3 Митесерите не мора да бидат редовен проблем – Како да се ослободите и да го спречите повторното враќање
ХороскопДневен хороскоп за 18. април 2021 годинаДневен хороскоп за недела , 18. април 2021 година. Овен 21.3-20.4. Љубов Вашиот партнер ќе се согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација. Кариера На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи. Здравје и совет Заинтересирајте се за растителни чаеви. Бик 21.4- 20.5. Љубов Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање. Кариера Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка. Здравје и совет Бидете она што сте. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами. Кариера Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање. Здравје и совет Нема грижи , ниту напори. Рак 22.6-22.7. Љубов Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне. Кариера Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина. Здравје и совет Имате добри идеи. Лав 23.7-22.8. Љубов Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција. Кариера Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог. Здравје и совет Ќе најдете компромис. Девица 23.8.-23.9. Љубов Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов. Кариера Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени. Здравје и совет Денот е добар за опуштање. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен. Кариера За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна. Здравје и совет Поминете некое време во тишина. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите. Кариера Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски. Здравје и совет Почнете со поправки по дома. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите. Кариера Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено. Здравје и совет Подобрување. Јарец 22.12.-20.1. Љубов И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди. Кариера Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми. Здравје и совет Можете малку да се опуштите. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома. Кариера Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги. Здравје и совет Не брзајте. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор. Кариера Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите. Здравје и совет Бидете она што сте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЖивотДенеска се празнува Мала Богородица: Еве каква ќе биде есента ако на овој ден осамне облачно утроДенеска, 21 септември, православна црква и верниците ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој се поврзуваат бројни обичаи и верувања.Денеска, 21 септември, православните верници ја одбележуваат Мала Богородица, празникот Раѓање на Пресвета Богородица, со кој во македонската народна традиција се поврзуваат бројни обичаи и верувања. Едно од нив е особено интересно во овој период од годината – се верува дека времето на Мала Богородица може да навести какви ќе бидат есента и зимата. А денешниот ден во Македонија осамна облачно. Утрото го пречекавме под облаци, додека во текот на денот се очекуваат периоди на разведрување и појава на сончеви интервали. Токму поради тоа, ако се водиме според старото народно толкување, денешниот празник Мала Богородица би можел да се опише како своевидна „мешавина од знаци“. Не нè пречека целосно ведро и сончево утро, но облачноста не значи дека целиот ден ќе остане под облаци. Есента и зимата, фигуративно кажано, денеска „испраќаат порака“ – облачното утро според народното верување може да најави порано заладување, додека разведрувањето и сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за верување дека нè очекуваат и уште многу убави и благи денови. Што вели народното верување? Според едно од распространетите народни верувања, доколку на Мала Богородица е ведро, сончево и без облаци во поголемиот дел од денот, претстојната есен и зима би требало да бидат благи, без многу студени денови. Спротивно на тоа, облачното време на овој празник во народната традиција се толкувало како најава за постуден период. Во некои народни преданија се наведува дека особено се набљудувала промената на времето во текот на самиот ден, па смената на облаци и сонце можела да се толкува како најава за променлива есен. Во минатото, кога немало современи временски прогнози, луѓето внимателно го следеле однесувањето на облаците, ветерот, температурата, животните и растенијата и врз основа на искуството создавале изреки и правила кои се пренесувале од генерација на генерација. Мала Богородица била важен пресврт во годината Не е случајно што токму со овој празник се поврзуваат толку многу верувања за времето. Мала Богородица се одбележува во периодот кога летото дефинитивно се приближува кон својот крај, а природата влегува во есен. Во традиционалниот живот во Македонија, овој празник имал и практично значење – се поврзувал со почетокот на есенските земјоделски работи, орањето и сеидбата на озимите култури, а периодот околу Мала Богородица бил поврзан и со почетокот на есенските свадби. Затоа, некогаш погледот кон небото на овој ден се сфаќал многу посериозно отколку денес. Времето не било само прашање дали денот ќе биде пријатен за прошетка или работа – од него зависеле земјоделските активности, приносот и подготовката на домаќинствата за постудениот дел од годината. А според денешното небо, по облачното утро, сончевите периоди во текот на денот оставаат простор за различни толкувања. Ако се протолкува во духот на старото народно верување, есента би можела да биде променлива – со први постудени периоди, но и со доволно сончеви и топли денови.Тагови: Мала Богородица православен календар празник Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПартијата на Путин убедливо победи на изборите на руската Државна дума Тродневното гласање на изборите за деветтиот состав на руската Државна дума заврши со затворањето на избирачките места во најзападниот регион на Русија, Калининградската област.Според првичните резултати, владејачката „Единствена Русија“ освои најмногу гласови, додека втора беше Комунистичката партија на Русија. „Единствена Русија“ освои 57,54 отсто од гласовите според првите обработени податоци, соопшти Централната изборна комисија на Русија, пренесе „Спутник“. На второто место се најде Комунистичката партија на Русија со 13,80 отсто од гласовите. „Единствена Русија“, чиј претседател е Дмитриј Медведев, долго време го поддржува актуелниот претседател Владимир Путин. На третото и четвртото место се „Нови луѓе“ со 7,96 отсто од гласовите, односно „Праведна Русија“ со 5,16 отсто. Според податоците од 20:55 часот по московско време, прелиминарната излезност на изборите за Државната дума до крајот на гласањето изнесуваше 56,66 отсто. Последниот ден од гласањето, како и претходните два, започна на Далечниот Исток и постепено се поместуваше кон запад. Распоредот се разликуваше во некои региони. На пример, во самопрогласената Доњецка Народна Република (ДНР), избирачките места останаа отворени до 14 часот по московско време. Републиканската изборна комисија ја оправда оваа одлука со активноста на беспилотни летала и потребата за безбедно доставување на изборните документи по затворањето на избирачките места, пренесе ТАСС. Изборите за пратеници во Државната дума од деветтиот состав се одржаа од 18 до 20 септември. Жителите на регионот Донбас и на Новорусија за првпат учествуваа на изборите. На изборните листи за федералната изборна единица беа застапени десет партии: „Единствена Русија“, Комунистичката партија на Руската Федерација, Либерално-демократската партија на Русија, „Нови луѓе“, „Праведна Русија“, Руската партија на пензионерите за социјална правда, „Комунисти на Русија“, „Родина“, Руската еколошка партија „Зелени“ и Партијата за директна демократија.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMSМинистерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан. Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски силиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16