Дневен хороскоп за 17. јули 2026 година - Канал 5

Дневен хороскоп за 17. јули 2026 година

Дневен хороскоп за петок, 17. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 17. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите.

Кариера

Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност.

Здравје и совет

Некои ќе запливаат.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас.

Кариера

Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение.

Кариера

Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик.

Здравје и совет

Издржете.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво.

Кариера

Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат.

Здравје и совет

Сакајте ги луѓето.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман.

Кариера

Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право.

Здравје и совет

Наспијте се .

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата.

Кариера

Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори.

Здравје и совет

Не морате постојано да војувате.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба.

Кариера

Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата.

Здравје и совет

Ќе уживате во убавниот ден.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат.

Кариера

Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат.

Здравје и совет

Одете таму каде што ви е убаво.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања.

Кариера

Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно.

Здравје и совет

Одете во природа.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат.

Кариера

Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба.

Здравје и совет

Засадете некое растение.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност.

Кариера

Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските.

Здравје и совет

Подобро оптимист , отколку песимист.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци.

Кариера

Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред.

Здравје и совет

Бидете поконкретни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Српската старлета Станија Добројевиќ повторно предизвика хаос на социјалните мрежи откако се јави од сончевото Мајами и сподели серија крајно провокативни фотографии кои целосно го вжештија „Инстаграм“. 

Фото: Српска старлета провоцира во ултра минијатурно бикини

Таа покажа како го поминува времето на луксузна дестинација и уште еднаш докажа дека знае како да го привлече вниманието на јавноста.

Станија Добројевиќ сподели жешки кадри пред огледало во модерна бања, каде што позира во проѕирно тантелено боди што ја истакна нејзината витка фигура.

Провокативната старлета исто така покажа како го започнува денот – позирајќи покрај голем панорамски прозорец со поглед на градот, завиткана само во крпа на главата и во минијатурна долна облека, додека ужива во утринското кафе.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сидни Свини и Мерилин Монро се роднини

Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“.

Сидни Свини и Мерилин Монро се роднини

Провокативната американска актерка Сидни Свини и секс симболот на Холивуд, легендарната Мерилин Монро всушност се далечни роднини, според новото генеалошко истражување на „MyHeritage“, кое утврдило дека двете холивудски ѕвезди се братучетки во деветто колено . Што ги поврзува двете холивудски ѕвезди?

Нивните семејни стебла се поврзани преку заеднички предок, Езра Пери, кој живеел во Сендвич, Масачусетс, во текот на 17-тиот век; врската оди преку таткото на Сидни Свини, Стивен Свини, и биолошкиот татко на Мерилин Монро, Чарлс Стенли Гифорд.

Откритието е особено интересно бидејќи Свини и Монро честопати биле споредувани поради нивниот изглед и холивудскиот гламур; ѕвездата на серијата „Еуфорија“ исто така постојано ѝ оддава почит на славната актерка преку своите модни избори, вклучително и појавувањето во фустан што наликува на оној што Монро го носела на насловната страница на списанието „LIFE“ во 1952 година.

Директорот за истражување во „MyHeritage“, Рои Мандел, изјави дека ваквите откритија ја покажуваат поврзаноста на човечките семејни стебла, истакнувајќи дека генеалошките истражувања претходно откриле изненадувачки семејни врски меѓу други славни личности, вклучително и Ана Винтур и Мерил Стрип.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски во Софија: Коридорот VIII е многу повеќе од линија на карта

Интегрално обраќање на министерскиот панел на Министерот Тимчо Муцунски во Софија. 

Муцунски во Софија: Коридорот VIII е многу повеќе од линија на карта

Интегрално обраќање на министерскиот панел:

Ваши екселенции,

Почитувани министри,

Драги колеги,

Ми претставува чест да учествувам во денешната дискусија за геополитичкиот контекст и стратешкото значење на Коридорот VIII, проект што одамна ги надмина рамките на традиционалната транспортна инфраструктура и денес има суштинско европско, економско и безбедносно значење.

Би сакал да им се заблагодарам на нашите бугарски домаќини што повторно нè собраа, само неколку месеци по нашата средба во Тирана, за да продолжиме со разговорот што станува сè поважен за стратешката отпорност на Европа.

Дозволете ми да повторам една порака што ја истакнав во Албанија: Коридорот VIII е многу повеќе од линија на карта. Тој е стратешка визија што ги поврзува Јадранското со Црното Море, Европската Унија со Западен Балкан, како и нашите економии, општества и безбедносни интереси.

Во време на геополитичка фрагментација, нарушени синџири на снабдување и обновена конкуренција за критичната инфраструктура, ваквите коридори претставуваат инструменти за отпорност, стабилност и заеднички просперитет.

За нашата држава, Коридорот VIII е национален стратешки приоритет. Тој ја одразува нашата решеност географската положба да ја претвориме од ограничување во предност и да ја зајакнеме поврзаноста на регионот во правец исток–запад.

Подеднакво јасно е и неговото значење за евроатлантската интеграција. Коридорот VIII е дел од Трансевропската транспортна мрежа на ЕУ и од пошироките напори за интегрирање на Западен Балкан во европската економска и инфраструктурна архитектура. За нашата држава, како сојузник во НАТО и земја кандидат за членство во ЕУ, тој има и јасна безбедносна димензија, вклучително и во однос на воената мобилност и отпорноста на инфраструктурата.

Во овој контекст, ја поздравувам одлуката на нашите бугарски домаќини да ја поканат Украина на денешниот собир. Нејзиното учество го потврдува поширокото стратешко значење на поврзаноста исток–запад и нè потсетува дека инфраструктурата што ја градиме денес мора да одговори на потребите на утрешна Европа.

Нашата држава покажа јасна и континуирана посветеност на претворањето на Коридорот VIII од стратешка амбиција во изградена инфраструктура.

Напредуваме со реализацијата на клучните патни и железнички делници и тесно соработуваме со нашите соседи за да обезбедиме поврзаност и интероперабилност по целата траса.

По стапувањето во сила во март на Спогодбата меѓу нашата држава и Бугарија за подготовка, изградба и функционирање на прекуграничниот железнички тунел, Заедничката комисија задолжена за нејзино спроведување веќе одржа две средби, првата во Софија, а втората во Скопје, пред само десет дена.

Ова е значаен напредок. Но спогодбите и декларациите ја добиваат својата целосна вредност само кога по нив следува реализација.

Еден коридор, по дефиниција, не може да напредува само на одделни делници. Напредокот на источната страна мора да биде проследен со соодветен напредок и кон Јадранското Море. Доколку реализацијата се одвива со различна динамика долж трасата, се намалува стратешката вредност на целиот коридор.

Затоа, сите земји учеснички, вклучително и Албанија, сега треба сè повеќе да се насочат кон мерлива реализација, конкретни рокови и видлив напредок на терен. Нашите граѓани и нашите европски партнери, на крајот, ќе го оценуваат Коридорот VIII според инфраструктурата што навистина ќе ја изградиме, а не според бројот на средби што ќе ги одржиме.

Нашата држава има намера да го исполни својот дел од обврските.

Прекуграничната соработка е во основата на овој потфат. Коридорот VIII може да стане платформа не само за транспорт, туку и за енергетика, дигитално поврзување, трговија, инвестиции, логистика и безбедност.

Сепак, ниту еден коридор не може да биде успешен изолирано. Потребни се координација, доверба и заедничка одговорност.

Затоа, остануваме активно ангажирани со Бугарија, Албанија и нашите европски партнери во надминувањето на тесните грла, обезбедувањето финансиски средства и забрзувањето на реализацијата. Добрососедските односи не се алтернатива на европската интеграција. Тие се еден од нејзините суштински темели, а Коридорот VIII ни дава можност тој принцип да го преточиме во конкретни резултати.

Нашата држава е подготвена тесно да соработува со сите партнери за Коридорот VIII да стане водечки пример за тоа како поврзаноста може да ги зајакне безбедноста, просперитетот и европската интеграција.

Во тој дух, би сакал да ја потврдам и подготвеноста на нашата држава да биде домаќин на следната министерска средба за Коридорот VIII.

Коридорот VIII не се однесува само на побрз или поефикасен превоз на стоки.

Станува збор за обликување на стратешката иднина на нашиот регион, поврзување на Јадранското и Црното Море, зајакнување на нашата европска и трансатлантска отпорност и обезбедување конкретни придобивки за нашите граѓани.

Нашата амбиција е јасна. Сега е клучно реализацијата по целата траса да ја достигне таа амбиција.

Ви благодарам., изјави во своето обраќање на панелот во Софија, министерот Тимчо Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер