Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
2Полицајци во САД пукале во автомобил и убиле едногодишно бебе, обвинителката смета дека било оправдано (ВИДЕО)
3Македонското знаме на светскиот подиум: Анастасија Палчевска освои бронзен медал на Светското првенство во Полска
ХороскопДневен хороскоп за 17. ноемвмри 2022 годинаДневен хороскоп за четврток, 17. ноември 2022 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Можеби ќе се изненадите кога саканата личност ќе ве повика да излезете на едно сосема невообичаено место. Кариера Кога денеска накусо ќе помислите за она што ве очекува , ќе бидете безгрижни. На некои би можело да им се јави шефот за дополнителни задолженија. Здравје и совет Уживајте во животот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Внимание и нежност ќе ви бидат главни преокупации , кога станува збор за љубовниот живот. Ќе знаете како на другите да им се вовлечете под кожа. Кариера Сите оние чија работа е поврзана со уметност , денеска ќе имаат инспирација за вистински мали ремек дела. Здравје и совет Следете ја интуицијата. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Емоции , убавина, хедонизам и страст денеска ќе се спојат во складна целина на взаемно задоволство. Кариера Дури и оние кои вредно работат, денеска ќе одмораат , зашто нивните желби ќе бидат насочени кон уживање. Здравје и совет Не претерувајте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Зближувањето и топењето на разликите меѓу вас и другата страна денеска ќе оди преку еротика и секс. Ќе чувствувате олеснување. Кариера Ве очекува средба со многу дарежлив спонзор и инвеститор кој е сериозен. Некој ќе ви се јави за да се подготвите за тоа. Здравје и совет Соработувајте со другите. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Сите карти ќе бидат во рацете на вашата најдрага личност , која ќе биде многу расположена за нежности. Не прашувајте зошто. Кариера Во мислите ќе ги анализирате вестите поврзани за работата и ќе ви се чини дека сосема добро се снаоѓате. Здравје и совет Немојте да се прејадете. Овен 21.3-20.4. Љубов Се повеќе ситуации се вртат во ваша корист , а вие станувате почувствителни . Другата страна ќе знае тоа да го цени. Кариера Денеска ќе настојувате што повеќе да ги истакнете своите заслуги во работата. Здравје и совет Обновете си го хобито. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои добра забава со пријателите и саканата личност , низ содржини што имаат нешто мистично во себе. Кариера Уметниците меѓу вас денеска ќе зрачат многу повеќе од вообичаено , а другите ќе ги имитираат и ќе ги следат. Здравје и совет Бидете уште поотворени. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Наеднаш би можело да ви падне на памет необична идеја со која ќе си го збогатите својот и сексуалниот живот на партнерот. Овој пат сте во право. Кариера Вашата интуација денеска ќе ви даде одговори на многу прашања. Само добро слушајте и се ќе ви биде јасно. Здравје и совет Престанете да анализирате. Рак 22.6-22.7. Љубов Би можеле да наидете на личност со која работите и која би можела да ве наведе на емотивни изливи. Размислувате за оваа личност. Кариера Додека полека минува работното време, вие се повеќе ќе размислувате за пари и како да ги заработите на страна. Замислувате необични начини. Здравје и совет Останете во реалноста и помалку фантазирајте. Лав 23.7-22.8. Љубов Плима од емоции ќе ве наведе да посакате што повеќе време да минете со саканата личност. Ќе се потрудите околу тоа. Кариера Работната недела покажа дека успеавте да покажете што знаете за својата професија. Тоа ви носи задоволство. Здравје и совет На некој начин денеска ќе блескате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашиот љубовен живот квалитетнио се одвива, а вашата самодоверба расте од ден за ден. Самците ќе бидат успешни во додворувањето. Кариера Ќе им се препуштите на чувствата и на приватниот живот и ќе заборавите на работните обврски. Занете дека сте силни и џдека напредувате. Здравје и совет Одете во природа. Вага 24.9.-23.10 Љубов Можете да очекувате ден исполнет со задоволства , што ќе доаѓаат поради низата идеи , што ќе ги следите со саканата личност. Кариера Ќе верувате во својата храброст и високиот морал , така што лесно ќе ги решите малите деловни грижи , за кои само вие знаете. Здравје и совет Подобро е да верувате , отколку да се сомневате.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава Девет грешки со рачниот багаж што може да ви го расипат патувањето низ Европа уште пред тргнувањеЕве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure.Патувањето со рачен багаж звучи совршено, нема чекање редици за подигање на багажот, нема страв за загубен багаж, лесно се движите по улиците и железничките станици, но сепак, патувањето со ранец не гарантира полесно патување. Еве на кои клучни стапици на патувањето може да наидете според магазинот Travel + Leisure. Непроверување на димензиите на европските авиокомпании Кај европските нискобужетни авиопревозници, Ryanair, EasyJet или WizzAir, правилата за димензиите и тежината се значително поригорозни од стандардните големи линии. Куфер што во повеќето земји поминува како кабински, во Европа често може да биде голем трошок во последен момент. Пакување на нови неразгазени чевли Кога ги шетате низ историските европски градови, по цел ден пешачите по калдрма, нерамни плочки и стрмни скали. Новите неразгазени чевли или крути модели се загарантиран рецепт за плускавци и болки во стапалата. Наместо тоа, земете проверени разгазени патики и анатомски обувки. Изоставање на избрана колекција облека што лесно се комбинира Носењето одредена облека за која се надевате дека ќе ја облечете создава непотребен неред при пакувањето. Решението е во неутралните тонови и парчиња облека што може да се комбинираат во повеќе прилики. Занемарување на организатор и кеси што се компримираат Класичното редење облека зазема голем волумен, а компресиските кеси го истиснуваат воздухот и овозможуваат собирање повеќе облека на ист простор, штедат нерви бидејќи така не мора да копате по куферот за да извлечете една маичка. Пренатрупан несесер и ризик од одземање Правилото за пакувања од 100 мл во проѕирен несесер и понатаму важи на повеќето европски аеродроми. Носењето полупразни големи пакувања редовно завршува со фрлање при безбедносната контрола. Спакувајте ги најосновните мини-формати, вообичаените средства за хигиена купете ги од локалната веледрогерија по пристигнувањето. Заборавање на универзален адаптер за струја Британските приклучоци за струја се разликуваат од оние во континентална Европа, а на специфични типови приклучоци може да наидете дури и во рамките на самиот континент. Купувањето поединечни пластични адаптери на аеродромот или во туристичките зони е непотребно скапо. Компактен универзален адаптер за струја со повеќе USB-влезови треба да се наоѓа во вашиот рачен багаж уште пред да тргнете на пат. Носење чанти кои се лесна мета за џепчии Плоштадите, подземните железници и туристичките атракции низ Европа се магнет за вешти џепчии. Отворените чанти на рамо, ранците со надворешни прегради и паричниците во задните џебови претставуваат голем ризик. Практична чанта со патент што се носи преку градите, блиску до телото, е најбезбедниот избор за чување документи и пари. Патување без пренослив полнач (power bank) Од билети за воз и влезници за музеи, па сè до навигација и фотографирање – вашиот паметен телефон работи со полна пареа додека патувате. Ако батеријата се испразни среде непознат град, тоа предизвикува голем стрес. Компактниот пренослив полнач е неопходен додаток (а според правилата на авиокомпаниите, мора да го носите во рачниот багаж, а не во чекираниот багаж). Преполнување на куферот до крај Најголема грешка на почетниците е тргнувањето на пат со куфер што едвај може да се затвори. Речиси сигурно ќе купите нешто попатно – сувенир, шише вино, чоколадо или парче облека. Секогаш оставајте околу десет проценти од просторот празен или спакувајте лесна, склоплива најлонска торба во рачниот багаж што ќе ја искористите при враќањето. Извор: www.tportal.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаИгор Ивановски во „Само интервју“Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува Игор Ивановски.Разговори за иднината или за смена на Филипче? Платформа 12 и 5, навремена или задоцнета? Надминување на јазот во СДСМ или ново опозициско престројување, се менуваат ли политичките сили на теренот или секое чудо за три дена? Која е „нишката“ на иницијаторите? Дали може власта и опозицијата да се обединат околу националните интереси? Достижна ли ЕУ или до недоглед ќе чекаме да се сменат правилата за влез во големото друштво? Каде е Македонија 35 години потоа, што можевме, а што не направивме и како да се променат состојбите во општеството? Само Интервју, вечерва со Гоце Михајлоски и Игор Ивановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот Една минута е доволна да сфатите со кого имате работаСпоред психоаналитичарот Сигмунд Фројд однесувањето во одредена ситуација веднаш открива каков е нечиј вистински карактер.Сите барем еднаш сме биле во ситуација во која сме се запрашале дали некому можеме потполно да му да дадеме нашата доверба. Кога запознаваме некого, ги набљудуваме надворешните слоеви: начинот на кој говори за своето минато, топлината со која му се обраќа на семејството, амбицијата со која ја гради својата иднина. Сепак, кога некој говори за своите сништа и планови најчесто е вешта фасада која не открива што се крие во суштината на тоа битие. Сепак, Фројд открива дека вистинската величина на човекот не се мери по неговите зборови, туку по неговата реакција на отпорот. Што ве исфрла од рамнотежа? „Величината на вашата личност е одредена според величината на проблемот што ве вади од такт“ – вели Фројд. Посматрајте како некоја личност се соочува со ситните секојдневни предизвици кои не може да ги контролира. На пример, сообраќаен метеж, ладно кафе, мало недоразбирање, изразување гнев, тага или губењето самоконтрола – сето тоа е јасен сигнал на емоционална незрелост. Кога нечиј карактер реагира со „пожар“ на мала искра, тоа говори за недостаток на внатрешен мир и стабилност. Овие испади не се одраз на моментален стрес, тие се огледало на неспособноста да се носиме со животот на зрел начин. Вистинската сила, од друга страна, се огледува во тивката сила и способноста да го зачуваме сопствениот интегритет, дури и кога се чини дека сиот свет се руши. Зрелата личност знае дека нејзината вредност и мирот не зависат од надворешните околности, туку од ширината на нејзиниот внатрешен простор. Така што, следниот пат, кога ќе ја проценувате силата на нечија личност, не прашувајте за идните планови или соништата, посматрајте ги малите битки. Во нив се гледа колку некој е подготвен да чекори низ животната бура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter