот суд по инцидентите пред оваа институција, при што кон полициските службеници биле фрлани опасни предмети. Демонстранти се собраа пред зградата на судот и се обидоа да ја пробијат заштитната ограда, поради што беа распоредени дополнителни полициски сили. Уставниот суд на својата веб-страница објави дека Свјенчковски е суспендиран, додека министерот за правда Валдемар Журек поднесе барање за негово разрешување од функцијата вршител на должноста претседател на судот, како и за одземање на неговиот имунитет. Во Варшава, повеќемесечниот судир околу контролата врз полското правосудство синоќа ескалираше. Сè започна кога судијката Ана Корвин-Пјотровска најави едномесечна суспензија за претседателот на Уставниот суд, Богдан Швјенчковски, и неговиот заменик, Бартломеј Сочански. Овој потег доведе до присуство на полиција за разбивање демонстрации пред зградата на судот, предизвика протести на улиците и го принуди полскиот претседател Карол Навроцки да ја прекине официјалната посета на Сенегал – додека сè уште беше во авион – и да се врати во земјата. #BreakingNews 🇵🇱 Unconfirmed reports of a potential coup attempt led by Prime Minister Donald Tusk have emerged in Poland. President #Nawrocki has reportedly aborted an overseas visit mid-flight and is returning home. https://t.co/MEJilbLDqn #Poland #Warsaw #RegimeChange #Coup https://t.co/CDA8uo1PZn — People's Eye (@eye_peoples) October 30, 2026 Демонстранти и политичари од десничарската опозиција – предводени од Јарослав Качински, лидер на партијата „Право и правда“ (PiS) – се собраа пред Уставниот суд. Полицијата распореди сили околу комплексот по барање на судијката Корвин-Пјотровска, која проценила дека постои потенцијална безбедносна закана. Во текот на вечерта дојде до помали судири, некои поединци фрлаа предмети кон полицајците, а три лица беа приведени откако се обидоа да ја преминат заштитната бариера.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37