Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
1Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица
2Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба
На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
1На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
ХороскопДневен хороскоп за 18. јануари 2024 годинаДневен хороскоп за четврток, 18. јануари 2024 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе ве обземат емоции на кои е најдобро да им се препуштите. Вашето срце ќе ви биде јасен патоказ за тоа што треба да се направи. Кариера Денот е одличен за секаков вид анализи. Ако има големи отстапувања, ќе ги решавате. Здравје и совет Игнорирајте ги грижите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ве очекува добраз абава со пријателите. Некои меѓу нив или со нивна помош ќе сретнат нова љубов. Кариера Ќе бидете сигурни во своите дела и ќе настојувате планот да го изведете до крај, но тоа ќе биде доста напорно. Сметајте на тоа. Здравје и совет Внимавајте на провев. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Вашата потреба емотивно дас е изразите ќе биде се посилна , па на партнерот ќе му шепотите нежни зборови. Кариера Цврсто го држите кормилото во свои раце и покрај минливите проблеми. ќе успеете да решите помала препрека. Здравје и совет Интересни сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе играте на сигурно. Ќе ја однесете саканата личност таму каде што знаете дека има добра забава . Ќе успеете. Кариера Ќе се покажете не само како одличен работник , туку и како многу добар советник за секаков вид работа. Здравје и совет Одете таму каде што се чувствувате добро. Бик 21.4- 20.5. Љубов Можно е дека ќе изгубите некакви илузии во врска со саканата личност. Тоа ќе биде мал напредок во вашето созревање. Кариера И со каква работа да се занимавате , денеска ќе ви оди од рака. Работите ќе се решаваат самите од себе , а вие само ќе ги контролирате. Здравје и совет Наспијте се. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Одличен ден за излегувања , забава и нови познанаства. Се што е поврзано со тоа ,ќе ви оди од рака. Придвижете се. Кариера Самостојните професии денеска ќе размислуваат за смисолот на она што го работат. Некои одлуки оставете ги за утре кога се ќе биде појасно. Здравје и совет Послушајте го својот внатрешен глас. Рак 22.6-22.7. Љубов Едно излегување би можело да се покаже посериозно отколку што сте очекувале. Ќе стане збор за многу важни теми. Кариера Работите во кои се бара остроумност и специфични таленти денеска ви се многу добро поставени. Здравје и совет Бидете поодговорни. Лав 23.7-22.8. Љубов Пред вас е уште еден ден во кој ќе дојде до отвореност на сите можности кога станува збор за љубовта. Кариера Секој ваш потег е исто толку добар , како и на другите колеги. затоа , немојте да мислите дека нешто може да скриете. Здравје и совет Прифатете ја реалноста. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе препознавате убавина околу себе и со доблесни намери ќе им пристапувате на лицата кои ви се допаѓаат. Кариера Веројатни се подготовки за краток службен пат , каде треба да ви се случат убави нешта. Здравје и совет Ќе се чувствувате одлично. Вага 24.9.-23.10 Љубов Поволни љубовни можност ќе се појават и денеска . Излегување, блискост со саканата личност , задоволство и среќа се тука. Кариера Службено пшатување или движење во одредени кругови може да биде добро како инспирација за оригинален деловен план. Не се сомневајте во своите идеи,. одлични се. Здравје и совет Се се одвива според планот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска е денот што ветува многу на љубовен план. Се ќе упатува на хармонија, размена на идеи , телепатско разбирање и поврзување. Кариера Ќе мора да се позанимавате со еден финансиски проблем. Ќе успеете да најдете задоволително решение. Здравје и совет Прифатете ги предизвиците. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денот е идеален за неврзано дружење со кафенце . Излезете , разговарајте со драги луѓе или со саканата личност. Кариера Не е спорно дека вие сте заслужни за успеси , но спорно е колкав е вашиот удел. Можеби тоа ќе се мери. Здравје и совет Во право сте што негувате природен изглед.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗасилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лицаЗапленети дрога, оружје и муниција.На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје. Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата. При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела. Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.Тагови: полициска акција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00
МакедонијаЗемјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидбаСо орањето почнуват давачаките на земјдоелците за новата есенска сеидба. Но пред да почнат да инвфестираат тие бараат државата да постави јасна поддршка за да се врати интересто кај полјоделците да го засејат лебното жито на поголеми површини со што би се намалила увозната зависност од србија на пченица и брашно за производство на леб. Земјдоелците бараат државата да излезе со пресметката за производната цена што секако е нејзина закоснка обврска но клучното барање е да излезе државата со гарантирана цена од 15 денари за килограм за да се сее пченица на што поголеми површини и да не остануваат нивите празни. Оваа гарантирана цена од 15 според земјдоелциет како и поделбата на картичките за зелена нафта кои годинава се во вистински момент пред стартот на есенската сеидба би можела да го ибалансираат трошокот кој е зголемен при производството како и ниските откупни цени од 10 денари за килограм кои се провлекуваат секоја година со цел земјоделциет да се ориентираат само на производство без да се грижат за пласманот и откупните цени. Тие исто така бараат да се доплатат по 5 денари од интервентниот фонд за годинава заради ниските откупни цени со се соочија земјдоелците. Според претставниците на земјоделците потребен е итен дијалог со надлежните бидејќи лани 9 илјади земјоделци беа исклучени од можноста и годинава нема да земат субвенции зошто неколку месеци по сеидбата се донесе правило колку за зголемена норма на семенски материјал како услов за поддршка за што не беа навреме информирани. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија178 зони со ризик од поплави, усогласеност со ЕУ-директивата само 16%178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија.178 зони со потенцијален ризик од поплави се идентификувани низ Македонија, а усогласеноста на државата со европската Директива за поплави изнесува само 16%, покажуваат податоците од проектот за унапредување на имплементацијата на европската Директива за поплави. Проектот предвидува изработка на мапи на опасности и ризици од десет речни подсливови, кои треба да помогнат во утврдувањето на најзагрозените подрачја и планирањето на мерките за заштита. Паралелно се подготвуваат и измени на Законот и подзаконските акти за води, со цел националното законодавство да се усогласи со европските правила. Проектот предвидува и изработка на план за воведување систем за рано предупредување од поплави, со кој треба да се подобрат координацијата меѓу институциите и навременото информирање на населението. - Ние веќе ги сработивме амандманите во Законот за води, процедурата е во Министерство за животна. Исто работат на други амандмани за други области и очекувам дека во најскоро време ќе биде законот ставен во процедура, процедура на усвојување.-Татјана Тодоровска проектен директор на Ептиса -Овие зони со потенцијален ризик се дефинирани, значи, на основа на топографски, географски, хидрогеолошки, геолошки подлоги, информации за претходни поплави и меѓу останатото, значи, сè она што претходно се има случено е евидентирано како зона со потенцијален ризик од поплави во државава. Значи се работи за 178 прелиминарно идентификувани зони. За секоја од овие зони, значи, потребно е, согласно Европската директива, да се изработи проценка на ризикот од поплави.-Драган Ивановски –раководител на технички дел на Ептиса Црвениот крст има Интервентна единица од 40 членови, составена од медицински персонал, парамедици, лица задолжени за логистика и психосоцијална поддршка. Тимот е обучен да одговори на потребите на населението во првите 72 часа по катастрофа. Интервентната единица е формирана по трагедијата во Кочани, а била ангажирана и при последните поплави во Кичево. -Интервентниот тим функционира во првите 72 часа откако е случена одредена катастрофа или криза и овој тим поминува различен тип на обуки во текот на годината со цел да биде трениран и подготвен да одговори на потребите на заедницата во услови на катастрофа.-Ивона Ѓорѓиева – член на Интерветна единица Црвен крст Проектот за усогласување со европската Директива за поплави се спроведува од февруари минатата година, а неговото завршување е планирано до крајот на август наредната година. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter