Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник
Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“
1Почна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалник
2Мицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“
Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
ХороскопДневен хороскоп за 18. февруари 2020 годинаДневен хороскоп за вторник , 18. февруари 2020 година. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Нервозата и напнатоста поради недоразбирања во личните односи може да ги отстраните со чиста љубов без многу зборови и само со помош на нежност. Кариера Можни се мали мнесдоразбирања со соработниците или при вербалните договарања. Со фантазија ќе успеете да стигнете до решение. Здравје и совет Не зборувајте премногу. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Поради преодна отуѓеност во личните односи , вашата љубовна самодоверба ќе опаѓа. Ќе помогне излегување и добра забава. Кариера На работното емсто ќе се занимавате со многу специфични теми , за кои некои можеби само сонуваат. Треба да се вклучи истражување и креативност. Здравје и совет Бидете поотворени кон луѓето . Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате многу оригинални идеи како да развиете одреден однос. Ќе влијаете на таа личност , но таа сепак ќе ве критикува. Кариера Се што е тајно , неистражено , заплеткано или скриено , денеска ќе ви доаѓа на дневен ред на работното место. Некои ќе станата вистински детективи. Здравје и совет Ќе имате визии во боја преку соништата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Со својата остроумност , фантазија и интуиција би можеле да ги импресионирате сите околу себе. Ќе ве запаметат. Кариера Денеска на работите ќе влијаете од сенка. Ќе бидете невидливи , па сепак ќе ги влечете конците на суптилен начин. Здравје и совет И натаму ве мачи замор. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Оние во стабилни врски ќе увидат дека е најдиобро да се сака без премногу зборови. Само нека зборуваат помалку , а чувствата нека ги покажуваат преку дела. Кариера Соработката со другите ќе ве заморува и ќе ве прави нервозни , зашто ќе имате чувство дека нешто постојано мора да се објаснувате. Здравје и совет Одете порано на спиење. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска во љубовта ќе жарите и палите со сто на час.Малкумина ќе може да ви одолеат. Ќе има страст, еротика ,задоволство. Кариера Тајните кои постојат на вашето работно место ќе ги откриете со леснотија. Ќе има интересни откритија. Здравје и совет Размислувате за нов спорт. Лав 23.7-22.8. Љубов Потребата да споделите се што ќе ви се случи ќе биде силна , но партнерот ќе бисде резервиран кон вас. Одредете до каде може да одите. Кариера Сите работи во кои може да дојдат до израз вашите квалификации и знаењето денеска се добро поставени. Здравје и совет Некои ги откриваат своите нови таленти. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе имате многу специфични , но добри идеи со кои ќе успеете да ја совладате дистанцата во лилчните односи. Кариера Ќе добиете посебни знаења . Некои ќе се изненадат кога ќе увидат дека добиваат поголеми погледи во реалноста. Здравје и совет Следете ја својата интуиција. .Вага 24.9.- 23.10. Љубов Ги имате сите адути во своите раце. Потребно е само да се зборува за се она што ви лежи на срцето. Кариера Пред вас е исклучителено интересен деловен ден. Конечно на дневен ред ќе дојдат теми кои ви се посебно значајни. Здравје и совет Излезете и фатете некој зрак сонце. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Неврзано дружење со кафе би можело да се претвори во нешто повеќе. Ќе бидете пријатно изненадени со оваа можност. Кариера Денеска на работното место би можеле да се покажете како вистински финансиски волшебник , зашто ќе се сетите на нешто што на другите не им паднало на памет. Здравје и совет Поработете на истражување на деталите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Пред вас се многубројни љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на патување. Ќе ви биде убаво. Кариера За да стигнете до својата цел , ќе мора да истражите некои суоптилни детали што многумина ги буткаат под тепих. Здравје и совет Немојте да го губите компасот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Отворени сте за сите љубовни можности , кои нема да недостигаат . Истовремено во вас се раѓаат посебни сексуални барања. Кариера Нема потреба нештата да ги правите на сила , зашто со малку трпение се ќе се отвори како што треба. Здравје и совет Држете се понастрана од мрачни луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПочна изборната кампања за предвремените избори во Брвеница – шестмина кандидати во трка за градоначалникОд локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи, па се до дигитални услуги и низа мерки за младитеОд локални патишта и улици до подобри канализациони и водоводни мрежи.. па се до дигитални услуги и низа мерки за младите ...Кандидатите за градоначалник на Брвеница започнаа со промоција на предизборните програми во пресрет на вонредните локални избори во оваа општина кои ќе се одржат на 18-ти октомври. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Стојанчо Радически под слоганот „Една Брвеница за сите“, неговиот против кандидат од СДСМ Јовица Радески под паролата „Се бориме за Брвеница“ пред граѓаните најавија низа проекти за развој на општинната и подобар и поквалитетн живот на жителите во Брвеница. Во трката за прв човек на Брвеница влегуваат вкупно шест кандидати. Владините коалциони партнери ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН и на овие вонредни локални избори настапуваат со одделни кандидати. Во програмата на кандиатот на Вреди Јакуп Усеини фоксуот е ставен на патиштата, инфраструктурата, јавните простори, спортот, а преку социјалните мрежи Усени порачува дека „Не доаѓа со ветувања за еден ден, туку со план за Брвеница. Канидатот до ДУИ Аркин Јахији во обраќање пред граѓаните најавува нов поечеток за Брвеница и одговорно и професионлано управуавње со општината. Во трката градоначалничката функција во Брвенца поддршката од граѓаните ќе ја бараат и двајца независни кандидати поддржани од група избирачи Душан Богдановски и Арифе Идризи. Каммпањата за вонредните локални избори започна вчера и ќе трае до 16-ти октомври на полноќ. Вонредни локални избори во Брвеница се одржуваат откако во јуни годинава ненадејно почина градоначалникот на оваа општина, Ивица Илиевски. Функцијата привремено ја извршува претседател општинскиот совет Роберт Милошески.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
ЕкономијаМицкоски: Вистинско време е државата да направи похрабар чекор и да биде инвеститор на проектот „Чебрен и Галиште“Има интерес за инвестирање во Чебрен и Галиште од американската финансиска корпорација ДФЦ, изјави премиерот Мицкоски кој е оптимист дека по децении планови, од следната година ќе се отпочне со проектот. За ова вели при посетата на САД разговарал со челниците на корпорацијата, кои веќе имаат инвестирано во Македонија во рудникот за антимон во Крстов Дол. Анализите според Мицкоски покажале дека придобивките од изградбата на двете хидроцентрали се големи, а државата треба да преземе храбар чекор и да се вклучи во проектот. „ Тоа е проект што ќе трае повеќе влади, не е проект што една влада ќе го почне и ќе го заврши. Така што, со реализирањето на овој проект имаме повеќекратен ефект. Најпрвин е добар за енергетскиот систем, бидејќи ќе биде одличен резервоар на енергија. Понатаму, имајќи ги предвид климатските промени, ќе имаме дополнителни количини вода што сега ги немаме, ќе може да се користат за повеќе намени, меѓу другото и за наводнување на Тиквешко Поле, односно за обезбедување дополнителни количини вода за наводнување на посевите. Ако биде се како што треба очекувам следната година да ставиме камен-темелник. “Христијан Мицкоски – претседател на Влада. Премиерот рече дека и покрај големата енергетска криза во светот, во Македонија состојбата е под контрола. Денеска беше промовирана третата фаза од проектот на АД ЕСМ за ревитализација на хидроелектраните, со што се очекува зголемување на производството на електрична енергија. Оваа фаза чини 46 милиони евра, а според планот на ЕСМ ќе биде завршена до крајот на следната година. „ По завршувањето на ревитализацијата ќе добиеме комплетно обновени инсталации. Капацитетот на шесте големи хидроелектрани ќе биде обновен, притоа ќе биде и проширен капацитетот односно моќноста на истите за цели 14 мегавати, што значи дека ќе донесе дополнително годишно производство од 50 гигават часови, или претворено во финансиски средства некаде околу 5 милиони евра дополнителни годишни приходи. “Лазар Узунчев – директор на АД ЕСМ. Директорот на ЕСМ рече дека се подготвени и за грејната сезона. Најави дека ќе бидат во функција два блока на РЕК Битола, а по потреба ќе биде пуштен и третиот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПоплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11Дизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Поплава во објектот на „Нова Македонија“ - повеќе државни институции нефункционални, исклучена струјата15:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
БалканГрција ѝ ги предава посмртните останки на цар Самоил на БугаријаГрција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена .Грција ќе и ги предаде посмртните останки на цар Самоил на Бугарија. По повеќе од десет години преговори меѓу двете земји договорот предвидува речипрочна размена – Бугарија за возврат ќе предаде вредни византиски ракописи и црковни реликвии кои потекнуваат од грчки манастири. Официјалното предавање ќе се изврши на 3 октомври во Музејот на византиската култура во Солун од каде по церемонијата ќе бидат пренесени во Софија каде во црквата Света Софија треба да бидат положени во посебен саркофаг. Бугарскиот премиер Румен Радев денеска соопшти дека договорот е постигнат по интензивни преговори и го оцени како историски. -По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самоил во неговата татковина. Веќе шест децении не престануваат напорите на бугарската држава да ги врати посмртните останки на еден од нејзините најголеми владетели. Нам ни припадна историската чест тоа да го постигнеме. изјави – Румен Радев – Премиер на Р. Бугарија. Прашањето за тоа како се дефинира неговото историско наследство со години е тема и на македонско-бугарската историска комисија. Комисијата во 2019 година се усогласи и за заедничко одбележување на Цар Самоил од страна на Македонија и Бугарија. Во официјалните препораки на комисијата Самоил е опишан како владетел на голема средновековна држава, која поголемиот дел од современата историска наука ја смета за бугарско царство со центар на територијата на денешна Македонија. Во документот се наведува и дека Цар Самоил и неговата судбина се симбол на заедничката историја што ја споделуваат двете современи држави. Претседателот на македонскиот тим во заедничката историска комисија со Бугарија, професорот Ванчо Ѓорѓиев, во телефонски разговор за Канал 5, беше воздржан и не сакаше да го коментира најавеното предавање на посмртните останки на цар Самоил ниту пак го коментираше денешното именување на Самоил како „бугарски цар“ од страна на бугарскиот премиер Радев. Недостапен за коментар беше и поранешниот копретседател на комисијата Драги Ѓеоргиев. Историчарот Михајло Миноски пак предупредува дека секој прифатен компромис или формулација за „заеднички личности“ оди директно на штета на македонскиот идентитет, историскиот континуитет и државните интереси. -Науката не донесува решение, науката само докажува и толкува врз основа на факти и документи. Сето друго што се работи преку комисијата, значи се работи за барање на компромис кој може да биде на штета на македонскиот идентите, историско минато и историски континуитет. Бугарскиот дел од комисијата ќе продолжи упорно и доследно во целиот следен период во кој ќе работи комисијата да ја наметне својата теза.изјави - Проф. д-р Михајло Миноски – историчар. Македонско – бугарската историска комисија во меѓувреме продолжува со работа. Последната средба се одржа минатата недела, но повторно без суштински напредок.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter