3Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
ХороскопДневен хороскоп за 17. ноември 2021 годинаДневен хороскоп за среда, 17. ноември 2021 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои од вашите соработници би можел денеска да ви го покаже своето нежно лице или чувства кон вас. Кариера Може да се каже дека ова ден за убави намери , искрени деловни мислења и добра соработка доколку не ги форсирате работите. Здравје и совет И натаму одмарајте се редовно. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Без оглед што вовашиот сегашен однос недостига емотивност , ќе успеете на паметен начин да ја подобрите вашата врска. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние работи на кои сте навикнати , ќе ви причинуваат извесна тешкотија. Здравје и совет Бидете она што сте. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Пред вас е ден во кој ќе се мешаат пријатни ситуации нешто сосем неочекувано , што спаѓа во фантазирање. Балансирајте. Кариера Ако сте решени да делувате од сенка , денеска е ден во кој на таков начин може да постигнете завидни успеси. Здравје и совет Чудни сништа ќе ве збунат. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бидете разиграни и подготвени за палавости.Доколку вклучите и хумор , ќе направите добра забава. Кариера Денеска ќе ви стане јасно колкав е капацитетот на она што ви се случува. Ќе нема крај. Здравје и совет Подобрување. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денешниот ден ќе ве поттикне веројатно на многу добри дела и попустливост кон партнерот. Кариера Секогаш сте го ценеле она што ќе го направите со свои раце. Денеска ќе покажете необичен талент , што бара прецизност во рацете. Здравје и совет Ќе бидете здрави и исполнети со среќа. Овен 21.3-20.4. Љубов Влегувате во подобар љубовен период.Ќе забележите според се подобриот однос со партнерот или со блиските луѓе воопшто. Кариера Не ги форсирајте своите ставови дури и кога сте во право.Попаметно е да почекате додека и на другите им стане јасно. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои не се сигурни како да се однесуваат со саканата личност , нека го прашаат најдобриот пријател/ка за совет. Кариера Иако вашите заслуги се видливи , не се толку стабилни , па сепак денеска може да се повикате на нив и да продолжите понатаму. Здравје и совет Успешно се справувате со нервозата. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Многумина денеска ќе откријат што значи да се биде целосно среќен. Не само што ќе сакате и ќе бидете сакани , туку тоа ќе го раширите и на околината. Кариера Следува успешна соработка со лица кои се духовити , забавни , млади и креативни. Истото важи и за таквите работи. Здравје и совет Сосема сте здрави. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска ќе се покажат вашите скриени чувства .Ќе бидете малку збунети , но и ќе ви биде пријатно. Кариера Се чини како да ви се отвораат некои нови деловни можности за кои до сега не сте биле свесни. Размислете на мира за нив. Здравје и совет Никаде не треба да брзате. Лав 23.7-22.8. Љубов Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вапиот приватен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа. Кариера Ќе ги занемарите мислите за работата , зашто денеска ќе ви донесе денот убави искуства во други области. Здравје и совет Ќе ви недостига сила , штедете се. Девица 23.8.-23.9. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и партнерот, денеска ќе се однесувате доста неурамнотежено. Кариера Додека размислувате за работата , се појасно е дека пред вас се отвора пат за нови успеси и напредувања. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Вага 24.9.-23.10 Љубов Во големите и во малите љубовни амбиции ќе се водите од својот внатрешен глас и ќе го постигнете посакуваното. Кариера Наеднаш би можела да се појави можност за деловна соработка со пријатели .Станува збор за работа поврзана со естетика. Здравје и совет Можен е преубав сон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Рита Ора во секси бикини ги покажа стомачните!Мегапопуларната пејачка со потекло од Балканот, Рита Ора ги покажа своите извајани стомачни мускули во сребрен бикини, споделувајќи впечатливи фотографии од својот одмор на Миконос на Инстаграм.35 годишната Рита на фотките позира на луксузна јахта на која уживала заедно со пријателите. Покрај сребреното бикини, Рита имаше и зелен шал за да ја заштити косата и беше совршено стилизирана. „Ми треба ресетирање на душата, сонце, бикини и музика“, напиша пејачката во описот на објавата. Тагови: рита ора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ким Кардашијан во микро бикини го рекламира својот бренд Најпознатата американска старлета, Ким Кардашијан не престанува да ги промовира различните делови од колекцијата на нејзиниот бренд SKIMS, а тоа значи само едно – нејзините фанови ќе уживаат во атрактивните новитети на старлетата.Риалити ѕвездата Ким Кардашијан секогаш има свои решенија за привлекување внимание. Откако сите пишуваа за нејзината врска со Луис Хамилтон, која веќе не е тајна бидејќи возачот на Формула 1 редовно ја изјавува својата љубов кон ѕвездата, таа сега го насочи својот фокус кон својот бренд SKIMS. Уште од самиот почеток, таа имаше провокативни рекламни кампањи во кои се појавуваше таа или нејзините сестри, облечени во многу малку облека, минијатурни бикини и слично. Сега таа ги почести своите обожаватели со серија фотографии . 🔥 Kim Kardashian Models Skims’ New Microscopic Leopard Print Collection — (Video: AI) Kim K is heating things up with her latest Skims drop — the “Micro Fits Everybody” collection of barely-there leopard print bras, thongs, and ultra-revealing silhouettes. In the created clip:… pic.twitter.com/e3oK4Flsnt — Paul A. Szypula 🇺🇸 (@Bubblebathgirl) July 1, 2026 Тагови: Ким Кардашијан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамОва се најдобрите половни автомобили до 10.000 евраАко планирате да купите половен автомобил со цена до 10.000 евра, петте модели што се сметаат за најдобри се VW од седмата генерација, Mazda 6, BMW серија 3, Honda Accord и Volvo S60.Кои се најдобрите половни автомобили со цена до 10.000 евра? Покрај самото одржување, важна е и сервисната мрежа во вашиот град или во околината. Денес, сите производители имаат широка мрежа за сервисирање и набавка на резервни делови, што го става сопственикот во поволна положба; на него останува „само“ да вложува во своето возило, односно редовно да го одржува – да врши мали и големи сервиси и да ги заменува истрошените делови кога ќе дојде време за тоа, пред да настане сериозен дефект. Ако планирате да издвоите 10.000 евра за купување половен автомобил, на пазарот секогаш се достапни неколку одлични модели кои се многу барани токму поради нивната репутација. Кај нас најчесто се возат дизел-автомобили, но и моделите на бензин се многу достапни и поволни. 1.VW Golf од седмата генерација – за сума до 10.000 евра може да се најде верзија со бензински мотор 1.4 TSI или дизел мотор 2.0 TDI. Достапни се и мануелни и автоматски менувачи, но доколку DSG менувачот нема сервисна историја, подобро е да го избегнете поради скапите поправки. 2.Mazda 6 од втората генерација – возило од средна класа кое нуди добар компромис меѓу удобноста, сигурноста и моќноста. Најразумен избор се дволитарските бензински мотори MZR со околу 147 КС (коњски сили) или 2.5 MZR, додека дизел моторите 2.0 и 2.2 MZR CD нудат помала потрошувачка за оние што возилото го користат главно за возење на отворен пат. 3. BMW Серија 3 – генерацијата F30 се движи во ценовниот опсег до 10.000 евра и обично доаѓа со поголема километража. Најдобар избор е дизел моторот 318d или 320d со мануелен менувач, а ако најдете добро одржуван примерок, нема потреба многу да се двоумите. 4. Honda Accord – ова е еден од најсигурните автомобили во средната класа. Најбарани се бензинскиот мотор 2.0 i-VTEC и дизел моторот 2.2 i-DTEC, при што вториот е малку поскап за одржување од бензинецот. 5. Volvo S60 од втората генерација – ова е веќе премиум возило што може да се најде по цена на „обичен“ половен автомобил. Најбарани се дизел моторите D3 и D4 доколку планирате да потрошите до 10.000 евра, додека бензинската верзија со мотор T5 нуди подобра динамика на возење, но и малку повисоки трошоци за одржување. Важно е да се напомене дека ова се модели што се застапени на бројни веб-страници за продажба на половни автомобили и не се единствените квалитетни опции во ценовниот опсег до 10.000 евра; затоа, потребно е темелно да ги истражите сите модели што ве интересираат и внимателно да ја донесете таа важна одлука. Исто така, секогаш одвојте најмалку 500 евра при купување половен автомобил, за случај веднаш да биде потребен некаков сервис или поправка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook