Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!
Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)
1Димитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација!
2Продолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)
3Голем пресврт: Азија го поддржа Инфантино, се очекува негова победа на изборите за претседател на ФИФА
ХороскопДневен хороскоп за 18. јуни 2026 година Дневен хороскоп за четврток, 18. јуни 2026 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси. Кариера Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат. Здравје и совет Наспијте се. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање. Кариера Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси. Здравје и совет Само немојте да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате. Кариера Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас. Здравје и совет Помогнете со вашето знаење. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија. Кариера Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите. Здравје и совет Уживајте во нежните соништа . Вага 24.9.-23.10 Љубов Мнoгумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни. Кариера Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им. Здравје и совет Нема потреба за брзање. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе. Кариера Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став. Здравје и совет Прошетајте се. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска. Кариера Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот. Здравје и совет Однесувајте се позрело. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност. Кариера Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува. Здравје и совет Правете редовни паузи. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде. Кариера Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности. Здравје и совет Не одете преку своите граници . Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност. Кариера Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи. Здравје и совет Мал душевен немир. Овен 21.3-20.4. Љубов Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси. Кариера Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите. Здравје и совет Бидете она што сте. Бик 21.4- 20.5. Љубов Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите. Кариера Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму. Здравје и совет Пијте повеќе вода.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДимитриевски од Кичево: ЗНАМ не бара алиби, туку полага отчет-резултатите се вистинската политичка легитимација! Политиката не е натпревар во ветувања, туку одговорност за секоја одлука и за секој резултат. Со оваа порака, Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска во Кичево ја продолжи серијата панел-дискусии посветени на отчетот за изминатите две години, под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“. „На средината од мандатот, ЗНАМ излегува пред граѓаните со сеопфатен отчет за работата на своите избрани и именувани функционери, преточен во посебна отчетна публикација. Граѓаните имаат право да знаат што е сработено, кои обврски се исполнети и какви резултати се постигнати. Отчетноста не е обврска само пред избори, туку секојдневна одговорност кон оние што ни ја дале довербата“ истакна претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски. Тој нагласи дека зад отчетот стојат конкретни активности и политики што треба да донесат промени во секојдневието на граѓаните, од повеќе од 1.200 капитални проекти во општините, преку изградбата и унапредувањето на патната инфраструктура и Коридорите 8 и 10, до линеарното зголемување на пензиите и растот на платите во повеќе сектори. Зад бројките, како што посочи, мора да стојат реални резултати, подобри услови за живот и поголема сигурност за граѓаните. „Не бараме доверба врз основа на убаво изговорени зборови. Довербата се оправдува со работа, со одлуки и со резултати што луѓето можат да ги препознаат. Затоа сме меѓу граѓаните и денес, затоа ќе продолжиме да разговараме отворено и да одговараме за нашата работа. Македонија се сака со дела, а политичката одговорност се докажува токму така“ порача Димитриевски. На панел-дискусијата се обратија и Весна Бендевска, потпретседател на Собранието и потпретседател на Движењето ЗНАМ, Мирослав Лабудовиќ, заменик-министер за енергетика, рударство и минерални суровини и претседател на Градската организација на ЗНАМ,како и др. Злате Мехмедовиќ, директор на Универзитетската клиника за физикална медицина и рехабилитација и член на Извршниот одбор на ЗНАМ. Дискусијата ги опфати резултатите и предизвиците во здравството, енергетиката, законодавниот процес и функционирањето на институциите, со посебен акцент на одговорноста за преземените обврски. Движењето ЗНАМ ќе продолжи со отчетните средби низ државата, отворено разговарајќи со граѓаните за сработеното, за предизвиците и за она што допрва треба да се реализира. Затоа што отчетот не е крај на една работа, туку обврска да се продолжи уште посилно, со јасни цели, конкретни решенија и одговорност за секоја преземена обврска. Најважно е резултатите да се чувствуваат таму каде што се најпотребни, во секојдневниот живот на граѓаните. Центар за комуникации и аналитикаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПродолжува хаосот во Тирана: Запалени контејнери, водени топови и камена маса за дијалог на Рама (ВИДЕО)Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана.Поддржувачите на Албанската демократска партија (ДП) денеска фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Тирана, а за време на собирот пред министерството, каде што беше најавен и студентски протест, демонстрантите запалија контејнери, објави Коха. Полицијата одговори со употреба на водени топови за да ја растера толпата. Контејнер за ѓубре се запали додека демонстрантите фрлаа камења кон зградата на Министерството за образование во Албанија, во време кога протестите што ги повикаа студентите почнаа да стануваат тензични. Според Коха, полицијата употребила и гумени куршуми. Поддржувачите на ДП претходно запалија столчиња пред зградата на албанската влада што ја постави албанскиот премиер Еди Рама како повик за дијалог со студентите. Според албанскиот „Еуроњуз“, протестот на ДП се одржува како знак на солидарност и поддршка на протестите предводени од студентите, кои траат веќе 12 дена. Фото: Танјуг/АП Порано денес, албанскиот премиер Еди Рама повторно повика на дијалог пред најавените студентски и граѓански протести во Тирана и други албански градови. Рама објави видео на Фејсбук на кое се гледа камена маса пред неговата канцеларија со хартии на кои пишува „дијалог“. Рама во последните денови поставува столчиња и клупи пред својата канцеларија, поканувајќи ги студентите на дијалог, но тие ги отфрлија повиците. Во Албанија веќе 12 дена се одржуваат протести предводени од студенти, кои започнаа поради незадоволство од состојбата на образованието, високите трошоци за студирање и лошите можности за вработување на младите, но прераснаа во пошироки демонстрации против владата на албанскиот премиер Еди Рама, со барања за негова оставка.Тагови: Еди Рама Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57
ЗдравјеПовеќе од 50 пациентки добиле нови дојки веднаш по операцијата од канцерПовеќе од 50 пациентки минатата година добиле целосна реконструкција на дојката веднаш по операцијата од канцер.50 пациентки минатата година, кои биле оперирани од рак на дојка веднаш по операцијата и отстранување на дојките со помош на хирурзите од пластична хирургија добиле нови дојки со помош на целосна реконструкција и поставување на ескпандери или ткиво од сопственото тело на товар на фондот за здравство, објаснува директорката Јасмина Ѓорѓиевска Павловска на Клиниката за пластична хирургија. Оваа состојба многу има помага на жените полесно да ја надминат состојбата, дека се без дел од својата женственост. Во консултација со торакален хирург и онколог може да се консултираат за оваа интервенција. Исто така и жените кои со години немаат дојка, може да добијат реконструкција на дојката, на товар на фондот. Во Македонија годишно има до илјада нови случаи со рак на дојка. Во последните години ракот се дијагностицира и кај жени пред 40 година од животот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57Мицкоски: Честит Ден на македонската револуционерна борба!21:16Мицкоски: Македонија го минува најдолгиот и најтешкиот пат кон ЕУ15:05Мицкоски: Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото13:59Мицкоски: Нека ни е честит 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба13:39
Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство08:57