ХороскопДневен хороскоп за 17. јануари 2024 година Дневен хороскоп за среда, 17. јануари 2024 година. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Освен опуштениот изглед со кој зрачите, денеска ќе покажете и малку поголема страст. Другата страна тоа добро ќе го прифати. Кариера Извесен е мал трошок поврзан со луксуз или подобрување на работните услови. Можете тоа да сиго дозволите. Здравје и совет Некои имаат духовни искуства. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе бегате во својот свет на сништата пред незадоволителната љубовна реалност. Тоа ќе биде вашиот вентил. Кариера Можеби некои ваши идеи нема веднаш да бидат прифатени , едноставно зашто се неспроведливи во реалните услови. Здравје и совет Помирете се со реалноста. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Во комуникацијата со саканата личност , се поголема улога ќе игра фантазијата и интересните идеи кои како да не се од овој свет. Кариера Тешко дека некој ќе ве стави денеска во некаков калап. Ќе бидете навистина посебни во секој поглед. Здравје и совет Имате право кога ја негувате натуралноста. Овен 21.3-20.4. Љубов Љубовта од работното место ќе ве збунува. Нема лесно да се поставите во таквата ситуација. Не ви е лесно зашто немате јасно поставен став. Кариера Креативните работи ќе се одвиваат без проблем. Промените што се случуваат на работното место ќе ги прифатите без двоумење. Здравје и совет Издржете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас е ден полн со емотивни фрустрации. Што и да правите, ќе излезе задоволително.Имајте трпение. Кариера Незадоволните од работата , ќе се засилат за да ги менуваат работите. Задоволните ќе мечтаат за да биде уште подобро. Здравје и совет Работете го она што го сакате. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Веројатно денеска ќе бидете малку почувствителни од вообичаено, а поради слабите љубовни шанси , ќе се појават и фрустрации. Кариера Ќе бидете сигурни во сопствените резултати и ќе настојувате планот да го изведете до крај. Сепак , тоа ќе биде доста напорно. Здравје и совет Ви треба кус одмор. Рак 22.6-22.7. Љубов Може да очекувате уште еден ден со побогат друштвен живот , што ќе го помнинете со кого вие сакате. Кариера Лесно ќе излегувате на крај со луѓето . Многумина во вас ќе препознаваат пример , а вие ќе бидете поотворени од вообичаено. Здравје и совет Уривате рекорди. Лав 23.7-22.8. Љубов Денеска ќе се занимавате со мисла дали да се впуштите во нешто позначајно со личноста што ја среќавате низ работната средина. Кариера Работите за кои се бара емоционален ангажман добро се поставени. Некои ќе се преоптеретени со работи. Здравје и совет Не мора да се брзате. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе играте на карта на заведување и на глумење еротика. Вистина е дека во тоа ќе имате стил , па и успехот е веројатен. Кариера Можните преговори околу едно спонзорство се приведуваат до крајот. Нема да го имате главниот збор , но ќе се договорите. Здравје и совет Ќе имате пријатни сништа. Вага 24.9.-23.10. Љубов Продолжувате со својата сензуална фаза на заведување , кога многу личности од спротивниот пол ви паѓаат под нозе. Кариера Ќе влијаете на настани , луѓе и работа повеќе отколку што мислите. Не сте свесни колку ве имитираат. Здравје и совет Немојте да си го расипете карактерот. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Веројатно ќе потрошите повеќе пари од планираното , а сето тоа со цел некого да импресионирате. Љубовта нема цена. Кариера Вашите сојузници се засилуваат , а и вие со нив. Денеска станувате се посвесни за тоа , а вашата самодоверба расте. Здравје и совет Не знаете до каде може да стигнете. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се согласите на сите барања од саканата личност , зашто и вие исто ќе мислите. Ќе бидат тоа мали , слатки грижи. Кариера Ќе покажете доза на попустливост во деловните договори. Би можеле да бидете малку построги за да постигнете поголема контрола. Здравје и совет Ќе бидете фокусирани на други.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваДуа Липа се пофали како ужива на медениот месец низ Медитеранот (ФОТО)Пејачката Дуа Липа сподели серија фотографии од нејзиниот меден месец со сопругот, актерот Калум Тарнер. Само неколку дена по свадбата, двојката отпатува на брегот Амалфи во Салерно. Омилена дестинација е Италија Извор близок до двојката откри за списанието People дека Липа и Тарнер сакале да посетат некои од најубавите места во Италија, бидејќи Италија е една од нивните омилени дестинации. Фотографиите објавени од Дуа на Инстаграм ги прикажуваат опуштените, забавни и романтични моменти на двајцата вљубени. Истиот извор истакнува дека Италија има посебно место во нивните срца и токму затоа ја избрале оваа земја за нивното прво свадбено патување. „Враќањето на Сицилија, каде што неодамна ја прославија својата свадба и создадоа нови спомени, беше нешто посебно. Затоа Италија беше природен избор за нивниот меден месец“, рече изворот. Романтични и опуштени денови Исто така, изворот забележа дека двојката ужива во секој момент од патувањето. „Тие ги поминуваат деновите на плажа, разговарајќи, смеејќи се и уживајќи во сонцето. Изгледаат толку среќни и навистина слатки заедно“, додаде изворот. View this post on Instagram A post shared by DUA LIPA (@dualipa) Како започна нивната љубов Дуа Липа и Калум Тарнер ја започнаа својата романса на почетокот на 2024 година, откако се гледаа некое време јавно и на разни настани. Двојката официјално почна да се забавува откако беа видени заедно на филмска премиера во Лондон и на други излегувања, а нивната врска брзо прерасна во нешто повеќе. Во јуни 2025 година, Тарнер првпат јавно проговори за нивната врска, а во исто време Липа потврди дека се свршени и планираат заедничка иднина. Во текот на 2025 година, нивната врска прерасна во солидна врска полна со патувања, заеднички моменти и јавни појавувања, а на крајот на мај 2026 година, ја крунисаа својата љубов со интимна венчавка во Лондон, опкружени со нивните најблиски пријатели и семејство.Тагови: Дуа Липа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЖена загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско 09:36Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07Алиу: Европски средства за подобро здравство11:07Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
Владина реконструкција „на маса“: Мицкоски викендов на клучни средби за распределба на ресорите 15:07
Утре и задутре ќе изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје09:22
Мицкоски: Граѓаните се иселуваат кога ве гледаат во Дубаи како уживате на Харис Џиновиќ и на јахти, а не сте во затвор15:11
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ и од опозиција се обидуваат да го закочат реформскиот процесСДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда.На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а граѓаните тоа добро го препознаваат. СДС и ДУИ 7 години беа на власт и не испорачаа никакви реформи, а денес од опозиција повторно одбиваат да ги поддржат и на тој начин се обидуваат да ги закочат процесите. Наместо да придонесат кон побрза реализација на реформите и исполнување на обврските што државата ги има преземено, СДС и ДУИ здружени пак во опозиција избираат политички блокади. ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи таквите обиди да го забават реформскиот процес. Сите законски решенија предвидени со Реформската агенда ќе бидат донесени во утврдениот рок, затоа што интересот на Македонија и исполнувањето на реформските обврски се над партиските калкулации и нема да дозволиме обидите за собирање на политички поени на СДС и ДУИ да го спречат напредокот на државата, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЖена загина во тешка сообраќајка на патот Прилеп- Градско Тешка сообраќајна несреќа со смртни последици се случи доцна синоќа на превојот Плетвар, каде едно лице го загуби животот по превртување на камион со битолски регистарски таблички.Според првичните информации, несреќата се случила на патниот правец Прилеп–Градско, во близина на селото Ореовец. На местото веднаш интервенирале итните служби, а од Итната медицинска помош од Битола било потврдено дека едно лице починало како последица на несреќата. Поради сериозноста на инцидентот, сообраќајот на оваа делница бил целосно во прекин неколку часа, додека надлежните служби вршеле увид и го расчистувале теренот. Причините за несреќата засега не се официјално соопштени, а истрагата треба да утврди како дошло до превртувањето на камионот и околностите што довеле до трагичниот исход.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter