По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
1По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство
ХороскопДневен хороскоп за 18. ноември 2019 годинаДневен хороскоп за понеделник , 18. ноември 2019 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место. Кариера На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива. Здравје и совет Се интересирате за козметика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш. Кариера Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли. Здравје и совет Не манипулирајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого. Кариера Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место. Здравје и совет Проанализирајте се себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете. Кариера Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете. Здравје и совет Бидете зрели и воздржани. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот. Кариера Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања. Здравје и совет Телесно сте одлично , емотивно сте празни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него. Кариера Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна. Здравје и совет Внимавајте на главата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни. Кариера Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите. Здравје и совет Поместете ги своите граници. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат. Кариера Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински. Здравје и совет Концентрирајте се на позитивните работи. Рак 22.6-22.7. Љубов Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени. Кариера Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди. Здравје и совет Меланхолија. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план. Кариера Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги. Здравје и совет Напредувате во секој поглед. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања. Кариера Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе. Кариера Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот. Здравје и совет Посилни сте од ден во ден.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
НБАПоранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилствоПоранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди. Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал. Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него. Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија. Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати. Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс. Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата. Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судствоПо иницијатива на Уставниот суд на Република Македонија, а со поддршка од уставните судови на Србија и Босна и Херцеговина, се формира Охридски форум за дијалог за поголема доверба во уставното судство. Станува збор за платформа за регионална соработка, размена на искуства и унапредување на принципите на независност, транспарентност и ефикасност на уставните судови. Целосната содржина и принципите врз кои се основа Охридскиот форум: Поаѓајќи од определбата дека довербата во уставните судови е највредниот капитал што може да го поседува еден уставен суд, заклучивме дека: ● изградбата на довербата во уставното судство претставува системско прашање кое бара ангажман како од самите уставни судови и судии, така и од политичките субјекти, медиумите, научната и стручната јавност. Издвоени се три принципи кои можат да придонесат за унапредување и зголемување на довербата: ● независност; ● транспарентност; ● ефикасност. Овие три принципи можат да се остваруваат преку внатрешните напори на судовите, но истовремено во голема мера зависат и од постапувањето на надворешните чинители. Она што секој суд може да го направи заради јакнење на сопствената независност и намалување на политичките влијанија врз неговата работа е зајакнување на личниот интегритет на судиите, а преку него и на институционалниот интегритет на Судот во целина. Една од мерките е донесување Кодекс на однесување на судиите, кој ќе содржи универзални уставносудски стандарди, како и негово доследно почитување. Ограничувањето на надворешните влијанија се постигнува и преку висок степен на стручност и компетентност на секој судија поединечно, што подразбира постојано унапредување на знаењата и вештините. Во поглед на транспарентноста, клучен елемент за зголемување на довербата на граѓаните е приближувањето на работата на Судот до јавноста, а особено обезбедувањето достапност на неговите одлуки. Начините за постигнување на оваа цел се различни и зависат од правната традиција на државите и од културата на отвореност на самите судови. Тие можат да опфатат континуирано објавување соопштенија со објаснувања разбирливи за пошироката јавност, брифинзи со судиите, присуство на медиумите на седниците, директни преноси од седниците на Судот, поединечни јавни настапи на судиите во медиумите, како и присуство на соодветни социјални мрежи. Кога станува збор за јавните настапи на судиите, доколку Судот веќе практикува или се определи за ваков вид комуникација со јавноста, особено треба да се нагласат одредени ограничувања во нивните изјави, меѓу кои се: ● забрана за дискусија за тековни предмети; ● забрана за прејудицирање на исходот на тековни и идни постапки; ● избегнување ad hominem обраќања воопшто, а особено кон судии или други личности од јавниот живот; ● зачувување на кредибилитетот и институционалниот авторитет на Судот. Издвоените мислења на судиите кои јавно се објавуваат треба да имаат за цел да придонесат за развојот на правната мисла и уставносудската практика и за стратешкиот развој на Судот, при што аргументите содржани во нив во иднина можат евентуално да бидат прифатени како мнозински став или да поттикнат соодветна законодавна реакција. Во поглед на ефикасноста во работата на уставните судови, таа подразбира навремено постапување, почитување на утврдените рокови и избегнување неоправдано одолговлекување на постапките, седниците и нивното траење. Доследното остварување на наведените принципи не зависи само од волјата, капацитетот и способноста на судовите. За нивно целосно остварување, во голема мера се неопходни соработка и добра волја од другите јавни органи, медиумите, стручната и научната јавност и останатите релевантни чинители. Така, независноста на секој уставен суд е во непосредна врска со степенот на политичката и правната култура на општеството во целина. За доследно остварување на независноста потребно е и соодветно буџетско и институционално уредување. Особено е важно судовите да работат во полн состав, судиите да бидат навремено избрани, како и постапката за нивниот избор да биде транспарентна, објективна и деполитизирана, со примена на најдобрите меѓународни стандарди кои обезбедуваат објективност на постапката и критериумите. Во современи услови, ефикасноста подразбира и користење современи алатки за работата на Судот, како што се соодветни софтверски решенија за следење на предметите, бази на податоци, лесен и едноставен пристап до домашната, странската и меѓународната судска практика, како и соодветна технологија за одржување и пренос на јавните седници, доколку Судот ги практикува. Медиумите имаат исклучително значајна улога во обезбедувањето транспарентност на работата на судовите и во пренесувањето информации до јавноста. За таа цел потребни се континуирани обуки и специјализација на новинарите, блиска принципиелна и заемно професионална соработка меѓу судовите и медиумите, како и редовни средби за општи и тематски прашања кои предизвикуваат посебен интерес кај јавноста. Имајќи го предвид значењето на трите клучни принципи од кои зависи јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, Охридскиот дијалог ја препознава потребата од воспоставување заедничка рамка за нивна доследна примена. Во таа насока, се предлага склучување Меморандум за зголемување на довербата во уставните судови, со кој би се утврдиле стандарди за транспарентност, заеднички показатели и методологија за следење на јавната доверба во секој од судовите, периодична заедничка анализа на резултатите, како и регионално поврзување и унапредување на базите на уставносудската практика. Основањето на Охридскиот форум за дијалог за зголемување на довербата во уставните судови е резултат на плодната дискусија во рамките на регионалната конференција одржана на 16 и 17 септември 2026 година. Овој настан се одржа во Охрид, во организација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, со поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураДиректорот на МНТ Никола Кимовски го назначи Јордан Симонов на уметнички директорДиректорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денес го назначи актерот-првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар.Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата. Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл – претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците. Јордан Симонов е актер кој има добиено голем број на индивидуални награди за неговите улоги, како и колективни, тоа е резултат на неговата долгогодишна работа во претставите: Јуда (Евангелие по Јуда, 1993), режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица;Раскажувачот, Терсит (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар; Кирил (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Мулино (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;Марк (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Рилов (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, адаптација: Златко Славенски и Огнен Георгиевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;Викон де Валмон (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;Христов (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;(Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Жан Пол Мара, Маркиз де Сад (Мара /САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;Џонатан Харкер (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Пандар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар, Адолф (Изгубени германци, 2012), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;Гијом (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Соломон (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар; Понтиј Пилат (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;Месарот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Филип (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар; Пиерпоинт (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар; Павле (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;(12, 2024), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз, продукција: Македонски народен театар;Спиро (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;Доктор Макаров (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар; (Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, 2025), режисер: Дејан Пројковски, драматизацијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, продукција: Македонски народен театар;(Као какао, 2026), автор: Венко Андоновски, режисер: Дејан Пројковски, ко-продукција: Македонски народен театар и Баги продукција и многу други. Симонов пред назначувањето на уметнички директор беше член во уметничкиот совет на МНТ.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook