ХороскопДневен хороскоп за 17. јуни 2025 година Дневен хороскоп за вторник , 17. јуни 2025 година. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Денеска секако излезете зашто е можна средба за паметење, а некои би можеле и да се заљубат. Кариера Ќе ве интересира се што е креативно и што во себе вклучува создавање. Другиот дел од работата ќе ја одработите рутински. Здравје и совет Концентрирајте се на позитивните работи. Рак 22.6-22.7. Љубов Денешните љубовни фрустрации ќе ги надминете доколку се посветите на работата или на своите хобија. Некои ќе сакаат да останат осамени. Кариера Од вас многу се очекува и тоа со право. Можете да се впуштите во поголеми планови и проекти без страв дека тоа е ризично. Добро ви оди. Здравје и совет Меланхолија. Лав 23.7-22.8. Љубов Семејството од кое потекнувате веројатно од вас ќе побара дополнителен ангажман , па саканата личниост ќе остане во втор план. Кариера Доколку се прашувате зошто манипулаторите ви работат зад грб, ќе ја потрошите целата вишок енергија. Знаете кои се тие и затоа игнорирајте ги. Здравје и совет Напредувате во секој поглед. Девица 23.8.-23.9. Љубов Сигурноста и убеденоста во своите идеи ќе биде вашата главна идеја што ќе ве води во љубовните освојувања. Кариера Работата денеска ќе ја одрабиотувате со леснотија , а по одреден број часови на работното место , со голема радост ќе побрзате на некоја забава. Здравје и совет Подобрување. Вага 24.9.-23.10 Љубов И денеска е одличен ден за дружење и за зближувања. Одвојте дел од слободното време и излезете меѓу луѓе. Кариера Ништо нема да ви биде тешко кога станува збор за работата. Нема да се двоумите , ако треба да го подметнете грбот. Здравје и совет Посилни сте од ден во ден. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов За оние кои бараат сродна душа, постои голема веројатност овие денови да ја препознаат на работното место. Кариера На работното место ќе ви биде пријатно и ќе работите со уживање. Вашата кариера добро се развива. Здравје и совет Се интересирате за козметика. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе изгледа како една личност да консумирате за доручек , а друга за вечера. Решете се веќе еднаш. Кариера Луѓето не се кукли за ваше поигрување. Колегите би можеле да ви замерат дека кон нив се однесувате како со кукли. Здравје и совет Не манипулирајте со другите. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Повеќето ќе имаат потреба да влезат во домот и таму цалосно да се опуштат. Ако сте во врска, добро е , а доколку не сте , повикајте некого. Кариера Веројатно е дека ќе преуредувате дома , а ќе се прозевате додека сте на работното место. Здравје и совет Проанализирајте се себеси. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Многуте средби ќе изнудат насмевка на вашето лице. Луѓето ве сакаат , а вие самите со задоволство ќе излезете. Кариера Во фаза сте кога ви е најдобро ништо да не работите . Сепак , што се мора ,с е мора, па така постапете. Здравје и совет Бидете зрели и воздржани. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Љубовните незадоволства денеска успешно ќе ги компензирате преку други подрачја во животот. Кариера Пред вас е еден стимулативен ден за секаква работа. Што и да направите , ќе се развива над вашите очекувања. Здравје и совет Телесно сте одлично , емотивно сте празни. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе се обидете да внесете повеќе работи во вашата врска. Тоа делумно ќе го подобри вашиот однос , но треба уште да поработите на него. Кариера Ќе ги разгледате новите финансиски опции за вложувања. Одлуката за тоа сеуште нема да биде кристално јасна. Здравје и совет Внимавајте на главата. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе успеете да се договорите за повеќето работи , благодарејќи на разбраниот пристап од двете страни. Кариера Ви се отвораат нови патишта и можности за соработка со деловни партнери од странство. Анализирајте ги можностите. Здравје и совет Поместете ги своите граници.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканШестмина уапсени во Србија за изборни малверзации- на луѓе од БиХ им наоѓале лажни живеалишта Во Мали Зворник, мала општина долж границата со Босна и Херцеговина, уапсени се шест лица, за кои обвинителството се сомнева дека им дале адреси на граѓаните на Босна и Херцеговина во Србија за пари за да можат да гласаат на изборите.Меѓу уапсените има вработени во општинската администрација и полициската станица, објави Вишото јавно обвинителство во Нови Сад, пренесе Индекс. Обвинителството се сомнева дека од април до јули 2025 година, граѓани од Босна и Херцеговина поднеле барања за престој во Србија за да можат да гласаат на изборите. Во официјалните записи од терен, наводно, напишале дека овие граѓани живеат на регистрираните адреси, иако тоа не било вистина. Службени автомобили до Чациленд Еден од осомничените е обвинет и дека патувал од Мали Зворник до Белград со службени општински возила за да престојува во Пионирскиот парк, познат како Чациленд. Обвинителството наведува дека овие патувања не биле поврзани со работа. Друг осомничен е осомничен дека одобрил користење на службени возила без информации каде и кога оделе. На осомничените им е одреден притвор до 48 часа. Потоа се очекува да бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад.Тагови: србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФудбалФИФА ќе плати четири милиони долари данок за Џани ИнфантиноПретседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари.Претседателот на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино, доби привилегија според која организацијата целосно ќе ги подмири своите даночни обврски кон американската држава, кои треба да изнесуваат околу четири милиони долари (3,5 милиони евра) до крајот на неговиот ангажман во САД, објави „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на интерни документи и извори запознаени со случајот. Инфантино заработува над пет милиони евра годишно Инфантино, чија годишна плата е околу шест милиони долари (5,3 милиони евра), се пресели од Швајцарија во Мајами во 2023 година, а во мај 2024 година тричлениот комитет на ФИФА, одговорен за одредување на надоместоците на високите функционери, одобри предлог за надоместување на сите дополнителни даночни трошоци настанати со преселбата во САД. Одлуката беше донесена на состанок во Бангкок по иницијатива на швајцарскиот сметководител Бруно Чиомент, кој е и претседател на тој комитет и раководител на одделот за управување, усогласеност и ревизија на ФИФА. Но, според документите до кои дојде американскиот дневен весник, таа одлука за даночни олеснувања не била објавена во официјални извештаи, и покрај реформите за транспарентност воведени по големиот корупциски скандал што ја потресе ФИФА во 2015 година. Организацијата негираше какви било неправилности, тврдејќи дека биле почитувани сите внатрешни прописи и законски обврски и дека исплатите на високите функционери биле предмет на независна ревизија. Поширок модел на бенефиции Истрагата на „Њујорк тајмс“ укажува на поширок модел на бенефиции што ги уживале Инфантино и оние во неговиот најблизок круг. Меѓу нив е ангажирањето на приватната компанија за обезбедување GRIZ Global Solutions за заштита на претседателот на ФИФА и неговата сопруга за време на Светското првенство во 2026 година, со дневна такса од 1.300 долари по обезбедувач, што не ги вклучува трошоците за изнајмување возило и возач, и привилегиран пристап до натпревари и специјални чартер летови на ФИФА за индивидуални соработници и членови на семејството. Весникот, исто така, наведува дека промените во статутите и прописите на ФИФА за надоместоците на високите функционери, усвоени пред Светското првенство, ги прошириле овластувањата на претседателот и му донеле дополнителни бенефиции. Новиот правилник ги ублажи ограничувањата за подароци, ВИП покани и користење на приватни авиони, и ги прошири можностите за финансирање на сместувањето на претседателот. ФИФА, која веќе плаќа околу 600.000 долари годишно за изнајмување куќа во Мајами, претходно му обезбеди стан во Швајцарија и сместување во Париз. А Киоменто има посебни привилегии Киоменто, кој беше вклучен во одлучувањето за тие бенефиции, исто така имаше посебни привилегии за време на Светското првенство, вклучувајќи ВИП пристап до натпревари и патување со чартер летови на ФИФА. Неговиот годишен надомест, според весникот, е променет од 250.000 американски долари на 250.000 швајцарски франци, што е дополнително зголемување од околу 50.000 американски долари поради разликата во девизниот курс. Инфантино се соочи со критики во последните години поради неговиот близок однос со американскиот претседател Доналд Трамп, деловните зделки на ФИФА и напорите за доделување на Светското првенство на Саудиска Арабија. Неговата позиција беше дополнително потресена по откритијата дека водел тајни разговори за продажба на дел од правата за Светското првенство на компанија поврзана со братот на зетот на Трамп, Џаред Кушнер. Според „Њујорк тајмс“, откритијата предизвикаа меѓународни критики и ја доведоа во прашање соодветноста на Инфантино да продолжи да го води управното тело на фудбалот, кое ќе избере нов претседател во март. Тагови: ФИФА Џани Инфантино Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет„Репортери без граници“ го додаде Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа.„Репортери без граници“ го додаде американскиот претседател Доналд Трамп на листата „предатори на слободата на медиумите“ за 2026 година, обвинувајќи го за засилување на кампањата против медиумите откако се врати во Белата куќа за втор мандат. Според органзиацијата, тој намерно ја користи моќта на својата функција против медиумските организации чие известување не му се допаѓа. САД сега се рангирани на 64. место од вкупно 180 земји на светскиот индекс на слободата на медиумите на оваа организација. Трамп им се придружи на рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг на листата, објавена по повод меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторствата против новинарите, признат од обединетите нации.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook