Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
2Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ХороскопДневен хороскоп за 18. ноември 2022 годинаДневен хороскоп за петок, 18. ноември 2022 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашиот личен живот е квалитетен и вие сте задоволни од него. Денеска сте отворени за нови луѓе и идеи. Кариера Ќе почнете со интересна деловна кореспонденција во која ќе треба да се потрудите да бидете што појасни и поедноставни. Здравје и совет Немојте да зборувате премногу. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Би можеле малку повеќе да се замислите за тоа колку вие добивате од врската , а колку партнерот. Ќе ви изгледа како тука да има разлика на ваша штета. Кариера Ќе се затекнете пред нови технологии , што треба да ги совладате.Најдете мотив зошто е тоа добро да се прифати. Здравје и совет Вежбајте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Зрелост и претпазливост ќе ви бидат главни квалитети за да го поминете иовој комплициран ден , во кој ќе се чувствувате малку исфрустрирано. Кариера Немојте по секоја цена да одите по новите трендови.И нив треба да ги проучувате некое време , па подобро е тоа да го правите постепено. Здравје и совет Понастрана од снобови. Водолија 21.1.-19.2. Љубов За да ја освежите врската , ќе се фрлите во трошок . Можно е да купите подарок или да ја повикате саканата личност на вечера на ваша сметка. Кариера Сеуште ги чекате одговорите , со кои би се искачиле за скалило погоре . Без оглед на тоа , работата добро ви оди. Здравје и совет Немате грижи. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе бидете концентрирани на своите емоции , а ќе очекувате другите да ви возвратат со љубов. Можеби енма да бидат толку сенизибилни како што сте вие. Кариера Во состојба сте да измислите некои работи што не постојат. Тоа е добро за креативните професии , но за оние кои се конкретни , таквиот став може да ви наштети. Здравје и совет Не брзајте. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата најдрага личност денеска ќе биде особено чувствителна , а вие ќе бидете склони со непромислено одмнесување да ја повредите. Кариера Во добро организирана работа , вие сепак ќе се обидете да внесете некои нови и напредни идеи. Младите лица подобро ќе ги разбираат. Здравје и совет Не зборувајте , доколку нема причина. Бик 21.4- 20.5. Љубов Во личните односи денеска би можело да дојде до незадоволство , зашто низа ситуации нема да ви одат од рака. Кариера Ќе се потпрете на своите соработници и нивната наклонетост. Услужните дејности просто ќе цветаат. Здравје и совет Внимавајте на нервози и фрустрации. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе уживате во друштвото на саканата личност. Оние кои уште се сами , ќе изгледаат опуштено и без притисок дека мора некого да најдат. Кариера На некого од страна му изгледа како да ви паднала секирата во мед. И ќе биде во право. Преку фалбите на другите , вие се освестувате што ви се случува. Здравје и совет Формата ви е одлична. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе поминете најдобро ако не зборувате , доколку не мора. Едноставно молчете и сакајте без некои посебни барања. Кариера За да се расчисти метежот што се појавил, треба да се послужите со сопствената интуиција и со своите свежи идеи. Здравје и совет Слушајте го во тишина вашиот внатрешен глас. Лав 23.7-22.8. Љубов Полесно ќе воспоставувате контакти со луѓето , па денот е добар за излегувања и нови познанаства. Кариера Се ќе се врти околу другите , а вие ќе треба тоа да го прифатите. Ќе се поврзете со нови , напредни идеи. Здравје и совет Немојте толку да се сомневате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Познанство со личност која не е од вашето поднебје , би можело да ви ја разбуди фантазијата. Некои ќе ја покажат и својата наклонетост. Кариера Во работите поврзани со луѓе ќе бидете успешни без оглед што соработниците и натаму ве нервираат. Здравје и совет Сега знаете што сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Денот е добар за неформално дружење со кафе. Многумина ќе уживаат во разговор на различни теми , без притисок дека мора да се случи нешто подлабоко. Кариера Ќе знаете да ги презентирате своите замисли , така што дугите ќе ве слушаат со интерес и повеќето ќе ве прифатат. Здравје и совет Проширете ги контактите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Забава Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнувањеЕве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.Патувањето со рачен багаж звучи совршено, нема чекање редици за подигање на багажот, нема страв за загубен багаж, лесно се движите по улиците и железничките станици, но сепак, патувањето со ранец не гарантира полесно патување. Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure. Непроверување на димензиите на европските авиокомпании Кај европските нискобужетни авиопревозници, Ryanair, EasyJet или WizzAir, правилата за димензиите и тежината се значително поригорозни од стандардните големи линии. Куфер што во повеќето земји поминува како кабински, во Европа често може да биде голем трошок во последен момент. Пакување на нови неразгазени чевли Кога ги шетате низ историските европски градови, по цел ден пешачите по калдрма, нерамни плочки и стрмни скали. Новите неразгазени чевли или крути модели се загарантиран рецепт за плускавци и болки во стапалата. Наместо тоа, земете проверени разгазени патики и анатомски обувки. Изоставање на избрана колекција облека што лесно се комбинира Носењето одредена облека за која се надевате дека ќе ја облечете создава непотребен неред при пакувањето. Решението е во неутралните тонови и парчиња облека што може да се комбинираат во повеќе прилики. Занемарување на организатор и кеси што се компримираат Класичното редење облека зазема голем волумен, а компресиските кеси го истиснуваат воздухот и овозможуваат собирање повеќе облека на ист простор, штедат нерви бидејќи така не мора да копате по куферот за да извлечете една маичка. Пренатрупан несесер и ризик од одземање Правилото за пакувања од 100 мл во проѕирен несесер и понатаму важи на повеќето европски аеродроми. Носењето полупразни големи пакувања редовно завршува со фрлање при безбедносната контрола. Спакувајте ги најосновните мини-формати, вообичаените средства за хигиена купете ги од локалната веледрогерија по пристигнувањето. Заборавање на универзален адаптер за струја Британските приклучоци за струја се разликуваат од оние во континентална Европа, а на специфични типови приклучоци може да наидете дури и во рамките на самиот континент. Купувањето поединечни пластични адаптери на аеродромот или во туристичките зони е непотребно скапо. Компактен универзален адаптер за струја со повеќе USB-влезови треба да се наоѓа во вашиот рачен багаж уште пред да тргнете на пат. Носење чанти кои се лесна мета за џепчии Плоштадите, подземните железници и туристичките атракции низ Европа се магнет за вешти џепчии. Отворените чанти на рамо, ранците со надворешни прегради и паричниците во задните џебови претставуваат голем ризик. Практична чанта со патент што се носи преку градите, блиску до телото, е најбезбедниот избор за чување документи и пари. Патување без пренослив полнач (power bank) Од билети за воз и влезници за музеи, па сè до навигација и фотографирање – вашиот паметен телефон работи со полна пареа додека патувате. Ако батеријата се испразни среде непознат град, тоа предизвикува голем стрес. Компактниот пренослив полнач е неопходен додаток (а според правилата на авиокомпаниите, мора да го носите во рачниот багаж, а не во чекираниот багаж). Преполнување на куферот до крај Најголема грешка на почетниците е тргнувањето на пат со куфер што едвај може да се затвори. Речиси сигурно ќе купите нешто попатно – сувенир, шише вино, чоколадо или парче облека. Секогаш оставајте околу десет проценти од просторот празен или спакувајте лесна, склоплива најлонска торба во рачниот багаж што ќе ја искористите при враќањето. Извор: www.tportal.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИгор Ивановски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите? Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси? Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво? Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството? Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Една минута е доволна да сфатите со кого имате работаСпоред психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие. Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот. Што ве исфрла од рамнотежа? „Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд. Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост. Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин. Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор. Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПочна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00Тројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Почна имунизацијата против сезонски грип – на располагање 30 илјади вакцини наменети за ризичните групи 15:00
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22