Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните
2Царинска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓаните
3Манасиевски: Го снема Филипче по успехот на изборите во Брвеница, дали е на јахтата на Заев или во Дубаи на одмор?
Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
1Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ХороскопДневен хороскоп за 18. февруари 2023 година Дневен хороскоп за сабота, 18. февруари 2023 година . Водолија 21.1.-19.2. Љубов Некои денеска би можеле да се покажат како вистински сонувачи. Ќе сонуваат за љубовта што ја нема или ќе ги малтретираат другите со такви приказни. Кариера Кога ќе ги сведете сите сметки , ќе видите дека има нови трошоци , но и нови добивки. Пак сте на исто , не се нервирајте. Здравје и совет Одморете се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе дојде до мало подобрување на вашите лични односи, но и натаму тешко ќе наоѓате вистински зборови во комуникацијата со партнерот. Кариера За да ги ослободите новите идеи , поврзете се со младите соработници . Тие ќе ви помогнат за да се изразите. Здравје и совет Следете ги своите сништа. Овен 21.3-20.4. Љубов Повторно ќе најдете рамнотежа во личните односи . На некои во тоа ќе им помогнат пријателите. Саканата личност сепак ве сака. Кариера На работното место ќе чувствувате мир и стабилност. Тајните остануваат за некој друг да ги решава. Здравје и совет Продолжете да го градите започнатото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно ќе ја споите саканата личност со друштвото и така ќе минете една убава вечер или попладне. Кариера Веќе ништо поврзано со работата нема да ве загрижува. Вашите задачи ви се целосно јасни и тоа ви е доволно. Здравје и совет Вежбајте гимнастика. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе копнеете кон својот љубовен идеал, но како што ќе минува денот , така ќе бидете свесни дека тој е далеку од вас. Кариера Ќе чувствувате преодна потреба да се повлечете , па ако е некако можно ќе се обидете да делувате од сенка. Здравје и совет Грижите што ќе се појават се обична илузија. Рак 22.6-22.7. Љубов Доколку излезете, има голема веројатностубаво да си поминете. Сепак , внимавајте што зборувате за да не направите збрка. Кариера На работното место нема да бидете кој знае колку ангажирани. Се ќе одработите рутински и ќе ви недостига мотив. Здравје и совет Вежбајте јога за подобра концентрација. Лав 23.7-22.8. Љубов На моменти ќе имате потреба да пресечете и да избегнете некои напори или мали проблеми во врската, но тоа нема да биде потребно. Се е во ред. Кариера Мали недоразбирања во односите со соработниците ќе имаат преоден карактер, па не им придавајте значење. Здравје и совет Останете мирни. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот партнер ќе покажува потреба за повеќе нежности , па без проблеми ќе го направите тоа. Добро е. Кариера Повремено во главата ќе си ги анализирате претходните работни денови и предизвиците што сте успеале да ги совладате. Потоа ќе се опуштите. Здравје и совет Вежбајте на отворено. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе имате потреба да ги покажете своите емоции и ќе ја доживеете саканата личност на нов начин. Ќе има малку немир ,но врската е во ред. Кариера Ве очекува непромиослено однесување на вашите надредени , поради што ќе се чувствувате повредени. Здравје и совет Не ги земајте работите при срце. Ќе помине. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска наоѓате вистински начин некому да ги покажете своите чувства , било да станува збор за погледи или само за зборови. Кариера Поради добро завршената работа , некои денеска би биле малку под заштита и пуштени дома пред крајот на работното време. Здравје и совет Имате право да уживате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Вашиот стил на забава надалеку е познат по оригиналноста. Денеска дури и ќе претерате. Кариера Можно е дека ќе изјавите нешто што ќе повреди некого од вашите колеги. Затоа контролирајте си го јазикот. Здравје и совет Бидете умерени. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Денот е идеален за да останете дома , било во двојка или сами. Многумина нема да сакаат да излезат со друштво. Кариера Со олеснување ќе го прифатите фактот дека се наближува викендот. Тоа ќе ви ги олесни работните часови. Здравје и совет Наспијте се добро.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПутин ослободи 74-годишен Американец од затвор по разговорите со ТрампРусија го ослободи 74-годишниот Американец Стивен Хабард, кој беше во притвор повеќе од четири години. Според руските државни медиуми, за што извести Си-Ен-Ен, неговото ослободување уследи по посетата на американскиот специјален пратеник Стив Виткоф на Санкт Петербург. Q: Can you confirm that the U.S. is on the verge of a deal to free the American teacher, Stephen Hubbard, from Russia? Trump: Just stick with me. Nobody else was able to do it. Just stick with me. I don't want to talk about it. https://t.co/yrsdPY7ZVM — Clash Report (@clashreport) October 20, 2026 Кој е Стивен Хабард? Хабард е пензиониран наставник од Мичиген, а Стејт департментот на САД официјално го класифицираше како „неправедно притворен“. Во вторникот, претседателот Доналд Трамп потврди дека разговарал за случајот на Хабард со рускиот претседател Владимир Путин. Со децении работел во странство како наставник по англиски јазик. Во 2014 година се преселил во градот Изјум, во источна Украина. Руските сили го окупираа градот на самиот почеток од инвазијата врз Украина во 2022 година. Посета на специјалниот пратеник Пред патувањето на Виткоф во Санкт Петербург, еден американски функционер најави дека посетата ќе биде насочена кон обезбедување на ослободувањето на Хабард. „Посетата на специјалниот пратеник ќе вклучува и напори за ослободување на Хабард.“ Руски обвинувања Руските државни медиуми пренесоа тврдења на обвинителството дека Хабард се борел на страната на Изјум, откако потпишал договор за плата од околу 1.000 долари годишно. Неговата сестра, Патриша Хабард Фокс, ги отфрли овие наводи како лажни. Претходни случаи Хабард е најновиот во низата Американци ослободени од руски притвор. Во август, Роберт Гилман беше ослободен од хуманитарни причини поради неговата сериозна здравствена состојба. Ветеранот од Корпусот на маринците бил екстремно слаб и неухранет кога бил префрлен назад во САД со медицински авион. Организацијата што го застапува соопшти дека Гилман бил изложен на тортура додека бил во руски притвор. Извор: Индекс.хрТагови: Владимир Путин Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење лекови за малигни заболувања, штетни по здравјето на граѓанитеМобилен тим од Одделението за оперативни работи заплени вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош. Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди. Случајот е откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, се откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса. Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик. Годинава од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети се над 30 илјади парчиња лекови, со што јасно ја покажуваме нашата улога во заштита на здравјето на граѓаните.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Nvidia“ се огласи за „RTX 5090“: Вистината за прекинот на производството и новите цени„Nvidia“ ги демантираше гласините за прекин на производството на графичката картичка „RTX 5090“, иако признава дека ограничувањата во синџирот на снабдување би можеле да доведат до недостиг за гејмерите.Во текот на изминатите неколку дена се појавија гласини дека „Nvidia“ го запрела производството на „RTX 5090“ – модел што првенствено се користи во гејмерски конфигурации. Компанијата сега стави крај на овие шпекулации, но сепак укажа на еден загрижувачки аспект. Откако „RTX 5090“ ненадејно исчезна од веб-страниците на трговците и од официјалната страница на „Nvidia“, се појавија извештаи во кои се тврди дека компанијата го запрела производството за да ги пренасочи производствените капацитети кон забрзување на развојот на својот хардвер за вештачка интелигенција (AI). Вреди да се напомене дека, иако препорачаната малопродажна цена (MSRP) за „RTX 5090“ изнесува 1.999 долари, практично е невозможно да се купи по таа цена, бидејќи препродавачите на платформи од трети страни ја нудат по цена и до три пати повисока од таа. Џеф Фишер, виш потпретседател во „Nvidia“, изјави за неколку тајвански медиуми – вклучувајќи ги „SJTV“ и „CNA“ – дека извештаите за прекин на производството се целосно неточни. Понатаму, тој нагласи дека „RTX 509“0 останува „исклучително важен, клучен производ“. Сепак, тој призна дека постојат проблеми со снабдувањето, уверувајќи ги купувачите дека „Nvidia“ вложува значителни напори за да ја врати графичката картичка на полиците во продавниците. Се разбира, каде што има чад, има и оган. Фишер не навлезе во детали зошто „RTX 5090“ воопшто исчезна од пазарот. Можно е „Nvidia“ да ја променила својата одлука по негативните реакции од гејмерската заедница – група која веќе е под значителен притисок, бидејќи компаниите што се занимаваат со вештачка интелигенција откупуваат огромни количини на графички процесори (GPU), меморија и други компоненти за да ги напојуваат своите најнови „AI“ модели. Во текот на изминатата година, „RTX 5090“ се соочи со бројни проблеми, вклучувајќи ограничувања поврзани со „DLSS 5“, неисправни примероци, топење на конекторите за напојување и друго. Сепак, на пазар кој веќе се соочува со вртоглав раст на цените на хардверот, најновите изјави на Фишер нудат барем трошка надеж дека, во одреден момент, луѓето ќе имаат можност да го набават хардверот што им е потребен за играње игри. Извор: Б92Тагови: Nvidia RTX 5090 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца повредени во вчерашниот судир на две возила кај мостот „Беласица“ 08:45Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52
Велешанец им ставал „кубански вакцини“ на десетици пациенти со канцер, семејства обвинуваат дека ги измамил15:00
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22