Дневен хороскоп за 17. ноември 2019 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 17. ноември 2019 година

Дневен хороскоп за недела , 17. ноември 2019 година. 

Дневен хороскоп за 17. ноември 2019 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ако се обидете да објасните нешто шта на вас ви е сосема јасно , нема да успеете , зашто другата страна мора да биде отоврена за такви измени. Добро ви оди и вака.

Кариера

Ќе посакате денеска да прекинете со една соработка , но првин размислете дали тоа е воопшто потребно.

Здравје и совет

Избегнувајте луѓе што сакаат да направат сцена.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе се развива над очекувањата. Мали недоразбирања се можни само околу вашите фалбаџиски изјави.

Кариера

Ќе продолжите да ги промовирате своите амбиции и планови. ДФругите ќе треба да ве слушаат , но не би бикло лошо понекогаш да биде и обратно.

Здравје и совет

Бидете пореални.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Вашите љубовни освојувања ќе продолжат пред публика или пријатели. Тоа ќе ви биде дополнителна мотивација.

Кариера

Може да се впуштите во речиси секоја работа , зашто и ѕвездите ќе го поддржуваат развојот на вашата кариера.

Здравје и совет

Помалку јадете , движете се повеќе.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Разиграност , веселба и дружба во добро расположение се на повидок. Ако сте веќе во врска , ќе се подобри.

Кариера

Лекомислено ќа ја сфаќате работата денеска .Ќе бидете повеќе подготвени за забава , отколку за работа.

Здравје и совет

Не си поигрувајте со луѓето.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

И натаму останува дека треба да се дистанцирате и на мир да чекате да завршат овие денови неповолни за љубов.

Кариера

Со својата ангажираност ќе направите надредените да се посрамотат. Подобри сте од нив, но не мора да им го потенцирате.

Здравје и совет

Не ги земајте работите при срце.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Вашата зборливост ќе ви помогне да ги надминете празнините во личниот живот. Ќе разговарате што недостига во емотивните односи.

Кариера

Денеска ќе водите интензивна кореспонденција со колегите. На повидок се многу меилови , телефонски повизци и пораки.

Здравје и совет

Поработете на својата спретност.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Колку и да се трудите , денеска нема да добиете емотивно исполнување какво што очекувавте. Треба едноставно да издржите.

Кариера

Не мачете се себеси и другите со вашите сомневања. Постојат правила што треба да ги следите во деловниот живот. Внимавајте на нив.

Здравје и совет

Прошетајте се на свеж воздух.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Сеуште не сте сфатиле дека светот не се врти околу вас и дека треба да покажете способност за почит кон другите. така ќе бидете посреќни.

Кариера

Стравот што понекогаш го чувствувате е последица на вашето его. не е секогаш лесно да се работи со вас. Размислете.

Здравје и совет

Луѓето не се играчки.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе бидете малку поопуштени и пријателски расположени , па ќе се отворите и ќе си го подобрите односот со саканата личност.

Кариера

Вашата работа ќе се развива на најдобар множен начин. Денеска анализирате и некои свои заслуги.

Здравје и совет

Игнорирајте ги провокаторите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе имате доверба во луѓето и на многумина ќе им дозволите да ви се приближат. За осамените ќе има одлични шанси.

Кариера

Не се двоумете околу сигурноста на вашата работа , но би сакале нешто да смените. Има простор за подобрување.

Здравје и совет

Не чепкајте таму каде што не треба.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се засили умереноста кон она што не е видливо. Ќе читате меѓу редови и тука ќе ги наоѓате одговортие на вашите љубовни дилеми.

Кариера

Мало надмудрување со шефовите би можело да даде резултати, не ќе ви ги исцрпи нервите.

Здравје и совет

Опуштете се со она што го сакате.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Љубовните настани на работното место продолжуваат и денеска.Ако уште сте сами , отворете ги добро очите.

Кариера

Многумина ќе го следат вашиот пример зашто ќе препознаат дека вие сте се поставиле најадобро и знаете што работите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Поранешниот НБА-играч и двократен шампион Џеј-Ар Смит е уапсен во Тексас под сомнение за семејно насилство што резултирало со телесни повреди.

Поранешен НБА-шампион уапсен за семејно насилство

Според извештаите на „ТМЗ“ (TMZ), 41-годишниот Смит бил приведен откако автоматски систем за читање регистарски таблички го детектирал автомобилот што го управувал.

Полициските службеници го запреа возилото и открија активен налог за апсење на поранешниот кошаркар, издаден од локалната полиција. Смит веднаш беше однесен во притворскиот центар на округот Хант, додека автомобилот му беше предаден на неговиот брат, кој се наоѓаше во возилото со него.

Надлежните органи ја објавија и неговата полициска фотографија.

Деталите во врска со наводното насилство сè уште не се официјално соопштени; следствено на тоа, идентитетот на жртвата, сериозноста на евентуалните повреди и околностите под кои се случил инцидентот остануваат непознати.

Во текот на 16 сезони во најсилната светска кошаркарска лига, Смит настапуваше за Њу Орлеанс, Денвер, Њујорк, Кливленд и Лос Анџелес Лејкерс.

Тој ги освои двете шампионски титули играјќи покрај Леброн Џејмс – првата со „Кавалирс“ во 2016 година, а втората со „Лејкерс“ во 2020 година – а во 2013 година, додека настапуваше за „Никс“, беше прогласен и за „Шести играч на годината“ во лигата.

Ова не е негов прв судир со законот, со оглед на тоа што претходно отслужил 24-дневна затворска казна за несовесно возење по сообраќајна несреќа во 2007 година, во која загинал неговиот сопатник.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство

По иницијатива на Уставниот суд на Република Македонија, а со поддршка од уставните судови на Србија и Босна и Херцеговина, се формира Охридски форум за дијалог за поголема доверба во уставното судство. 

По иницијатива на Уставниот суд на Македонија основан Охридски форум за дијалог и доверба во уставното судство

Станува збор за платформа за регионална соработка, размена на искуства и унапредување на принципите на независност, транспарентност и ефикасност на уставните судови. Целосната содржина и принципите врз кои се основа Охридскиот форум:

Поаѓајќи од определбата дека довербата во уставните судови е највредниот капитал што може да го поседува еден уставен суд, заклучивме дека:

● изградбата на довербата во уставното судство претставува системско прашање кое бара ангажман како од самите уставни судови и судии, така и од политичките субјекти, медиумите, научната и стручната јавност.

Издвоени се три принципи кои можат да придонесат за унапредување и зголемување на довербата:

● независност;

● транспарентност;

● ефикасност.

Овие три принципи можат да се остваруваат преку внатрешните напори на судовите, но истовремено во голема мера зависат и од постапувањето на надворешните чинители.

Она што секој суд може да го направи заради јакнење на сопствената независност и намалување на политичките влијанија врз неговата работа е зајакнување на личниот интегритет на судиите, а преку него и на институционалниот интегритет на Судот во целина.

Една од мерките е донесување Кодекс на однесување на судиите, кој ќе содржи универзални уставносудски стандарди, како и негово доследно почитување. Ограничувањето на надворешните влијанија се постигнува и преку висок степен на стручност и компетентност на секој судија поединечно, што подразбира постојано унапредување на знаењата и вештините.

Во поглед на транспарентноста, клучен елемент за зголемување на довербата на граѓаните е приближувањето на работата на Судот до јавноста, а особено обезбедувањето достапност на неговите одлуки.

Начините за постигнување на оваа цел се различни и зависат од правната традиција на државите и од културата на отвореност на самите судови. Тие можат да опфатат континуирано објавување соопштенија со објаснувања разбирливи за пошироката јавност, брифинзи со судиите, присуство на медиумите на седниците, директни преноси од седниците на Судот, поединечни јавни настапи на судиите во медиумите, како и присуство на соодветни социјални мрежи.

Кога станува збор за јавните настапи на судиите, доколку Судот веќе практикува или се определи за ваков вид комуникација со јавноста, особено треба да се нагласат одредени ограничувања во нивните изјави, меѓу кои се:

● забрана за дискусија за тековни предмети;

● забрана за прејудицирање на исходот на тековни и идни постапки;

● избегнување ad hominem обраќања воопшто, а особено кон судии или други личности од јавниот живот;

● зачувување на кредибилитетот и институционалниот авторитет на Судот.

Издвоените мислења на судиите кои јавно се објавуваат треба да имаат за цел да придонесат за развојот на правната мисла и уставносудската практика и за стратешкиот развој на Судот, при што аргументите содржани во нив во иднина можат евентуално да бидат прифатени како мнозински став или да поттикнат соодветна законодавна реакција.

Во поглед на ефикасноста во работата на уставните судови, таа подразбира навремено постапување, почитување на утврдените рокови и избегнување неоправдано одолговлекување на постапките, седниците и нивното траење.

Доследното остварување на наведените принципи не зависи само од волјата, капацитетот и способноста на судовите. За нивно целосно остварување, во голема мера се неопходни соработка и добра волја од другите јавни органи, медиумите, стручната и научната јавност и останатите релевантни чинители. Така, независноста на секој уставен суд е во непосредна врска со степенот на политичката и правната култура на општеството во целина.

За доследно остварување на независноста потребно е и соодветно буџетско и институционално уредување. Особено е важно судовите да работат во полн состав, судиите да бидат навремено избрани, како и постапката за нивниот избор да биде транспарентна, објективна и деполитизирана, со примена на најдобрите меѓународни стандарди кои обезбедуваат објективност на постапката и критериумите.

Во современи услови, ефикасноста подразбира и користење современи алатки за работата на Судот, како што се соодветни софтверски решенија за следење на предметите, бази на податоци, лесен и едноставен пристап до домашната, странската и меѓународната судска практика, како и соодветна технологија за одржување и пренос на јавните седници, доколку Судот ги практикува.

Медиумите имаат исклучително значајна улога во обезбедувањето транспарентност на работата на судовите и во пренесувањето информации до јавноста. За таа цел потребни се континуирани обуки и специјализација на новинарите, блиска принципиелна и заемно професионална соработка меѓу судовите и медиумите, како и редовни средби за општи и тематски прашања кои предизвикуваат посебен интерес кај јавноста.

Имајќи го предвид значењето на трите клучни принципи од кои зависи јакнењето на довербата на граѓаните во уставните судови, Охридскиот дијалог ја препознава потребата од воспоставување заедничка рамка за нивна доследна примена.

Во таа насока, се предлага склучување Меморандум за зголемување на довербата во уставните судови, со кој би се утврдиле стандарди за транспарентност, заеднички показатели и методологија за следење на јавната доверба во секој од судовите, периодична заедничка анализа на резултатите, како и регионално поврзување и унапредување на базите на уставносудската практика.

Основањето на Охридскиот форум за дијалог за зголемување на довербата во уставните судови е резултат на плодната дискусија во рамките на регионалната конференција одржана на 16 и 17 септември 2026 година. Овој настан се одржа во Охрид, во организација на Уставниот суд на Република Северна Македонија, со поддршка на Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот на МНТ Никола Кимовски го назначи Јордан Симонов на уметнички директор

Директорот на Македонскиот народен театар, Никола Кимовски, денес го назначи актерот-првенец Јордан Симонов за уметнички директор на Македонскиот народен театар.

Директорот на МНТ Никола Кимовски го назначи Јордан Симонов на уметнички директор

Имајќи ја предвид неговата долгогодишна актерска кариера, која започнува во 1989 година, како и неговото богато театарско и филмско искуство, како и режисерско назначувањето претставува природен и значаен чекор напред – како за него како актер, така и за развојот и идните цели на институцијата.

Неговото долгогодишно искуство и работата во различни жанрови – од драма, комедија и трагедија до мјузикл – претставуваат значаен придонес во уметничкиот развој на МНТ и создавањето нови професионални и творечки импулси во работата со колегите и соработниците.

Јордан Симонов е актер кој има добиено голем број на индивидуални награди за неговите улоги, како и колективни, тоа е резултат на неговата долгогодишна работа во претставите: Јуда (Евангелие по Јуда, 1993), режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица;Раскажувачот, Терсит (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар; Кирил (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар; Мулино (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;Марк (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Рилов (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, адаптација: Златко Славенски и Огнен Георгиевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;Викон де Валмон (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;Христов (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;(Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Жан Пол Мара, Маркиз де Сад (Мара /САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;Џонатан Харкер (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Пандар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар,

Адолф (Изгубени германци, 2012), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;Гијом (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;Соломон (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар; Понтиј Пилат (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;Месарот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;Филип (Мој термин, 2019), по мотивите на Лорен Бафи и Висенте Виљануева, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар; Пиерпоинт (Бесачи, 2019), автор: Мартин Мекдона, режисер: Јавор Грдев, продукција: Македонски народен театар; Павле (Лагата, 2022), автор: Флоријан Зелер, режисер: Бесфорт Идризи, продукција: Македонски народен театар;(12, 2024), во адаптација и режија на Синиша Евтимов, работена по мотивите (12 Angry Men) од Реџиналд Роуз, продукција: Македонски народен театар;Спиро (Народен пратеник, 2024), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;Доктор Макаров (Варвари, 2025), автор: Максим Горки, режисер: Владимир Милчин, продукција: РСМ НУ Македонски народен театар; (Сценски спектакл „Сонцето, колку е блиску сонцето“ Made in МNT, 2025), режисер: Дејан Пројковски, драматизацијата е на: Дејан Пројковски и Андреј Цветановски, продукција: Македонски народен театар;(Као какао, 2026), автор: Венко Андоновски, режисер: Дејан Пројковски, ко-продукција: Македонски народен театар и Баги продукција и многу други.

Симонов пред назначувањето на уметнички директор беше член во уметничкиот совет на МНТ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер