ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
2ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев
3Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици
Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
1Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција
ХороскопДневен хороскоп за 18. август 2022 годинаДневен хороскоп за четврток, 18. август 2022 година. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете почувствителни отколку вообичаено , па ќе ја покажете својата ранлива особина. Сепак , немојте да станете патетични. Кариера Вашите надредени денеска би можеле да покажат наклонетост кон вас , а таквиот став би можел малку да ве изненади. Здравје и совет Денот е создаден за убави работи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед што во вашите односи има мала дистанца , денешниот ден ќе ви донесе подобрување и романтика. Кариера на никого ништо не му замерувате , па сепак лесно ги откривате завидливците. Ги нзате ,но немојте да им обрнувате внимание. Здравје и совет Имате сила за двајца. Вага 24.9.-23.10. Љубов Ќе размислувате дали една љубовна фаза да ја приведете кон крај , па да свртите нов лист. Засега само ќе размислувате. Кариера Денеска конечно ќе созреат условите за една деловна соработка , а вие самите од тоа ќе научите нешто. Здравје и совет Слушајте ги луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата интуиција денеска правилно ќе ве води и ќе ви покажува дали да тргнете или да застанете. Потпрете се на неа. Кариера Ќе го направите она што морате да го направите, зашто од вас се очекува да играте по правилата на играта. Тоа не значи дека ќе загубите нешто лично. Здравје и совет Немојте постојано да се провлекувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе сонувате за нешто што го нема , но тоа ќе ве извлече од љубовната летаргија во која сега се наоѓате. Кариера Денеска веројатно ќе бидете пофалени и тоа ќе ви извлече насмевка на лицето. Ќе работите уште подобро. Здравје и совет Расте вашата самодоверба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Чувството дека се ќе биде добро ќе ве наведе на поголема отвореност во личните односи , а потоа ќе дојде и до подобрување. Кариера Веројатно ќе ја проширите соработката со млади сработници на работното место. Тие ќе бидат конструктивни , а вие инспиративни. Здравје и совет Ќе бидете трезвени во секој аспект на делувањето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние во врска ќе се договараат околу некои заеднички навики , а оние кои живеат заедно ќе постават правила. Кариера Доколку сте чекале вработување , нови работни услови или слично , денеска состојбите ќе созреат за такво нешто. Здравје и совет Ослободете се од нездравите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Они кои се во стабилни врски денеска имаат шанси за да го подобрат својот однос преку сексуалност. Кариера За жал , не можете ништо да прескокнете или да заобиколите. Утврдете ги јасно правилата на работата , па ќе ви биде полесно. Здравје и совет Оддалечете се од непријатните места и луѓе. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние во стабилни врски денеска ќе поработат на својот еротски живот и така ќе настојуваат да се зближат со партнерот. Кариера Малите тековни задачи се решаваат добро , а денеска ве посматраат лица кои би сакале да вложат средства во она што го работите. Здравје и совет Обидете се да се наспиете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ја враќате романтиката во својата врска. Партнерот е воодушевен. Некои тоа го прават преку убава вечераз а двајца. Кариера Ќе прифатите секаква работа и ќе бидете благодарни што е така. Станувате свесни дека сте среќник кому нешто му се нуди. Здравје и совет Мали грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се чувствувате кајко да сте исфрлени од игра. Не тагувајте поради тоа , зашто ќе помине како што дошло. Кариера Не дозволувајте други да манипулираат со вас. Дури и кога ви упатуваат слатки зборови , не заборавајте кои се крутериумите на професионалност. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска на својата најдрага личност би можеле да и рааскажете цел еден роман. Внимавајте да запрете на време. Кариера Некои ќе заминат на кратко службено патување, каде ќе наидат на добра шанса за проширување на дејноста со која се занимаваат. Здравје и совет Претерувате со консумирања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центритеАрамија Мицкоски останува посветен на провизиите од дата-центрите -на сметка на народната струја, народната вода и сметките на граѓаните.Шефот на ВМРО-ОКГ повторно рече дека процесот со дата центри е „неповратен“. Кај него е неповратно затоа што веќе ја договорил својата провизија. Се крие само она што мора да го скрие: кој инвестира, која струја ќе ја јаде, која вода ќе ја пие, каде оди загреаната вода и која провизија седнува за договорот. СДСМ веќе го праша. Компанија тврди дека има обезбедено 100 мегавати струја и директен пристап до Вардар. Тврди дека Владата дала зелено светло. А Владата зборува за роботи и Азија, како да сме на саем, не во држава каде што ЕСМ тоне, струјата се увезува скапо, а граѓаните со недели чекаат извештај за тоа што пијат. Прашањата остануваат. Кој е инвеститорот? Која струја ќе ја троши центарот - домашна или увозна, која на крај влегува во сметката на граѓаните? Која вода ќе ја цица - од Вардар или Лепенец кои веќе се трујат, Треска каде умира риба, или од чешмата во Гостивар? Каде оди загреаната вода? Во река. Во истата река од која потоа пак се пие, а рибата умира. Еден голем дата-центар троши струја колку цел град. Во Ирска центрите веќе јадат над 20 проценти од националната електрична енергија - повеќе од сите градски домаќинства заедно. Затоа Даблин со години држеше кочница на нови приклучоци. Амстердам забрани нови центри најмалку до 2030. Сингапур стави мораториум, па пушти само под најстроги услови. Њујорк замрзна големи објекти над 50 мегавати. Град во Калифорнија ги забрани на референдум. Малезија ги запре системите што се ладат со вода до 2027, заради суша. Во Чиле проект падна затоа што ќе ги цедеше водоносните слоеви. Не затоа што светот е против технологија. Затоа што држава што нема струја и вода за своите луѓе не смее прво да ги раздаде на сервери. Има и бучава. Има агрегати и ладење деноноќно. Има соседство што се празни. Македонија веќе се празни. Младите си одат поради плата, воздух, вода и иднина. Да им додадеш уште еден индустриски шум и уште една дупка во мрежата не е развој. Тоа е забрзување на иселувањето. СДСМ не е против дигитализација. Ова не е дигитализација. Ова е хардвер за туѓа дигитализација. СДСМ е против кражба облечена во сервер. Нема датум. Нема име на инвеститор. Нема јавен договор за мегавати и литри. Нема проект. Има провизија што бара покритие. Додека Мицкоски зборува за иднина, граѓаните гледаат сметка која тие ја плаќаат. Затоа што струјата ќе ја платат тие. Без вода ќе останат тие. Бучавата ќе ја слушаат тие. А провизијата ќе ја земе бандата. Кој крие инвеститор, крие цена. Кој крие цена, ја знае однапред. А ја плаќате вие. Скопје, 15.09.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев и останатите.Македонското правосудство се претвори во бастион на СДС и ДУИ и со сите преостанати сили се стави во служба на одбрана на нивните криминалци. Остатоците на СДС и ДУИ во правосудните органи за да ги спасат од кривична одговорност Венко Филипче, Зоран Заев и таквите како нив укинуваат пресуди, стопираат истраги, враќаат предмети на повторување на постапки. Зависно од предметот и што тоа му треба на ликот кој се гони или треба да се гони за одредено кривично дело. Така, за автобуската несреќа на Дурмо Турс кај Ласкарци со 16 жртви, пресудата е укината. За 14 жртви кои живи изгореа во пожарот во модуларната болница во Тетово, затворена е истрагата и обвинение за кривична одговорност за Филипче нема. Тука е запрената истрага за случајот Мазут, тежок 167 милиони евра. Сето ова не е случајност, затоа што ова е правосудниот систем воспоставен од СДС и ДУИ кој и ден денес ги штити нивните луѓе и интереси. Ова покажува дека СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа нивното последно упориште за одбрана на нивниот криминален систем што го создаваа со години. Малкумината остатоци на СДС и ДУИ бирани во партиските штабови во Зајас и Струмица кои грчевито ги штитат од одговорност нивните поранешни државни функционери се ликови како Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска, Африм Фидани. Секогаш кога луѓе на СДС и ДУИ треба да одговараат пред лицето на правдата, тука се нивните инсталации во правосудството за предметите да се развлекуваат, истрагите да се затвораат, а пресудите да паѓаат. Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури и тоа е причината зошто граѓаните во правосудството имаат само 2% доверба. Затоа што правосудството, наместо да биде бастион и упориште на правдата, се претвори во бастион на СДС и ДУИ. Но, и СДС и ДУИ, и нивните корумпирани ликови, треба да знаат дека времето на недопирливите мора и ќе заврши, одговорност за секој според делото, ќе има. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17
ТехнологијаПоранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“.Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“, велејќи дека времето за да се избегне таков исход можеби истекува. Јавната вознемиреност за потенцијалната опасност што ја претставува вештачката интелигенција расте, откако истражувачот Џејкоб Коксон, минатата недела изјави дека поднел оставка , делумно затоа што „луѓето што ја градат вештачката интелигенција искрено веруваат дека таа би можела да нè убие сите до крајот на деценијата“. Антропологот Еван Хубингер потоа одговори на коментарите на Коксон, велејќи дека тој е во право и дека верува оти постои поголема од 10% шанса вештачката интелигенција да ги убие сите луѓе во следната деценија. „Неодамна дадов отказ од „Google Deepmind“, каде што работев на истражување за безбедност и усогласување на вештачката интелигенција“, напиша Билал Чугтаи на X. „Искрено верувам дека вештачката интелигенција има потенцијал да нè убие сите и дека можеби ни истекува времето за да го избегнеме овој исход.“. Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, повика на забавување на темпото на развој на напредна вештачка интелигенција во текот на викендот, добивајќи ретка поддршка од илон маск од „Спејсикс“ и извршниот директор на „Опенаи“, Сем Алтман. Чугтаи, исто така, рече дека безбедното управување со вештачката интелигенција е можно, но ќе биде потребна координација „за да се избегне трката меѓу компаниите за вештачка интелигенција“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во посета на САД, предвидени се средби на високо ниво08:40Од полноќ дизелот поевтинува за 2 денари, бензините поскапи за 3,5 денари за литар 15:0039-годишник осомничен дека му се заканувал на премиерот Мицкоски10:10ЦУК: Во изминатото деноноќие 11 пожари, само еден е активен, останатите се изгасени08:25По „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17