ХороскопДневен хороскоп за 18. јуни 2024 година Дневен хороскоп за вторник 18. јуни 2024 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни. Кариера Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете. Здравје и совет Луѓето не се играчки. Рак 22.6-22.7. Љубов Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност. Кариера Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги. Здравје и совет Игнорирајте ги провокаторите. Лав 23.7-22.8. Љубов Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси. Кариера Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување. Здравје и совет Не чепкајте таму каде што не треба. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми. Кариера Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите. Здравје и совет Опуштете се со она што го сакате. Вага 24.9.-23.10 Љубов Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите. Кариера Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите. Здравје и совет Бидете она што сте. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака. Кариера Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно. Здравје и совет Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави. Кариера Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно. Здравје и совет Бидете пореални. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација. Кариера Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера. Здравје и совет Помалку јадете , движете се повеќе. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри. Кариера Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа. Здравје и совет Не си поигрувајте со луѓето. Риби 20.2.- 20.3. Љубов И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов. Кариера Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи. Кариера Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки. Здравје и совет Поработете на својата спретност. Бик 21.4- 20.5. Љубов Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите. Кариера Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветБританска инфлуенсерка до смрт избодела маж во Дубаи- се соочува со смртна казна со стрелањеБританската инфлуенсерка Брук Џорџ (23) е обвинета за убиство во Дубаи.Џорџ, од Кент, Велика Британија, убила Британец кого го запознала преку Фејсбук. Активистичката група „Притворени во Дубаи“ тврди дека Џорџ го избодела мажот во самоодбрана, но предупредува дека доколку биде прогласена за виновна, може да биде осудена на смрт со стрелање, пишува „The Sun“. Радха Стирлинг, извршна директорка на „Притворени во Дубаи“, даде изјава. „Таа посегна по нож откако беше нападната. Властите мора да ја третираат како жртва на семејно насилство додека го истражуваат случајот“, рече таа. „Девојката се брани од обвиненијата за убиство во ОАЕ по нападот. Нејзиниот свет е уништен, а нејзиното семејство е во солзи“, додаде таа. Џорџ беше уапсена на меѓународниот аеродром во Дубаи откако се обиде да се врати во Велика Британија. Тој моментално е во затворот Бур Дубаи. Пред да биде уапсена завчера, семејството на Џорџ вели дека таа ги контактирала во паника откако била физички нападната. Таа организирала лет дома и се вратила во својот стан за да го земе пасошот за да замине, каде што повторно била нападната. „Денот пред убиството, таа не изгледаше како себеси. Беше потивка и не толку среќна и весела како и обично, но не ми кажа зошто“, рече нејзината мајка, Тереза Џорџ, во соопштение објавено од организацијата „Притворени во Дубаи“. „Кога разговарав со Брук веднаш по нападот, таа беше целосно преплашена. Никогаш во животот не сум ја видела мојата ќерка толку исплашена. Плачеше неконтролирано. Можев да видам дека едното око ѝ беше многу отечено и почнуваше да се затвора“, додаде таа. Таа, исто така, откри дека мажот ѝ резервирал билет во еден правец Мајката додаде дека е „длабоко загрижена“ за благосостојбата на нејзината ќерка и забележа дека Брук само „очајно се обидува да се врати дома“ и да се оддалечи од мажот. Брук го запознала сè уште неименуваниот маж на Фејсбук, по што патувале во Дубаи една недела, што инфлуенсерката првично го опиша како „најдобриот период од нејзиниот живот“. Но, таа забележала како неговото однесување почнало да се менува. Таа тврди дека тој почнал сè повеќе да ја контролира, станал насилен, а открила и како ѝ резервирал еднонасочен билет за Дубаи, што ја вознемирило и посакало да се врати дома. Деталите за случајот сè уште не се познати.Тагови: Дубаи инфлуенсерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВенс: Во тек е ревизија за Турција да ги добие воените авиони Ф-35Потпретседателот на САД, Џ.Д. Венс, објави дека е во тек ревизија за да се разгледа како САД можат да им продадат борбени авиони Ф-35 на Турција.Прашањето за продажбата е повторно отворено и покрај тоа што Анкара ги купи руските противвоздушни системи С-400 во 2019 година, пишува Ројтерс. Потврда за усогласеност со законот „Пит и целиот тим го разгледуваат тоа во моментов. Постојат, имено, одредени работи што треба да ги потврдиме за да се осигураме дека сè е во согласност со американскиот закон. Тоа е она што претседателот нè замоли да го направиме“, им рече Венс на новинарите. Полска веќе го доби првиот Ф-35 Да ве потсетиме дека кон крајот на мај, Полска ја доби првата испорака на борбени авиони Ф-35 од Соединетите Американски Држави, со што значително ги зајакна своите одбранбени капацитети на источното крило на НАТО. Првите три авиони слетаа во петокот во воздухопловната база Ласк. Полскиот министер за одбрана Владислав Косињак-Камиш го поздрави пристигнувањето на авионите, нарекувајќи ги „нови чувари на полското небо“. „Ова се првите борбени авиони од петта генерација на источното крило на НАТО кои можат да детектираат закани пред тие самите да бидат забележани“, објави министерот на социјалната мрежа X. „За Полска, ова не е само нова опрема, туку влез во елитната глобална лига на модерна авијација“. Договор за 32 борбени авиони Полска нарача вкупно 32 повеќенаменски борбени авиони Ф-35, произведени од американската компанија Локид Мартин, од Соединетите Американски Држави. Договорот за набавка беше потпишан во 2020 година, а испораката на сите авиони се очекува да биде завршена до 2030 година. Еден од најнапредните авиони на НАТО Авионите Ф-35 се сметаат за едни од најнапредните борбени авиони во арсеналот на членките на НАТО. Во Европа, покрај Полска, ги користат воздухопловните сили на Обединетото Кралство, Германија, Норвешка, Холандија, Белгија, Италија и Данска. Доаѓањето на првиот авион претставува важен чекор во модернизацијата на полските воздухопловни сили и зајакнувањето на одбранбените капацитети на земјата во време на зголемени безбедносни тензии во Источна Европа.Тагови: Венс турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамИсториски пресврт: Во Европа се продадени повеќе електрични автомобили, отколку бензинциЕлектричните автомобили за прв пат ги надминаа бензинските автомобили во Европа, а кинеските брендови бележат рекорден раст.Европскиот пазар на автомобили минува низ една од најголемите промени во последните години. Побарувачката за електрични возила продолжува силно да расте, а во текот на мај целосно електричните автомобили за прв пат ги надминаа бензинските автомобили на пазарот што ги вклучува Европската Унија, Обединетото Кралство и земјите од ЕФТА. Во исто време, кинеските производители продолжуваат да ги освојуваат европските клиенти. Нивната продажба речиси се дуплираше во споредба со минатата година, а нивниот пазарен удел за прв пат надмина 10 проценти. Вкупниот број на регистрации на нови автомобили во Европската Унија, Обединетото Кралство, Норвешка, Швајцарија, Исланд и Лихтенштајн се зголеми во мај за 3,6 проценти, на 1,15 милиони возила. Во самата Европска Унија се регистрирани 955.013 нови автомобили, што претставува раст од 3,2 проценти во споредба со мај минатата година. Електричните автомобили продолжуваат да растат Од почетокот на годината до крајот на мај, во Европската Унија се регистрирани 950.521 целосно електрични возила, со што електричните автомобили достигнаа пазарен удел од 20 проценти. Пред нив се само бензинските мотори со 22,4 проценти и хибридите, кои доминираат со удел од 37,8 проценти. Кога ќе се вклучат Обединетото Кралство и земјите од ЕФТА, пазарниот удел на електричните возила се искачува на 21,4 проценти, што е речиси еднакво на бензинските автомобили кои држат 22,3 проценти од пазарот. Плуг-ин хибридите исто така покажуваат раст. Во првите пет месеци од годината се регистрирани 460.217, што им дава пазарен удел од 9,7 проценти, во споредба со 8,3 проценти една година претходно. Историски мај за електричните автомобили Информациите за мај се особено интересни. Во Европската Унија, електричните автомобили освоија 21,3 проценти од пазарот, само малку помалку од бензинските автомобили, кои имаа 22 проценти. Но, кога ќе се вклучат пазарите на Обединетото Кралство и земјите од ЕФТА, електричните автомобили за прв пат ги надминуваат бензинците. Нивниот пазарен удел достигна 23,3 проценти, додека бензинските возила паднаа на 21,7 проценти. Највисок раст на продажбата на електрични автомобили е забележан во Италија, каде што продажбата се зголеми за 75,7 проценти. Следува Франција со раст од 55,4 проценти и Германија со 40,9 проценти. Тесла повторно е меѓу најголемите победници Голем придонес во растот на пазарот на електрични возила имаше Тесла, чија продажба во Европа речиси се дуплираше во текот на мај. Моделот Y повторно беше најпродаваниот електричен автомобил во Европа со продадени 17.183 единици, што претставува раст од 68 проценти во споредба со минатата година. Тоа беше и третиот најпродаван автомобил на европскиот пазар, без оглед на видот на погонот. Модел 3 постигна уште поимпресивен резултат. Продажбата се зголеми за дури 198 проценти, на 9.566 возила, што го зазеде второто место меѓу електричните модели. Бензинските и дизел моторите губат пазарен удел Додека електричните автомобили се во пораст, традиционалните погонски склопови продолжуваат да губат клиенти. Побарувачката за бензински модели се намали за 18,2 проценти од почетокот на годината, додека регистрациите на дизел се намалија за 16,6 проценти. Денес, дизел автомобилите сочинуваат само 7,6 проценти од сите нови регистрации во Европската Унија. Најголемиот пад на продажбата на бензински автомобили е забележан во Франција, каде што пазарот падна за 36,8 проценти. Во Шпанија, падот беше 20,3 проценти, а во Германија 18,5 проценти. Кинеските производители стануваат посилни Освен електрификацијата, другата голема приказна на европскиот пазар е растот на кинеските производители. Во текот на мај, кинеските брендови продадоа 121.030 возила во Европа, речиси двојно повеќе отколку во истиот месец минатата година, достигнувајќи пазарен удел од 10,7 проценти за прв пат. Од почетокот на годината, Geely Group продаде 176.676 возила, што е раст од 6,5 проценти. SAIC ја зголеми продажбата за 11,6 проценти, на 141.490 возила, додека BYD постигна импресивен раст од 145,2 проценти и достигна 135.307 продадени автомобили. Во мај, BYD го престигна SAIC за прв пат и стана најпродаван кинески производител на автомобили во Европа. Chery исто така се приближи до врвот и беше само неколку стотици возила зад SAIC. Брендовите во рамките на Chery групацијата забележаа особено силен раст. Комбинираната продажба на брендовите Chery, Jaecoo, Jetour и Omoda се зголеми за дури 316 проценти, на 122.843 возила. Leapmotor ја зголеми својата продажба за дури 552,9 проценти, додека Xpeng забележа раст од 138 проценти. Доколку продолжат сегашните трендови, 2026 година би можела да се запомни како годината кога електричните автомобили конечно се преселија од нишата во мејнстримот на европскиот пазар.Тагови: бензинци електрични автомобили Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Мицкоски до Филипче: Кога граѓаните ќе ве видат зад решетки, тогаш ќе веруваат дека правдата дошла12:36
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33