Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
1Герасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи
3Македонски концепт: Прославувањето на српското освојување на Македонија е навреда за македонскиот народ
Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
2Фото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конци
3Денеска е Света Петка: Заштитничка на жените, децата и болните – кои обичаи се поврзани со празникот?
ХороскопДневен хороскоп за 18. јануари 2021 година Дневен хороскоп за понеделник, 18. јануари 2021 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов За секој свој љубовен проблем денеска ќе најдете решение. Вашиот оптимизам ќе порасне и покрај емотивните празнини. Кариера Се отвора една голема врата низ која наскоро ќе поминете. Тоа е шанса за професионално усовршување. Здравје Јадете помалку и патувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многумина најмногу ќе сакаат да излезат меѓу луѓе , без притисок дека мора нешто да се случи. токму таквиот став ќе ви донесе ново познанство. Кариера Денеска ќе бидете многу активни во работењето со странки и со луѓе воопшто. Другите ќе го препознаваат вашиот труд околу нив. Здравје Не останувајте сами дома, излезете. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во личните односи ќе се фокусирате на што поголемо зближување. Ќе ви биде потребен допир, прегратка и бакнеж. Кариера Вашиот стил на работа подразбира ред и континуитет. Неодговорните би можеле да ви се спротистават , но безуспешно. Здравје Останете свои. Овен 21.3-20.4. Љубов Денеска би можеле да ја почуствувате грубоста на партнерот , на кого му е доста од вашето лебдење во облаци. Обидете се да бидете позрели и поконкретни. Кариера Ќе напредувате во областа на уметноста, но сите конкретни работни задачи тешко ќе ги остварувате. Здравје Внимавајте на вируси. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе заклучите дека вашата самодоверба не е толку важна , колку што е важно да сакате , па што ќе биде, нека биде. Кариера Ќе ја анализирате својата листа на приоритети и на прво место ќе поставите нешто ново. Здравје Верувајте во себеси. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска е убав ден за секаков вид дружење и неврзани разговори на кафе. Прошетајте се , поразговарајте. Кариера Можеби ќе ви се јави некоја странка или ќе добиете заостанат меил. Се ќе решавате со леснотија. Здравје Радувајте и се на иднината. Рак 22.6-22.7. Љубов Оние кои уште бараат сродна душа, ќе се обидат да ја најдат на место касде се собираат со пријателите. Кариера Зад себе оставивте се уредно и како што треба и така очекувате да најдете. Сепак , ќе треба да проверите некои ситни работи за кои мислите дека недостасуваат. Здравје Веќе не сакате да ве искористуваат. Лав 23.7-22.8. Љубов Премногу зборување не води никаде , искрените прегратки и погледи ќе бидат доволни за да се чувствувате добро и исполнето. Кариера Можно е да почнете соработка со една прекуморска земја или со место што е поврзано со вода. Здравје Внимавајте на здравата исхрана, пијте повеќе течности. Девица 23.8.-23.9. Љубов Во секој момент одржувајте пријателски став кон другата страна и не ја наметнувајте својата волја. Кариера Една фаза од вашата кариера денеска завршува и почнува нова. Можно е да ви претстават нов план за развој. Здравје Слабост и главоболка. Вага 24.9.-23.10 Љубов Постојаната стабилна врска ќе ви даде сила да се соочите со предизвиците во другите области од животот. Кариера Успешно ќе се борите со барања од кои нема сите да ви се допаѓаат. Ќе ги вртите работите во своја корист. Здравје Вежбајте за да зајакнете. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе ги игнорирате грижите и ќе и се посветите на својата најмила личност со полно внимание.Ќе бидете задоволни. Осамените секако нека излезат. Кариера Бргу ќе го премотувате филмот целиот работен ден и ќер заклучите дека сте ги решиле сите проблеми онака како што требало. Здравје Движете се што повеќе. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Некои ќе влетаат во површна куса врска , во која ќе покажат голема доза на инвентивност. Кариера Се наоѓате на чекор до нови предизвици , кои се атрактивни и ви носат нова желба и мотив за работа. Здравје Движете се .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
ФудбалВидео: Жестока тепачка по турското дерби меѓу фудбалерите Најголемото дерби во Турција, помеѓу Фенербахче и Галатасарај, заврши со тепачка меѓу играчите на теренот.Најголемото дерби во Турција заврши со победа на Галатасарај над Фенербахче (2:1), но натпреварот го одбележа хаос што настана веднаш штом судијата го означи крајот – и тоа меѓу фудбалери. Прво дојде до кошкање, а потоа и до физички судир меѓу Арчи Браун и Абдулкерим Бадакчи. Тие почнаа да разменуваат удари, паднаа на земја, а соиграчите и членовите на стручниот штаб веднаш интервенираа за да спречат уште посериозни инциденти. Galatasaray- Fenerbahçe maç sonu çıkan kavganın en net açısı… Archie Brown,Abdülkerim bardakçı’ya arkadan saldırıyor. Apoda gereğini yapıyor.. https://t.co/yGbH9p6utj — 1905𝑅 𝐼̇ 𝑇 𝐼̇ 𝑀 𓃬 (@1905ritim) October 26, 2026 Во еден момент, ситуацијата целосно излегла од контрола. До тој степен што полицајци морале на влезат на теренот за да спречат уште поголема тепачка. Играчите никако не можеа да се смират – имаше шутирање, туркање, закани... Јасно е дека федерацијата ќе отвори истрага и дека ќе следат строги казни. Што се однесува до самиот натпревар, Виктор Осимен постигна два гола за победничкиот тим, додека Ирфан Кавеџи беше стрелец за гостите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Центар е лидер во локалната енергетска транзиција, до крајот на мандатот сите образовни објекти ќе добијат фотоволтаични централи„Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, учествуваше на панел-дискусијата „Кој ја обликува праведната зелена транзиција“, во рамки на Социо-еколошкиот форум во организација на Фондацијата „Фридрих Еберт“, каде ги претстави локалните политики и конкретните чекори што ги презема општината за енергетската транзиција, заштитата на зеленилото и унапредувањето на јавните простори. Тој посочи дека општината со формирањето на „Енергија Центар“ во 2023 година, првото општинско претпријатие во државата за производство и продажба на електрична енергија од обновливи извори, стана лидер во процесот на енергетската трансформација. „Веќе имаме поставено фотоволтаични централи на детската градинка „Корчагин“, клон „Пепелашка“, како и на основните училишта „Киро Глигоров“ и „Св. Кирил и Методиј“. Следен објект е ООУ „Димитар Миладинов“, каде по завршувањето на реконструкцијата на покривот ќе бидат инсталирани фотоволтаични централи. Наша цел е до крајот на мандатот сите образовни објекти под надлежност на Општина Центар да добијат фотоволтаични централи“, истакна Герасимовски. Градоначалникот нагласи дека зелената транзиција подразбира и јавни простори што се пристапни за сите, вклучително и за постарите лица, лицата со попреченост и родителите со детски колички. Затоа, граѓаните треба да бидат вклучени уште во фазата на планирање, а не само да се консултираат откако проектите ќе бидат подготвени. Општина Центар располага и со Зелен катастар и ГИС-портал, преку кои се евидентира, следи и планира зеленилото врз основа на конкретни податоци. Овие алатки овозможуваат подобар увид во состојбата со зелените површини и поодговорно планирање на нивната заштита и унапредување. „Зелената транзиција не е само прашање на екологија и енергија. Таа е прашање на еднаквост, достапност и квалитет на живот. Ако сакаме навистина зелен и праведен град, мора да го градиме заедно со граѓаните, а не само за нив“, порача Герасимовски.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФото: Куче германски овчар нападна поранешен фудбалер на Ливерпул: Заврши во болница со повеќе од 50 конциПоранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, заврши во болница откако бил нападнат од германски овчар додека го шетал своето куче. Додека бил во прошетка, поранешниот фудбалер на Ливерпул, Џермејн Пенант, бил нападнат од германски овчар, при што се здобил со сериозни повреди на ногата. Тој завршил во болница, каде што лекарите му ги санирале раните од каснувањата и му ставиле повеќе од 50 конци. Инцидентот се случил кога Пенант се обидел да го заштити своето куче, американска акита по име Кинг. Германскиот овчар прво го нападнал неговиот миленик, а поранешниот фудбалер веднаш реагирал за да го спречи судирот. Сепак, кучето потоа го нападнало него и го соборило на земја. Пенант им раскажа сè на британските медиуми, опишувајќи ги моментите што се претворија во вистински кошмар. Како што изјави, кучето му ја држело ногата во вилиците најмалку пет секунди, додека тој лежел на земја. „Беше навистина страшно. Другото куче го нападна Кинг, па јас скокнав да го заштитам. Во следниот момент, кучето ме нападна мене. Завршив на земја, а тоа ми ја држеше ногата во вилиците најмалку пет секунди“, рече Пенант, додавајќи дека нема намера да го пријави инцидентот во полиција. Фотографиите што ги сподели поранешниот фудбалер покажуваат сериозни повреди на десната потколеница. Лекарите санирале четири рани од каснување, но го предупредиле дека една особено тешка повреда можеби ќе бара хируршка интервенција. Во текот на својата кариера, Пенант настапуваше за повеќе англиски клубови, меѓу кои Арсенал, Ливерпул, Бирмингем Сити, Лидс Јунајтед, Портсмут и Стоук Сити. Својата професионална кариера ја заврши во 2018 година, на 36-годишна возраст, по 17 години поминати во фудбалот. Во Премиер лигата забележа вкупно 231 настап.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00