Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
1Холандската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра
2СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на Мицкоски
3Форум на жени на ЛДП: Жените не се партиски плен за тепање - срамниот блам на телевизија бара итни оставки!
3Турција ги претстави вратените 100 бесценети културни артефакти од САД, бронзените ремек-дела од Бубон повторно обединети
ХороскопДневен хороскоп за 17. март 2025 година Дневен хороскоп за понеделник, 17. март 2025 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако денеска излезете , ќе ви биде преубаво. Доколку сте сами , би можеле да се вљубите. Ако имате партнер, уживајте. Кариера Професиите поврзани со сценски настап , презентации или јавен настап денеска би можеле да доживеат голем успех. Здравје и совет Покажете се пред светот. Овен 21.3-20.4. Љубов По прашањата за срцето денеска ќе можете да го читате секој детал меѓу редови ,но не ги изразувајте своите сознанија кон другите. Кариера Сите дејности во кои е потребна суптилност , интуиција, креативен талент или слично , денеска се одлично поставени. Здравје и совет Ќе сонувате пријатни сништа. Бик 21.4- 20.5. Љубов Оние кои се сами, ќе минат ден во своите сништа и мечти. Тука ќе се чувствуваат најдобро. Кариера Вработените во институции од затворен тип ( болници , лаборатории,институти и сл.) имаат ден полн со откритија.Другите ќе работат вообичаено. Здравје и совет Анализирајте ја својата потсвест. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов И натаму ќе се плеткате со една личност со која работите или таа си поигрува со вас. за некои тоа ќе биде само минлив флерт. Кариера Иако напорите на работното место се зголемуваат , со помош на добрата волја на соработниците и на вас самите, ќе ви биде пријатно. Здравје и совет Не ги заборавајте шефовите. Рак 22.6-22.7. Љубов Плимата од емоции кои сега ве носат , можеби ве збунува. на некои ќе им се остварат љубовните сништа. Кариера Одлично ќе соработувате , како со младите , така и со позрелите соработници на работното место. Ќе бидете отворени и љубезни. Здравје и совет Малкумина сега се посилни од вас. Лав 23.7-22.8. Љубов Се што во моментов недостига во вашите приватни односи , денеска успешѓно ќе го надополнувате со секс. Кариера Можеби ќе бидете уморни од силните озборувања , но од таму може и да произлезат квалитетни договори. Се очекуваат само уште некои информации. Здравје и совет Верувајте на својата интуиција. Девица 23.8.-23.9. Љубов Личноста со која деловно соработувате би можела и приватно да се заинтересира за вас, но вие за сега ќе бидете на дистанца. Кариера Добивате можност за неочекувани финансиски резултати .Кај бнекои тоа уште денеска ќе се конкретизира , а кај некои ќе се договори. Здравје и совет Бидете доследни. Вага 24.9.-23.10 Љубов Вашата најсакана личност би можела денеска пшријатно да ве изненади. Ќе бидете подготвени да попуштите во нешто околу што сте се оспорувале. Кариера Ги имате сите шанси за да успеете да договорите една голема зделка.Речиси и да енма препреки.Бидете паметни. Здравје и совет Мала нерамнотежа со крвната слика. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Денеска може да уживате во друштво со саканата личност , без страв дека нема да ви возврати за она што и го нудите. Кариера Сите работи што ги извршувате со помош на луѓе ,добро се поставени. Бидете отворени кон другите , па и тие ќе бидат отворени кон вас. Здравје и совет Можете и со мали чекори да стигнете до целта. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Она што некогаш сте си го ветиле , денеска полека се остварува.Вие уживате во друштво на личноста која ви е многу драга. Кариера Одличен ден за поставување темели за еден крупен и долгорочен договор , кој финансиски ќе ви се исплатува. Здравје и совет Ќе бидете задоволни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе бидете полни со емоции и подготвени да ги споделите со другата страна.Задоволство , среќа и мир речиси се сигурни. Кариера Некои работи ќе се одвиваат подобро отколку што очекувавте. За некои тоа ќе биде причина малку да се опуштат. Здравје и совет Нема нешто што не можете. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе откриете која личност од работното место ве симпатизира. Ќе бидете збунети , зашто нема да знаете како да се поставите. Кариера Вашите колеги денеска кон вас ќес е постават исклучително попустливо и ќе ви дозволат да правите она што вообичаено не би смееле. Здравје и совет Почитувајте ги другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалТен Хаг: Испаѓањето на Манчестер Ј. од Премиер лигата не е невозможно сценариоИспаѓањето на Манчестер Јунајтед од Премиер лигата не е невозможно сценарио, смета поранешниот тренер на англискиот гигант, Ерик тен Хаг.Испаѓањето на Манчестер Јунајтед од Премиер лигата не е невозможно сценарио, смета поранешниот тренер на англискиот гигант, Ерик тен Хаг, кој предупредува дека кризата на „Олд Трафорд“ би можела да добие сериозни размери доколку тимот продолжи да бележи лоши резултати. Холандскиот стручњак, кој помина две и пол години на клупата на Јунајтед, истакна дека квалитетот на клубовите во англиското првенство е толку изедначен, што ниту еден тим не е безбеден од борбата за опстанок. – Во Премиер лигата тоа е секако можно, бидејќи сите тимови се едноставно многу силни. Имаат квалитетни состави и добри тренери. Ако еднаш завршите на погрешната страна и западнете во маѓепсан круг, ситуацијата може да стане навистина многу тешка – изјави Тен Хаг во интервју за „ESPN“. Манчестер Јунајтед се наоѓа во сериозна резултатска криза и моментално е веднаш над зоната за испаѓање. Иако до крајот на сезоната има уште многу натпревари, позицијата на еден од најтрофејните англиски клубови предизвикува сè поголема загриженост. „Црвените ѓаволи“ не испаднале од највисокото ниво на англискиот фудбал уште од 1974 година, но продолжувањето на слабите резултати би можело да ја загрози и таа традиција. Сепак, Тен Хаг ја искористи можноста да се осврне на својот престој на „Олд Трафорд“, истакнувајќи дека неговиот тим постигнал многу добри резултати и покрај бројните проблеми. – Сметам дека завршивме повеќе од добра работа со Јунајтед. Тешко дека можевме да направиме многу подобро. Пред нашето доаѓање, клубот немаше освоено трофеј шест години, а ние игравме на „Вембли“ шест пати, стигнавме до две финалиња во ФА Купот, освоивме два трофеја и завршивме на третото место. Тој призна дека за време на неговиот мандат имало и тешки периоди, но потсети на високите барања во Премиер лигата и конкуренцијата со која се соочува секој клуб. Тен Хаг доби отказ во октомври 2024 година, по што Манчестер Јунајтед продолжи со потрагата по стабилност.Тагови: Манчестер Јунајтед Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканХоландската полиција и Европол издадоа потерница по атрактивна Србинка поради учество во грабеж од 40 милиони евра Холандската полиција распиша меѓународна потрага по Нинослава Јовиќ (41) од Ниш, која се сомничи дека учествувала во еден од најголемите грабежи на накит во Европа. Станува збор за спектакуларна кражба на престижниот саем за уметност и антиквитети „TEFAF“ во холандскиот град Мастрихт, што се случила на 28 јуни 2022 година, при што бил украден накит во вредност од околу 40 милиони евра. Нинослава Јовиќ се наоѓа на листата на најбарани бегалци во Европа, а нејзината фотографија и опис се објавени на веб-страниците на холандската полиција и на Европол. Според истражителите, таа моментално живее во Србија, а последен пат е видена во Ниш. Сепак, полицијата не ја исклучува можноста таа да патува и во други земји. За информации што би довеле до апсење на осомничените, обвинителството во холандската провинција Лимбург понуди награда од 20.000 евра. Според холандската полиција, Јовиќ не е обвинет за директно учество во кршењето на излозите и одземањето на накитот, туку е осомничен дека имал помошна улога во грабежот. Таа е еден од петмината државјани на Србија кои холандските власти ги бараат поради оваа кражба. Покрај неа, на потерниците се наоѓаат и Александар Цениќ (50), Александар Стојиљковиќ (50), Душко Димитријевиќ (50) и Братислав Стојановиќ (41). Истражителите се сомневаат дека четворицата мажи се членови на криминалната група „Пинк Пантер“, позната по грабежи на луксузни продавници и вредни предмети ширум светот. Холандската полиција исто така објави детален опис на Нинослава Јовиќ, со цел да се олесни нејзиното идентификување. Според достапните податоци, станува збор за 41-годишна жена, со српска националност, која има кафеави очи и коса што може да биде природно кафеава или обоена во руса боја.Тагови: Европол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ: Одговорност на извршителот на Вучиќ и неговите агенди во Владата на МицкоскиКако што најавивме СДСМ поднесе интерпелација за поранешниот вицепремиер, сега министер за локална самоуправа во владата на Мицкоски - Иван Стоилковиќ.Време е за политичка одговорност на еден од извршителите на Вучиќ, на кинеските и руски агенди, за ширењето омраза и величењето воени злосторници. Основите на интерпелацијата се јасни: недозволиво и недолично однесување кон пратениците со што се руши достоинството на Собранието и политичко дејствување кое е спротивно на националните и стратешки интереси на Македонија. Стоилковиќ не им служи на граѓаните на Македонија а за неговото останување во Владата директно е одговорен Христијан Мицкоски. Неговата поврзаност со српски разузнавачки структури и неговите јавни настапи и активности поврзани со Русија отвораат сериозно прашање: чии интереси застапува како член на македонската Влада? Македонија е членка на НАТО и земја со надворешна политика усогласена со надворешната политика на Европската Унија. Промовирањето спротивни геополитички агенди ја поткопува довербата кај сојузниците и им нанесува штета на нашите национални интереси. Го отвораме и прашањето за неговото патување во Кина и настапувањето со делегацијата на СНС и Вучиќ. Интерпелацијата ги опфаќа и содржините со кои се велича Ратко Младиќ, осуден за геноцид. Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции. Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства. Министер во земја членка на НАТО мора да ги почитува државните стратешки определби. Не може функцијата да ја користи за промоција на политики што ги поткопуваат. На ова се надоврзуваат пцуењето, навредите и заканите во Собранието кон пратениците од СДСМ, до Фатмир Битиќи и до мене лично, како и до пратеничката Арбана Пашоли. Министер има обврска да одговара пред Собранието и да ја прифаќа парламентарната критика. Кога на поставени прашања и критики возвраќа со закани, тој го погазува достоинството на институцијата и покажува дека не е достоен за функцијата. Стоилковиќ не беше повикан на одговорност ниту некогаш лично се извини. Затоа политичката одговорност треба да се утврди пред Собранието. Државната функција не е партиска пропусница. Македонија има свои институции, свои интереси и своја надворешна политика. Стоилковиќ е дел од тој систем. Мицкоски го постави, го задржа и политички го штити. Затоа оваа интерпелација е прашање на државно достоинство, суверенитет и политичка одговорност. Со оваа интерпелација бараме политичка одговорност и јасен одговор од парламентарното мнозинство: дали ќе го заштитат достоинството на Собранието и државните интереси или ќе го заштитат Стоилковиќ? Прес конференција на СДСМ - Митко Трајчулески, пратеник СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter