Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
2Целосен прекин на авионскиот сообраќајот во Брисел - откажани сите летови поради националниот протест
ХороскопДневен хороскоп за 17. март 2023 година Дневен хороскоп за петок, 17. март 2023 година. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Ако не сте задоволни од ссотојбата , денешниот ден е добар за привремено повлекување во осаменост. Кариера Ќе ве збунива лицемерноста на надредените , зашто едно ќе зборуваат а друго ќе прават. Не дигајте тензија , туку набљудувајте. Здравје и совет Ќе дојдат вашите пет минути. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе дојдат до израз разликите во љубовните желби меѓу вас и саканата личност. Ќе мора да се согласите на компромис. Кариера Можни се помали проблеми со постарите колеги на работа. Тие ќе очекуваат нешто друго од реалноста , а некои ќе покажат одбивност. Здравје и совет Штедете си ја силата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ви претстои играње игри во кои вие глумите. Пресечете го тоа со мудро молчење и издржете со исправен став. Кариера Ќе ви се чини дека вашите деловни обврски се тешки и заплеткани. Ќе ви недостига енергија и концентрација. Здравје и совет Добро би ви дошло малку повеќе да спиете. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Со рационален став ќе ги надминете разликите во љубовните желби. Така повторно ќе се приближите еден кон друг. Кариера Со силата на вашата упорност ќе ги смирувате двете страни , кои имаат различен пристап за иста идеја. Вие ќе ги уверувате дека е важно тоа да се направи. Здравје и совет Никој не сака да слуша поплаки. Рак 22.6-22.7. Љубов Пред вас е уште еден малку нервозен љубовен ден. Помирете се дека тоа сега е така , но бидете сигурни дека ќе помине наскоро. Кариера Подобро ќе биде денеска да не влегувате во расправии. Работете го она што го знаете и делувајте во подрачјето на својата професија. Здравје и совет Попладнево опуштете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Многумина денеска ќе упаднат во стапица на ранливоста , од каде тешко ќе се извлекуваат. Чувството на осаменост ќе биде силно , како и копнежот. Кариера Иако другите ве сакаат и поддржуваат , денеска ќе имате чувство дека ништо не ви оди од рака и дека нема врз кого да се потпрете.Не е така. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата потреба за нежност ќе биде голема , а надворешната состојба ќе биде скромна.Затоа може да сонувате со отворени очи , да чекате подобри денови или да копнеете. Кариера Доколку се отворите кон своите соработници, ќе ви биде полесно да работите. Обидете се своите грижи да ги свртите на шега. Здравје и совет Погледнете добар филм. Вага 24.9.-23.10 Љубов Оние кои се на прагот на тајна врска , денеска ќе се двоумат за своите чувства. Ќе се прашуваат дали тоа има смисол. Кариера Можно е изостанување на некој колега од работа поради што неговите задачи ќе паднат врз ваш грб. Подгответе се за таква можност. Здравје и совет Бидете смирени. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Некои и натаму ќе се движат низ лавиринтот ,,фати-пушти” . Други ќе почнат врска , но без сигурност. Третите ќе мислат дека не треба ништо да преземаат. Кариера Можеби ќе почуствувате желба да избегате од работното место , зашто денеска ништо таму нема да ви изгледа сигурно. Здравје и совет Чувствителност на желудникот. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Иако изгледа како добро да ви е во љубовта , од внатре ќе ве измачуваат настани од минатото. Ќе ви го расипат уживањето. Кариера Вашите соработници денеска ќе ја покажат својата чувствителност , па на вас останува да се обидете подобро да ги разберете и сослушате. Здравје и совет Ќе ги почувствувате последиците од хедонизмот. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Вашите додворувања денеска ќе бидат речиси извештачени. Потрудете се да бидете поедноставни и поискрени. Кариера Што повеќе се залагате, работите ви одат полесно и побргу. Затоа не правете паузи , доколку не се неопходни. Здравје и совет Бидете горди на своите дела. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Веројатно ќе мора да го поделите работното време.Еден дел ќе одвоите за својот партнер , а другиот за пријателите. Кариера Младата личност со која соработувате , денеска ќе ја покаже својата мрзеливост и неспособност. Ќе морате подобро да ги тренирате младите. Здравје и совет Ќе издржите сѐ што ви претстои.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ФудбалНов проблем за европскиот шампион ПСЖ, поради тешка повреда заврши сезоната Дезире Дуе Еден од најталентираните фудбалери на денешницата ја заврши сезоната! Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, 21 годишниот Дезире Дуе во саботата навечер трпеше страшн болка откако се повреди на првенствениот натпревар на францускиот гигант против Ница. Крилото на ПСЖ, Дезире Дуе, ја заврши сезоната откако ги скина предните вкрстени лигаменти на натпреварот против Ница, исто како и Квича Кварацхели еден месец претходно. Само еден ден подоцна пристигна ужасната вест. Дезире Дуе ги скинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, поради што ќе мора да паузира неколку месеци. Тој ќе биде опериран до крајот на ноември, по што ќе започне периодот на рехабилитација, кој во одредени случаи може да трае и до девет месеци. Секако, Дуе нема да се врати на терените до крајот на оваа сезона. Овој крилен напаѓач на Париз, кој важи за еден од најталентираните фудбалери на планетата, оваа сезона одигра 15 натпревари, при што постигна шест гола и забележа четири асистенции. Се очекуваше тој да биде еден од главните адути на Пари Сен Жермен во продолжението од сезоната, особено со оглед на тоа што Квича Кварацхели е отсутен поради повреда. Пред точно еден месец, Пари Сен Жермен објави дека грузискиот фудбалер ќе мора да паузира подолго време поради скинати предни вкрстени лигаменти – истата повреда што сега ја доживеа и Дезире Дуе. Без овие двајца играчи, ПСЖ ќе биде значително ослабен, особено во Лигата на шампионите, каде што имаат амбиција да ја освојат третата титула по ред.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотПрамен коса од Џорџ Вашингтон продаден на аукција за 4.000 долариПрамен коса од првиот американски претседател Џорџ Вашингтон, кој бил врамен, е продаден на аукција за 4.000 долари, објави Би-Би-Си. Праменот бил во сопственост на Џон Гедсби, кај кого Вашингтон престојувал во 1799 година, непосредно пред неговата смрт истата година. Подоцна, според „Ричмонд аукшнс“ (Richmond Auctions) – аукциската куќа што го продала предметот – тој завршил кај колекционерот Џон К. Латимер, кој го набавил од еден од потомците на Гедсби. Името на новиот сопственик не е објавено. Продажбата што се случи вќера не претставува рекорд кога станува збор за аукции на коса од Вашингтон. Три влакна, за кои се верува дека биле земени од него непосредно пред или по неговата смрт и чувани во приврзок, биле продадени во 2021 година за речиси 40.000 долари. Гадсби, жител на тогаш малиот град Александрија, Вирџинија, го угостил Вашингтон на вечера, кратко пред смртта . Ова го потврдува изјавата од 1928 година на внуката на Гадсби, Џулија Тен Ајк Мекблер, која е објавена на веб-страницата на аукциската куќа „Ричмонд Оукшнс“ (Richmond Auctions). Мекблер навела дека нејзиниот дедо дошол до прамен од косата на Вашингтон „преку пријателство и дружење за време на неговите последни денови“. Тој го ставил праменот во рамка и го закачил на ѕид „под портретот на генералот Вашингтон во нашиот дом во градот Вашингтон, каде што го гледав целиот свој живот“. Според „Ричмонд Оукшнс“, Гадсби организирал прослави за роденденот на Вашингтон во 1798 и 1799 година. Политичката кариера на Вашингтон Вашингтон ги предводел американските сили до победа над Британците во Американската војна за независност и учествувал во изготвувањето на Уставот на САД, пред да стане првиот претседател на Соединетите Држави во 1788 година. Тој се повлекол од функцијата во 1797 година, откако отслужил два претседателски мандата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНа пат кон болница починало тригодишно дете од ГевгелијаТригодишно дете од Гевгелија починало на пат кон болница, а случајот бил пријавен во полицијата откако детето било донесено во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 21 ноември околу 13:40 часот во СВР Скопје пристигнала пријава од клиниките дека кај нив било донесено починато дете. Претходно, детето имало здравствени проблеми, но починало за време на транспортот кон болницата. По пријавата, полициски службеници излегле на местото на настанот и презеле соодветни мерки. По насоки на јавен обвинител, телото на починатото тригодишно дете било предадено на семејството. Засега во полициското соопштение не се наведени дополнителни детали за здравствените проблеми со кои се соочувало детето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter